Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за неработење, арогантен однос кон Собранието, неисполнети ветувања кон земјоделците, доцнење на субвенциите, укинување на мерки за поддршка и целосно отсуство на политики за справување со растечките трошоци во земјоделското производство. Осврнувајќи се на работата на министерството, Спасовски потсети на блокираните европски средства и серијата ...

„На денешната собраниска седница, се изнаслушав од опозициските пратеници низа на низа небулози, дезинформации, шпекулации кои се повторуваа кај секој еден од нив, но економските и проектите кои што ги презентирав се доволен доказ дека водиме успешна политика“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Доколку ме прашате дали сум задоволен од постигнатите резултати, мојата одговор е да, но секогаш ...

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во катастрофална состојба, а земјоделците се оставени сами, со скапо производство, евтин откуп и задоцнета поддршка од државата. „Земјоделството не е само економска гранка, бидејќи тоа е храна на нашите трпези, тоа е живот во македонското село, тоа е егзистенција на десетици илјади ...

Министерот Трипуновски е дел од владин тим кој покажа дека нема капацитет да ја води државата, а наместо нов почеток за земјоделците, остави зад себе неисполнети ветувања, неизвесност и корупциски скандали, нагласи пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на ...

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен ...

„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, ...

Интерпелацијата за министерот Трипуновски не е политички напад, туку одговор на реалните проблеми со кои се соочува земјоделството, кое никогаш не било во полоша состојба, нагласи пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Цветков посочи дека ...

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети. „Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, порача дека по две години владеење на ВМРО, земјоделството е во полоша состојба, а најголемите жртви се земјоделците кои останаа без ветената поддршка. „ВМРО во програмата ветуваше 180 милиони евра годишно субвенции како директни плаќања кон земјоделците. Но денес во овој сектор речиси нема никакви ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова која упати реплика кон пратеникот Благоја Бочварски, обвинувајќи ја претходната власт за лошо менаџирање со земјоделскиот сектор и повеќегодишни проблеми со кои, како што рече, се соочувале земјоделците и институциите. Петкова во своето обраќање истакна дека за време на раководењето на СДС се случиле повеќе протести и блокади на земјоделци, ...

„Ова не е интерпелација на министерот за земјоделие, ова е еден политички парадокс. Кога вие заедно ќе погледнете со кои луѓе сте потпишани на оваа интерпелација, вие, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Јованка Тренчевска, се министер до министер, луѓе коишто изминатите 7 години располагаа со средства, финансии, институции, законодавство. Вие се обидувате овде преку оваа интерпелација да ...

„Работата во македонското земјоделство во континуитет оди во неповрат. Затоа на министерот му е време да си замине, а власта треба сериозно да ја сфати оваа интерпелација како знак за сериозно разгледување на состојбите во земјоделието“, порача во своето излагање пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој оцени дека ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека во периодот на претходното раководење со ресорот земјоделство биле оставени сериозни проблеми, особено во делот на исплатите кон вработените и функционирањето на институциите. Ласовска во своето обраќање посочи дека, како што рече, во времето на СДС не биле евидентирани значајни заплени, освен ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница истакна дека за СДС е непоимливо некој кој се огрешил пред законот, а при тоа е функционер, да одговара за сторениот криминал, бидејќи челниците на политичката партија која инфлагранти беше фатена во криминал и којашто доби поразителни 150.000 гласа од граѓаните, си ги оставила на слобода наместо во затвор. „На вас ви е чудно, а како и нема да ви биде кога ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести. „Искрена да ...

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово. На средбата, обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот. Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев кој истакна дека целта на оваа интерпелација поднесена кон министерот за земјоделие е да се девалвира работата на министерот и Владата со изнесување на лаги и невистини. „Денес зборуваме за интерпелација на министерот за земјоделие поднесена од страна на опозицијата каде целта е единствено да се девалвира работата и на министерот и на Владата со ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени некој скандал и веднаш да се повика правдата и ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се трансформираат во современ ...

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе. За време на посетата се разговараше за ...

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури“, реагира Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој оцени дека интерпелацијата поднесена од опозицијата против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, не се темели на факти и претставува обид за дефокусирање на јавноста од состојбите што, според него, ги наследила актуелната власт. Ристески истакна дека наследството од претходната власт предводена од Љупчо ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го ...

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Штип се очекува годинава да влезе во фаза на реализација, откако ќе биде избран изведувач за проектот. По долгогодишните административни процедури, од Општината очекуваат конечно да бидат надминати пречките и да започне реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за градот. Токму овој проект беше една од главните теми на денешната средба меѓу градоначалникот Иван ...

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во алармантна состојба, а министерот мора да понесе политичка одговорност за неисполнетите ветувања, хаосот во секторот и корупциските скандали. „Денес расправаме за работата на најнеспособниот министер Цветан Трипуновски за неговата одговорност ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во Собранието обвини дека земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми во реализацијата на мерките и поддршката. Таа потсети дека во програмата на Владата беше предвидена „ревитализација на земјоделските политики“ и вклучување на земјоделците во креирањето на мерките, но нагласи дека тоа не се реализира во пракса. „Во програмата на Владата за четири години стои посебно поглавје ’Развиено земјоделство‘ ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското ...

Во екот на пролетната сезона, пчеларите се соочуваат со проблеми поради доцнењето на исплатата на субвенциите, кои се значаен дел од нивните приходи. Тие велат дека многумина влегле во пчеларството очекувајќи поголема заработка, но состојбата на пазарот не ги оправдала тие очекувања. Како што посочи пчелар Коста Сотировски од Биотола, тегла мед чини 500 денари, додека цената на прополисот е нешто поскапа. „Со замите субвенциите луѓето се ...

Има доцнење во реализацијата на Регионалните центри за управување со отпад, но процесот мора да се забрза,м посочи денес европскиот амбасадор Михаил Рокас. Тој истакнува дека проектите се тесно поврзани со роковите и финансиската поддршка од ЕУ, вклучително и пречистителната станица за отпадни води, чиј договор треба да се финализира до крајот на годината. Според него, потребни се заеднички напори за навремена и успешна реализација на овие ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
33%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.97
50%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.92
42%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.67
42%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.88
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
56%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.51
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.38
33%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
52%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Кобалт

56.29

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Паладиум

40381.34

Калај

54.92

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Бакар

13.08

Иридиум

252383.36