· Извршниот директор на Audi, Gernot Döllner: „Повеќе од 20 години Audi Q7 претставува совршен премиум SUV. Со неговата нова генерација, ја продолжуваме оваа мисија.“ · Варијабилна конфигурација со до седум седишта нуди пространа внатрешност и максимална практичност во секојдневието. · Големиот панорамски покрив со нови функции создава чувство на просторност дење и ноќе. · Моќниот V6 дизел мотор со MHEV plus технологија и EPC обезбедува ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања, истакнуваат од оваа партија. Македонија, како што додаваат, е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема ...

Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување, оценуваат од СДСМ. Од оваа партија посочуваат дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е, како што велат, и поддршката за тутунот, од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на ...

Уште една сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на бензинските станици кај населбата Три Чешми во Штип. Според првичните информации, во несреќата е причинета материјална штета на возилата, а засега нема официјални податоци за евентуално повредени лица. На местото на настанот увид врши екипа на СВР Штип, која ги утврдува околностите и причините за сообраќајката. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот. Уште една ...

Од Советот на амбасадори сопштија дека со особено внимание ги проследија неодамнешните иницијативи поврзани со иднината на политиката на проширување на Европската Унија, вклучително и заедничкиот германско-француски нон-пејпер претставен на Самитот во Тиват минатата недела. Овој документ, како што велат, претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на ЕУ, ...

Времето во текот на денот, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата. На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со цел ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што му е укината мерката притвор што претходно му беше определена, се истакнува во официјалното соопштение. „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со предлог гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по ...

Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ, велат од „Вреди“. „Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив. А кога ќе се отвори нивниот архив, излегуваат работи што ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре, 10.06.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат одредени делови од Скопје. „Во период од 08,30ч до 15,30ч дел од ул Наум Наумовски Борче и дел од ул Ленинова (АминтаIII) општина Центар во кругот на кафич Кала, Ателје, Адмирал и останати објекти; – Во период од 09,00ч до 13,00ч дел од корисниците од с Д. Соње 9 ул 6, ул 8 и ул 12); – Во период од 09,00 до 15,00ч дел од Рибилимус кон Г ...

На вонредна прес-конференција поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави дека изречената пресуда за една година затворска казна ја смета за политички мотивирана. Тој рече дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички не затоа што сум направил криивчно дело или сум ја злоупотребил својата положба и ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до ...

Проф. д-р Веселинка Лаброска е новата претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам. Tаа доаѓа на местото на досегашната претседателка на Советот, Симона Груевска-Маџоска. Од Министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот за именување на Лаброска, која е дописен член на МАНУ и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје. ...

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на ...

Во рамките на 69. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска се одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка. Покрај членовите на Комисијата, на јавната расправа присуствуваа претставници на институции, организации, здруженија и асоцијации, како и правници, судии, адвокати, универзитетски професори и други експерти од областа. Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, истакна дека ...

Со отворена уста и без коментар, остануваат граѓаните по новите поскапувања во маркетите и продавниците. Велат дека секое одење во продавница е нов шок за нив. Само во мај храната поскапела за 1 процент, а трошоците на живот се зголемиле за 0,6 проценти. Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголем раст на цените во текот на минатиот месец е регистриран кај транспортот, каде поскапувањето достигнало 1,6 проценти. Зголемување е ...

Без да си подадат рака, производителите, откупувачите и преработувачите го завршија состанокот за откупната цена на пченицата. Преговорите продолжуваат наредната недела, откако ќе се направат анализите колкави ќе бидат приносите на пченицата во регионите и во најголемите житници Пелагонија и Овче Поле. Гоце Серафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци не е оптимист за откупната цена на пченицата што треба да се договори. „Цената што ...

Законите и редот важат за сите, исклучоци не може да има“ – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за студентскиот оброк на денешната прес-конференција. Таа рече дека Министерството не смее да постапува надвор од законските рамки, без разлика на незадоволството. Потсети дека и во изминатите две години имало два слични случаи, по што, како што рече, факултетите научиле дека законот мора да се почитува. Според ...

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека за болниците во Штип, Кичево и Тетово и за нов Факултет за медицински науки ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална ...

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска. „Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на ...

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. „За ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година на сметката на основен буџет. Во конечниот извештај, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Ревизијата утврдила ...

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација. „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како ...

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се привлечат пациенти и од соседните држави. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
33%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.97
50%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.92
42%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.67
42%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.88
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
56%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.51
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.38
33%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
52%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Алуминиум

3.19

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34

Родиум

265243.66

Калај

54.92

Сребро

1853.71

Бакар

13.08

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36