Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во текот на мај 2026 година биле пријавени вкупно 191 кривично дело за семејно насилство, соопшти МВР. Ова, според полицијата, претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела биле „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено било едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни ...
ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, истакна на прес-конференција „Шабан Ајллајбегу од Вреди“ За првпат, вели тој, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. „„Вреди“ после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват изјави дека имал средба со европските дипломати, меѓу нив и со германскиот канцелар Фридрих Мерц на која било разговарано за француско-германскиот документ за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред нивното полноправно членство. Мицкоски во изјава за медиумите нагласи дека треба да бидеме трпеливи, бидејќи како што рече, ова се моменти кога ЕУ, односно ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, кој учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, имаше средба со францускиот претседател, Емануел Макрон. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се ...
Фудбалската репрезентација на Македонија со пад од две места на најновата ФИФА листа. На последните две средби македонската репрезентација одигра 0:0 со Босна и Херцеговина во Сараево, а имаше висок пораз од 4:0 од Турција во Истанбул, со што сега Македонија е на 69. место на најновиот ранкинг. На последните пет средби Македонија има пораз од Велс од 7:1, пораз од Данска со 4:0, две ремија со Ирска и БиХ без голови (0:0) и пораз од Турција од ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан, информираат од оваа партија. „Скопската иницијатива“ како што појаснуваат, ја покрена претседателот на СДСМ, Венко Филипче со што, ...
Мицкоски го претстави изборот на Македонија во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како „историски успех“ и голема дипломатска победа, оценуваат од СДСМ. Ова, според нив, е класичен пример на PR и пропаганда во отсуство на реални резултати. „ЕКОСОК има 54 членки, а секоја година се бираат 18 нови членки за мандат од три години. Тоа е рутинска процедура во рамките на Обединетите нации, а не некој посебен дипломатски ...
Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски ...
Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година. Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе во име на градоначалникот на ...
Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на Енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање, Лабудовиќ го презентираше напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното ...
Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на ...
Парична награда од 10.000 денари доби секој ученик и наставник-ментор кој е дел од победничкиот тим од основното училиште „Дане Крапчев“ во населба Ченто, кој освои второ место на престижниот меѓународен натпревар „First Lego League“ во категоријата роботска игра. „Денес имав особена чест во Општина Гази Баба да ги примам учениците од ООУ „Дане Крапчев“, кои испишаа историја освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар ...
Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во намерата да стави крај на дивеењето на трибините, без разлика од кого доаѓа. Почитувањето на противникот, ...
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и развојни ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на ...
Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините. Николоски ...
Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола за ТИТАН Усје повторно ја разгневи стручната јавност и еколошките друштва, ставајќи ги интересите на крупниот капитал пред интересите на граѓаните, велат од Левица. Како што додаваат од оваа партија, стручната јавност, лекарите, екологистите и сите засегнати страни добиваат само 30 дена да анализираат обемна документација која ќе одлучува за квалитетот на воздухот и здравјето на населението ...
Истокот на Македонија сиромашен кога е во прашање сениорскиот ракомет, постојат градови каде воопшто и нема ракомет, или градови во кои има само младински школи или школи само за тренинг. Прволигашки ракомет има само во три града, а од следната сезона суперлигашки ракомет ќе нема во ниту еден град. Дали и колку се развива ракометот во источниот дел на Македонија е прашање за поголема и подетална анализа. Во Штип со години екипата на Текстилец ...
Во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига ќе има три нови членови односно Брегалница и Скопје како повратници и за првпат Шкендија Арачиново. Пред трите екипи кои минатата сезона водеа борба за влез во елитата следува еден важен и клучен процес во поглед на обезбедување на потребни услови за да може домашните натпревари да ги играат на своите стадиони. Потребните услови за игра во однос на Втората лига во прволигашката конкуренција ...
Сезоната 2025/2026 заврши со одигрувањето на бараж натпреварот во Радовиш меѓу екипите на Ѓорче Петров 2 и Пелистер, меч кој го доби скопскиот тим и избори враќање во елитата, а битолскиот тим се сели во Прва лига. Веќе е познат изглед на новата сезона 2026/2027, а Штип останува во елитниот ракомет во женска конкуренција. Екипата на Астибо и следната сезона ќе се натпреварува во Супер лигата, а во градот под Исарот ќе гостуваат најдобрите ...
Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента, истакна вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се ...
Екипата на Кочани го потврди опстанокот во Првата женска фудбалска лига откако славеше во бараж дуелот против второлигашот Билјанини Извори, со што градот на оризот и следната сезона ќе биде во женската фудбалска елита на Македонија. Екипата на Конзули од Битола стана шампион во Втората лига и со тоа обезбеди влез во Првата лига. Со оглед на тоа што од Првата лига испадна битолски Топ Гол во Втора лига, градот на Конзулите и следната сезона ...
Општина Бутел информира дека се започнати активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината. Ова како што појаснуваат, од причина што во изминатиот период, се оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во општината. „Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го повика обвинителот Ненад Савески да го викне министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да ги достави доказите за „Мазут“. „Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое ново чувство? Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот ‘Мазут’ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна ...
Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи – владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, велат од СДСМ. „Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад. Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција. „Честитки до нашите пензионери за спортскиот дух и ентузијазмот што ги покажаа на овие игри. Ова е уште еден успешен проект посветен на активниот живот, рекреацијата и дружењето на ...
Кога уметноста станува мост кон добрината, се раѓаат моменти што не избледуваат – моменти што оставаат трага во срцата. Проектот „Театар на хуманоста“ уште еднаш покажа дека културата не е само забава, туку сила што може да менува животи. Собраната донација од претставите беше предадена на Банка за храна, која обезбеди прехранбени производи за Порака Неготино. Таму, помошта стигна до луѓето што со трепет ја очекуваа – до оние за кои секој ...
Според опозициската СДСМ, премиерот Христијан Мицкоски прави уште една манипулација и лага во економијата. „Зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE. Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите ...