Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението, рече денес пратеникот Борислав Крмов. Иако банките според Крмов, веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги. Станува збор за целосно електронски систем за издавање, проверка и јавно следење на лиценци преку електронски регистар и QR код. Како што истакна министерот Андоновски, целта на овој систем е секоја лиценца издадена од институција да може да се ...

Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10. јубилејно издание на „Охрид трчат“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 часа. Во женска конкуренција на ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави официјални документи за кои тврди дека се од Агенцијата за катастар кои отвораат сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама. „Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и Недим ...

На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе, затоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода ...

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без ...

Управта за хидрометеорологија за денес прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе ...

Штипските тенисери Тодор Ушинов и Панче Арсов забележаа одличен настап на турнирот во тенис на Спортските игри Велес 2026, кој се играше од 1 до 6 јуни, освојувајќи го второто место во конкуренција на двојки. Ушинов и Арсов низ турнирот прикажаа сигурна и борбена игра, успевајќи да се пласираат во големото финале и да се најдат меѓу најдобрите тениски двојки на манифестацијата. Нивниот пат до завршниот меч беше исполнет со квалитетни настапи ...

Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ привлече повеќе од 2.700 учесници од над 30 држави. Организаторите оценуваат дека станува збор за најмасовното издание досега на една од најпрепознатливите спортско-туристички манифестации во земјата. Во 8:15 часот утрово стартува полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е од 9:00 часот. ...

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со ...

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“. Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се ...

Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска. Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“. „Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и ...

Фудбалерката Ана Димитровска од Делчево која од 2017 година го носи дресот на ЖФК Каменица Саса е убедливо најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига со постигнати фантастични 35 постигнати погодоци. 31-годишната фудбалерка ја носи капитенската лента на тимот од Македонска Каменица, имаше одлична сезона зад себе, а важи постојано за една од подобрите стрелци во Првата лига. Претходно, Димитровска настапуваше за екипата на Младост ...

Фудбалерот на Брегалница, Лука Бојаџиев, доби повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Александар Таневски, за претстојниот пријателски натпревар против селекцијата на САД. Средбата ќе се одигра на 8 јуни 2026 година во Петрич, Бугарија, а Бојаџиев ќе има можност уште еднаш да ги покаже своите квалитети во дресот со државниот грб. Од Брегалница со гордост ја примија веста за новиот репрезентативен повик, кој ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини за наводни нерегуларности при доделување тендер во Царинската управа вреден 18 милиони денари и побара одговори од поранешниот функционер на СДСМ, Стефан Богоев. Според партијата, првичната сума од 110.000 денари била дел од наводно договорен надомест за тендерот за хигиенски услуги. Во соопштението се тврди дека лице познато како „Џемо од Прилеп“ посредувало за фирма која требало да го добие тендерот, користејќи влијание ...

Движењето ЗНАМ оцени дека јавноста заслужува одговори поради, како што наведува, спротивставените изјави на поранешниот претседател Стево Пендаровски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, поврзани со наводни разговори за враќањето на Никола Груевски во земјата во периодот на обезбедување мнозинство за уставните измени. Од партијата посочуваат дека Пендаровски во телевизиско интервју зборувал за сценарија во кои се ...

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...

Политичката партија Левица обвини за сериозни злоупотреби и неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, повикувајќи се на последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Според партијата, извештајот отвора прашања за функционирањето на институцијата која треба да ги обучува идните судии и јавни обвинители, имајќи ги предвид утврдените неправилности поврзани со трошењето на јавни средства. Од Левица ...

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига заврши сезоната 2025/2026 во македонскиот фудбал. Екипите на заслужен одмор, се кројат плановите за новата сезона, се поставуваат целите кои клубовите би сакале да ги исполнат за новата сезона. Веќе најголем дел од екипите особено оние со повисоки цели започнаа со преговори за нови играчи, а официјално летниот трансфер период во македонскиот фудбал ќе биде отворен на 15 јуни, кога и официјално ...

Сезоната во македонскиот ракомет заврши со бараж натпреварот во Бутел меѓу Младост и Струга, а со тоа тимот од Богданци е последниот патник во Супер лигата за следната сезона, со што го имаме и конечниот изглед за новата сезона на елитното друштво, како и градовите каде ќе се следи Супер лига следната сезона. Шампионот Вардар следната сезона ќе ја брани двојната круна, откако го освои Купот и првенството, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, ...

Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и ...

Жељко Јоксимовиќ ќе биде главната музичка ѕвезда на овогодинешното издание на „Штипска Пастрмајлијада“. Еден од најпопуларните пејачи и автори на Балканот ќе настапи пред штипската публика во рамки на најголемата манифестација во градот. Организаторите најавуваат богата музичка програма и содржини за посетителите, а настапот на Јоксимовиќ се очекува да привлече гости од повеќе градови во земјава и регионот. Деталите за датумот на концертот и ...

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и ...

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека Македонија во изминатиот период бележи значајни резултати на меѓународен план, оценувајќи дека станува збор за напредок во работата на Владата во делот на дипломатијата и европските интеграции. Од партијата посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при неодамнешната посета на Скопје ја потврдил оценката за напредок во исполнувањето на Реформската агенда. Како дел од тоа, се ...

Процесот на развод на родителите претставува тежок период за децата и често остава силни емоционални последици. Повеќето луѓе кај психолог доаѓаат само формално, најчесто за документи за судска постапка, а ретко за вистинска поддршка за себе и за децата. Психологот Лидија Манасиевска посочува дека по разводот малкумина работат на својата психолошка состојба, иако токму тогаш е најпотребна помош. „Па многу мал процент доваѓа пред развод. Да, ...

Два нови моста ќе се градат на реката Брегалница во Штип. Едниот ќе биде дел од новата обиколница кај бањата Кежовица, а вториот ќе ги поврзе населбите Баби и Балканска. Со овие проекти треба да се подобри сообраќајната поврзаност и да се олесни движењето низ градот. Како што потенцираше градоначалникот Иван Јорданов, паралелно е предвидена и санација на постојните мостови на Брегалница и Отиња. Дел од градежните работи треба да започнат веќе ...

Лоша е ситуацијата на земјоделците и сточарите, поради неисплатените субвенции, потенцираа денеска од Асоцијацијата на земјоделци. Згора на се, тие тврдат оти доцнат и пријавите на новите субвенции за следната година. Како што велат оттаму, пријавите требале да бидат достапни уште во средина мај, но како што додаваат се уште нема ништо. ,,Стадата се намалуваат тоа е веќе факт, но ќе видиме што же биде. Ситуацијата е многу лоша , субвенциите ...

Денеска пристигнува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Со литија и свечен пречек, верниците и свештениците од Брегалничката епархија ќе ја дочекаат чудотворната икона на мајката божја владичица и скоропослушница. Монастие оттаму ќе ја предадат на овдешните свештеници со цел таа биде закрила и заштита на Штип. Иконата, која за првпат доаѓа во градот од манастирот Хиландар, ќе биде пренесена низ градските улици, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
36%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
57%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
47%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
45%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.06
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
56%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
55%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
49%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Сребро

1853.71

Злато

129943.67

Паладиум

40381.34

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Бакар

13.08

Алуминиум

3.19

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Калај

54.92

Кобалт

56.29