Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, е предвидена заедничка прес- конференција. ...
Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште и Бутел. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 05.06.2026 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од м.в. Рудина во село Добри Дол. (општина Сопиште ). Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 1 и ул. 21 во населба Радишани. (општина Бутел). Во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците ...
Тетовска Шкендија се најде во центарот на вниманието откако нејзиниот спонзор јавно реагираше на последната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), оценувајќи ја како скандалозна и штетна за клубот. Во соопштението се нагласува дека Шкендија е еден од ретките клубови во земјата кој со години функционира сериозно, професионално и во целосна согласност со спортските и финансиските обврски. Од клубот потсетуваат дека зад успесите ...
Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Северна Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...
Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти Министерството за правда. Од таму велат дека се особено горди на тоа што ЕУ го препознала усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација. ...
Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДС, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Фатмир Битиќи. „Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Во текот на 2025 година во државата се склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1 отсто во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8,0 проценти повеќе во однос на 2024 година. Според официјалните ...
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини. Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија го презентираше Аналитичкиот извештај „Артропластика на колк и колено во Македонија 2023–2025 година“, кој покажува значително зголемување на бројот на ортопедски интервенции во јавните здравствени установи и подобрен пристап на пациентите до овие здравствени услуги. Според анализата, во текот на 2025 година во јавните здравствени установи биле извршени вкупно 4.044 операции на колк и колено, ...
Вечерва се можни прекини на водоснабдувањето во одредени територии од Штип како резултат на работење на SCADA системот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави дека општина Штип започна со имплементација на SCADA системот на водоводната мрежа, инвестиција вредна 36 милиони денари. Како што истакна Јорданов, со воведувањето на системот се очекува намалување на загубите и подобрување на финансиското работење на ЈП „Исар“. „Сакам ...
Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе се изградат и нови ...
Македонската јавност доби три клучни потврди од највисоко европско ниво за она што опозицијата го говореше со месеци, со што целосно се разобличени манипулациите на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. Тој посочи дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно ставил до знаење дека уставните измени се ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 68-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија, на која во прво читање беше разгледан Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од Охридскиот ...
Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...
Утринава поројниот дожд што го зафати Штип донесе и една сцена која предизвика реакции кај граѓаните и родителите. Пред влезот на ООУ „Ванчо Прке“ во Штип, родител со автомобил ја донел и ја оставил својата ќерка, ученичка во училиштето, буквално пред вратата на образовната установа. Иако временските услови беа неповолни, а дождот паѓаше со силен интензитет, фотографијата покажува дека возилото било внесено во просторот пред училиштето, кој е ...
Неизвесност и грижа пред летото кај штипските пензионери – ќе стигне ли пензијата за целиот јуни? Новите покачувања, доста осетливи за нив, велат дека високите цени се нивната слаба точка. Пари за леб, храна, лекови или пак сметки, велат дека и самите не знаат на што најпрво да мислат и како да прават математики за да ги распоредат парите. Да се тргне нешто настрана веќе е невозможно. Иако велат дека најчесто купуваат што ќе начекаат на ...
Индустријата губи работници, за само една година бројот на вработени е намален за 2,3 проценти. Според ДЗС Најголем пад е регистриран во секторот Рударство и вадење камен, каде бројот на работниците е намален за 6,8 проценти. Намалување е забележано и во преработувачката индустрија, додека благ раст има само во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според индустриските групи, пад има кај енергијата, ...
На само две недели пред жетвата, земјоделците се уште не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата, а сушата веќе го преполови родот во делови од Источна Македонија. Од Асоцијацијата на земјоделци бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм, бидејќи производителите годинава се ставени под дополнителен притисок поради обврската да продадат дел од родот. ,,Жетвата е веќе на прагот, дури на некој места има и стасани жита за ...
На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село. На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секој присутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација ...
Екипата на Кочани преку пресврт славеше во бараж дуелот против второлигашот Билјанини Извори и избори опстанок во Првата женска фудбалска лига за следната сезона, откако мечот во Ѓорче Петров заврши со резултат од 7:3. Голем хендикеп за Билјанини Извори беше тоа што тимот немаше натпреварувачки ритам откако Втората лига беше прекината по 10 кола, но сепак тимот од Охрид му честиташе на Кочани за триумфот посакувајќи му среќа и успех во новата ...
Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, на сметката на основниот буџет. Овластениот државен ревизор изрази мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но изрази мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски останува во Валенсија уште две сезони односно до јуни 2028 година, откако официјално клубот од „Местаља“ ја активираше клаузулата за продолжување на договорот. Димитриевски во Валансија пристигна во 2024 година, а досега за овој клуб забележа 33 официјални настапи во Ла Лига и кралскиот Куп. Од клубот истакнаа дека ја искористиле можноста за продолжување на договорот со македонскиот ...
Демократската обнова на Македонија го поздравува усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, изготвен од известувачот и евро-пратеник од Зелените, Томас Вајц. Овој извештај, според нив, претставува јасен сигнал дека европскиот пат останува условен со реални и суштински реформи, а не само со декларативни заложби. Во извештајот, како што велат, се нотира напредок, но ...
ЗНАМ не очекува никакви измени во делот на нивните ресори, изјави портпаролот на Движењето, Никола Мемов на денешната прес конференција. Тој беше прашан од новинарите дали министерот за правда, Игор Филков, ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Владата. Мемов појасни дека партијата пред две години принципиелно влегла во преговори со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на Програмската платформа, која е дел од владината програма, и дека нивното ...