Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информираат од ЦУК. ТППЕ Штип, според ЦУК, првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ...
Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, реагираат од Левица. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, според Левица, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³, соопштија од оваа иснтитуција. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди ...
Денес матурантите полагаа матура по мајчин јазик, а впечатоците по завршувањето беа различни, но во глобала позитивни. Дел од нив споделија дека си поминале супер и дека тестот им бил лесен затоа што навреме учеле и се подготвувале доволно. Тие истакнаа дека и тестаторите биле коректни и дека целата атмосфера била пријатна и мирна. Сепак, имаше и такви кои рекоа дека испитот бил тежок и обемен, со задачи распослани на дваесетина до триесет ...
Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд. Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре 12.06.2026 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (општина Кисела Вода) ; · Од 08:00-14:00 часот с. Рашче, Хлорна станица Рашче, с Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, о Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар(општина Карпош); · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром(општина Гази ...
Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Северна Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која обезбеди воздушен превоз. Програмата беше ...
Министерот за здравство Азир Алиу не го менува мислењето за негова можна смена од функцијата по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во втората половина на овој месец ќе прави реконструкција на Владата. Алиу денес даде отчет за сработеното во измината година откога е министер и рече дека тоа ќе му значи повеќе од тоа колку време министерувал. „Ова прашање се поставува неколку месеци, истиот одговор ќе го дадам и денеска. Мојот ...
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
174 возачи на електрични тротинети се фатени за непрописно возење на ниво на државата – возеле без раце на управувачот, користеле мобилен телефон, се движеле по недозволени сообраќајни површини, а се регистрирани и случаи на возачи кои се придржувале за други возила и влечење и туркање предмети со тротинетот. Меѓу прекршителите имало и малолетници. 174 прекршоци од возачи на електрични тротинети и три прекршоци од возачи на велосипеди. Кај ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град се очекува попладнево, вечерва и во текот на ноќта, најавува дежурниот синоптичар од Управата за хидрометеоролошки работи, Јулијана Фиданоска Мишкоска. Пред самиот праг на летото, студен фронт од север носи значителна промена на времето и пад на температурите. Во источниот регион денешните максимални 33 степени веќе утре ќе се намалат на околу 24 степени. На одделни места ...
По 2.150 евра за тримесечен ангажман ќе добијат искусни кадри кои ќе се вклучат во гаснењето шумски и пожари на отворен простор. Дирекцијата за заштита и спасување бара лица со најмалку пет години искуство во полицијата, армијата или противпожарните единици за засилување на тимовите во пресрет на летната сезона. Директорот Стојанче Ангелов оттаму, рече дека се потребни возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни ...
Штипските матуранти денеска го полагаат вториот задолжителен испит од државната матура – македонски јазик и литература. За 420 средношколци ова е уште еден важен чекор кон добивањето на дипломата и продолжување на образованието. По првиот испит одржан на 6 јуни, денеска тие повторно ги одмеруваат своите знаења според утврдениот распоред. Полагањето се реализира во просториите на УГД Штип на кампус два и четири. Според Снежана Санева, ...
Со отисок од прст ќе се проверува дали лекарите, медицинските сестри и административните работници се на работа и колку долго остануваат таму. Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека веќе е воведен систем за евиденција на работното време во здравството. Целта е да се види дали вработените навреме доаѓаат на работа и дали го почитуваат работното време. Тој најави и дека во следниот период ќе се прави и анализа, за тоа колку ...
Стотици боенки, сликовници и детски книги денеска беа донирани во детското одделение при Клиничката болница во Штип, со цел да се создаде мини библиотека која ќе внесе пошарен и поутешен свет за најмладите пациенти. Донацијата е на издавачката куќа „Просветно дело“ во соработка со писателката за деца Ксенија Маказлиева-Трајчева. Со овој хуман гест се збогатува болничката средина и се овозможува децата полесно да го поминуваат времето за време ...
Изгаснат е пожарот над градот Штип, кој вчера избувна во близина на викенд населбата Плуждино и Новакова Чешма. По повеќечасовна борба со огнената стихија, пожарникарите успеаја целосно да го ликвидираат огнот. Во интервенцијата беа вклучени припадници на Територијалната противпожарна единица Штип, Доброволното противпожарно друштво и други надлежни служби. Во пожарот нема повредени лица. Штипскиот градоначалник Иван Јорданов синоќа се ...
За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии. „Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да ...
Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето. Најнапред, во истражувањето во ниту еден момент не ...
„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема“, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година в година тутунопроизводителите се соочуваат со растечки трошоци, неизвесни услови за ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла инсинуациите и шпекулациите изнесени во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, „во кое без никакви докази се пласираат тврдења за наводно незаконско постапување при организацијата на евакуацијата на македонските државјани од регионот на Блискиот Исток“. „Особено загрижува фактот што во анализата целосно се игнорира контекстот во кој беше спроведена ...
„Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот ‘One Stop Shop’ на граничниот премин Блаце, кој донесе видливи придобивки за граѓаните. Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти“, велат од Влен. „Ова се конкретни резултати од ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена ...
Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...
TrustFin и DEKRA Македонија официјално започнаа стратешка соработка за развој и промоција на платформата JobLink by DEKRA – современо дигитално решение кое има за цел поефикасно да ги поврзе компаниите со талентираните кандидати и да придонесе за понатамошен развој на пазарот на труд во Македонија. Ова партнерство ги обединува меѓународната експертиза и долгогодишното искуство на DEKRA во областа на човечките ресурси со консултантското ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го ...
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август со мечевите од есенско коло, сезона каде што првиот и вториот ќе имаат директен влез во Прва лига, а третиот ќе игра бараж со осмиот од Прва лига, додека последните три екипи од Втора лига ќе испаднат директно во Трета лига. Во рамки на првото коло Беласица на домашен терен ќе игра со Осогово, Детонит Плачковица ќе гостува кај ланскиот прволигаш Шкупи, додека пак ...
На вчерашната седница на Дисциплинската комисија при фудбалската федерација на Македонија беа донесни низа одлуки со кои неколку фудбалери се казнуваат со забрана за настап, а има и парични казни. Фудбалерот на Новаци, Марцевски Антонио доби казна со забрана на настап од еден натпревар. Ќосески Дамјан кој го носи дресот на сега веќе новиот третиогалиш Каменица Саса се казнува со забрана на настап на два натпревари, а од овој клуб се казнува ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека спортската сала „Расадник“ по три децении повторно е ставена во функција и ќе биде дом на Вардар. Ѓорѓиевски ја опиша обновата на салата како еден од своите најзначајни проекти, потсетувајќи дека објектот бил затекнат во лоша состојба. „Расадник е име кое многу значи за Кисела Вода, за Скопје, за Вардар и за македонскиот спорт. Оваа сала памети славни спортски моменти, големи ...