Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека идентитетските прашања не треба да бидат пречка за европската иднина на регионот и оцени дека силните национални идентитети не се градат преку негирање или напади врз идентитетот на другите народи. Говорејќи денеска во Софија, каде учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Муцунски нагласи ...

За 5.559 ученици од денеска започна летниот распуст во Штип. Со завршувањето на учебната 2025/2026 година, учениците ги затвораат учебниците и се подготвуваат за речиси тримесечен одмор. Според податоците на Општината, учебната година ја завршуваат 1.995 средношколци и 3.604 основци. Дел од учениците кои не постигнале задоволителен успех ќе имаат можност да полагаат поправни испити во наредниот период. За деветтоодделенците, пак, по ...

Мобилните телефони, тишината помеѓу партнерите и парите се најчестите причини што, според граѓаните, доведуваат до развод кај младите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу разводи има кај лицата од 35 до 39 години, а најризичен период за бракот е меѓу петтата и деветтата година од заедничкиот живот. Граѓаните велат дека денес на младите сe им е овозможено, од одмори и автомобили, до платени сметки и апарати во ...

Револт и незадоволство кај возачи во Радовиш поради поскапување од над 1.800 денари на административните услуги во станица за технички преглед при регистрација на товарни возилата во споредба со минатата година. Револтирани, неколкумина испратија платени фактури до нашата редакција, на кои јасно се гледа, дека во 2025 година за регистрација платиле 6.357 денари, а оваа година 8.181 денар, што значи дека административните услуги на станицата ...

Маж од карбинско три месеци вршел полови дејствија врз 15 годишно девојче во светиниколско. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест Кривична пријава против лице од село во општина Карбинци за „силување на дете кое не наполнило 15 ...

Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска говорница. „Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во ...

Институтот за судска медицина утврдил присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате, во парчиња салама пронајдени во населбата Расадник во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на детско игралиште. Информацијата денеска ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредуваат дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето. Според претпријатието, сомнителната храна била ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. Намалување ...

По исцрпните дискусии изнесени на Јавната расправа одржана на 1.12.2025 година на тема: „Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“, на продолжението на 9-та седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите беа донесени следниве заклучоци: 1. Заострување на казнената политика Фемицидот да се третира како најтешко кривично ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е најдобро рангираната високообразовна институција во Македонија според новопромовираната платформа АРБУ (Академско рангирање на балканските универзитети), додека проф. д-р Сашко Кедев е највисоко рангираниот македонски научник. АРБУ денеска беше промовиран во Скопје како прво регионално рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. Анализата опфаќа 324 ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...

Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, откако тој на 1 јуни ја достави својата оставка до премиерот Христијан Мицкоски. Фетаи тогаш преку социјалните мрежи соопшти дека одлуката ја донел внимателно и поради убедувањето дека во актуелните околности тоа е „најправедниот и најдостоинствениот чекор“. „Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на ...

Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата На свеченоста присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ќе мора да направи трансформација од здружение на граѓани во акционерско друштво со цел да може да се натпреварува во Прва лига следната сезона, бидејќи во спротивно нема да може да добие лиценца од УЕФА за натпреварување во Првата македонска фудбалска лига. „Што се однесува до Шкендија Арачиново ние уште минатата недела испративме мејлови до нив и до ФК Скопје дека ФФМ ги информира дека во најбрз можен рок ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со тренерот Берат Имери и за следната сезона во која тимот од Арачиново ќе биде дебитат на Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Берат Имери успеа да ја внесе Шкендија Арачиново во Прва лига преку бараж, откако во Втората лига тимот заврши на третото место, а во бараж мечот се соочи со Пелистер, по регуларните 1:1 во пенал рулетот голманот Антонио Столевски го ...

Македонската атлетика доби нов национален рекорд во скок во далечина во младинска конкуренција, откако на Националното првенство за младинци до 20 години, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Брајан Авиа од атлеткиот клуб 7ми Мај постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7.11 метри. Овој резултат го сруши рекордот по 16 години, бидејќи досегашниот младински национален рекорд беше 7.05 ...

Министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) денеска во Софија го одобрија Годишниот извештај на Советот за регионална соработка (RCC), поздравувајќи ја работата на RCC во унапредувањето на регионалната соработка и поддршката што ја дава на регионот во постигнувањето практични резултати за граѓаните, бизнисите и институциите низ Југоисточна Европа. Состанокот на министрите за надворешни работи, одржан ...

Првата македонска фудбалска лига по сезона 2019/2020 од десет екипи беше проширена на 12 екипи, се од минатата сезона 2025/2026 кога беше донесена одлука фудбалската елита на Македонија да се скрати на десет екипи. Поради кратењето на лига повеќе екипи испаднаа, а тоа што два прволигаши испаднаа во баражите од второлигаши, минатата година од Прва во Втора лига се преселија дури пет екипи. Последен пат Прва лига со десет екипи беше во сезона ...

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаено кога стартуваше во месец август, така новата сезона 2026/2027 ќе стартува официјално на 25 јули. На денешната прес-конференција претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ истакна дека шампионотот ќе започне порано, а ќе се игра во нов систем односно четирикружен систем и со тоа ќе има повеќе натпревари, односно новата сезона ќе се игра во 36 кола со десет екипи. ...

По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации. Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 со почеток во 18:00 часот. Локација: Улица ...

Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски, прашува Марко Даниловски, советник од редовите на СДСМ. Општина Аеродром, додава тој, продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар ...

Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, Славески истакна дека ...

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Со ова, како што рече, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова, оценува таа, претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри ...

Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според Лефков, програмата на Филипче не ги дава очекуваните резултати кај граѓаните, што, како што рече, може да се забележи и од последните анкети, поради што лидерот на СДСМ се обидува да ја добие поддршката преку приближување кон бугарските позиции.  Тој посочи дека, според него, повеќе ...

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики. Токму ова беше централната порака што ја упати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна ...

• MG ја најави својата прва производствена фабрика во Европа • Историски чекор во развојот на брендот, кој дополнително ја забрзува стратегијата „Во Европа, за Европа“ • Лоцирана во Галисија, Шпанија, фабриката ќе отвори 2.000 работни места низ Европа и претставува инвестиција од приближно 200 милиони евра • Производството е планирано да започне во 2028 година, со годишен капацитет до 120.000 возила • MG носи светски водечки технологии во ...

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешната прес-конференција ги претстави мерките од програмата „Твоја држава – твоја шанса“, насочени кон повисок животен стандард, повисоки плати и пензии и поголема заштита на работниците. Тренчевска рече дека граѓаните живеат тешко поради постојаниот раст на цените и посочи дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
33%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.97
50%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.92
42%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.67
42%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.88
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
56%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.51
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.38
33%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
52%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Сребро

1853.71

Злато

129943.67

Паладиум

40381.34

Кобалт

56.29

Бакар

13.08

Калај

54.92