„Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда“, велат од МФ. „Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и ...

„Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните“, велат од партијата Левица. „Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела ...

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални ...

„Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се ...

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа ...

Тетовска Шкендија направи голем чекор кон пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига, откако на гостувањето во Гибралтар убедливо ја совлада Европа со 5:0 во првиот натпревар од двомечот. Македонскиот претставник доминираше во текот на целиот натпревар и уште во првото полувреме ја најави победата. Првиот погодок го постигна Ндзенге во 28. минута, носејќи заслужено водство за избраниците на Шкендија. Во вториот дел ...

Македонскиот претставник ФК Силекс со голема победа ги започна настапите во новата сезона од квалификациите за УЕФА Конференциската лига, совладувајќи го Динамо Минск со 1:0 на првиот натпревар одигран во Стара Загора, Бугарија. Херој на кратовци беше Есмир Хасукиќ, кој во 42. минута сигурно реализираше удар од белата точка и му донесе драгоцена предност на својот тим пред реваншот. Пеналот беше изнуден по прекршокот врз Борјан Пановски, а ...

По денешниот состанокот на централното раководство, „Вреди“ со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси. Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност, соопштија од партијата. Токму затоа, велат од таму, секој обид за кодошење, лажно известување, ...

Општина Карпош денеска организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност непосредно да се сретнат и разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори. Настанот,минформираат од општината, беше организиран со цел да овозможи директна комуникација со жителите од Карпош, да се слушнат нивните предлози, проблеми и барања, како и да се разговара за прашања од секојдневното функционирање во ...

„Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал. Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе“, порачуваат од СДСМ. Нека ги замоли Интерпол, додаваат од опозициската партија, веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. „Нека им ...

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица: „Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја префрлаат топката, ние го прифаќаме предизвикот – ќе свикаме ...

Третолигашот ФК Илинден сериозно ги најавува своите амбиции за новата сезона, откако го претстави првото летно засилување – искусниот фудбалер Дарио Десниќ, кој во клубот пристигнува од екипата на Шкендија Арачиново. Десниќ зад себе има богато прволигашко и второлигашко искуство, а дополнителна вредност за клубот е што потекнува токму од општина Илинден. Од клубот веруваат дека неговото искуство, квалитет и професионален пристап ќе донесат ...

По информацијата дека албанската полиција задржала на граница двајца народни избраници, претседателот на Сoбранието, Африм Гаши, вели дека е загрижен за постапувањето кон пратениците на граничниот премин „Ќафасан“. „Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин „Ќафасан““, вели Гаши. Пратениците, додава тој во ...

Планираното отворање на четири нови рудници за бакар и злато покажува дека Владата продолжува да ја турка Македонија кон модел на рударска експлоатација на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на државата. Наместо да ги расчисти последиците од децениското загадување и да ги заштити природните богатства, Владата отвора простор за нови еколошки катастрофи, реагираат од Левица. Станува збор за, како што посочуваат, ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, ја повика опозиција да се договори за Изборниот закон и рече дека власта ќе го поддржи секој нивен предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората. „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик. Ние цениме дека, ...

Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони ...

Финансиски стоиме многу подобро од кога било, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Општина Битола. „Од страна на одредени политички сили во државата, ќе се шири бран на негативна енергија. Тоа впрочем се случува две години, се сеќавате ќе банкротиравме 2024, па не тогаш, еве преживеавме. Па 2025 ќе банкротиравме, не банкротиравме. Еве сега 2026 ќе сме банкротирале, еве нема да банкротираме. Финансиски стоиме многу ...

Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на ...

Во тензична атмосфера и со чудно однесување на обвинетиот, денес во Кривичниот суд во Куманово почна судењето на 25-годишниот Трајко Бојковски, кој одговара за четири свирепи убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. Случајот, кој обвинителството кажа дека е досега незабележан во судската пракса, заглави уште на првото рочиште. Драган Трајковиќ, адвокатот на обвинетиот, се откажа од одбрана и го повлече ...

Игрите на среќа добиваат нови правила – за првпат со закон се регулираат и наградните подарувања, односно giveaway игрите. Од 14 јули, за организирање вакви игри ќе биде потребна дозвола од Министерството за финансии, а организаторите ќе мора да исполнат законски утврдени услови. Новите правила се однесуваат на наградни игри во кои учеството се обезбедува преку активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а се ...

Шестмина вработени во ТИРЗ Штип се затруени со храна, а надлежните институции ја испитуваат причината за случајот. По пријавите, екипи од ЦЈЗ Штип извршиле увид во објектот на операторот за храна и презеле вонредни санитарно-хигиенски мерки. Земени се мостри од храната и брисеви од работните површини за микробиолошка анализа. До добивањето на резултатите, епидемиолозите ќе ја следат состојбата и ќе постапуваат согласно утврдените протоколи. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на ...

Постелнини, играчки и други потребни работи денес беа донирани во Центарот за деца со аутизам од страна на претставниците на Здружението на инвалиди на трудот Штип. Претставниците на Здружението изразија огромна благодарност до актерите од Народниот театар ,,Ацо Шопов” Штип кои ја изведоа хуманитарната претстава како и до граѓаните кои биле дел од истата. Како што истакна претседателката на Заедницата на инвалидски организации Лидија ...

Со свежа и пивка вода, полесна храна и дебела сенка, животните во ЗОО паркот Бриони во Штип полесно се справуваат со високите летни температури. Како и кај луѓето, и кај нив жештините бараат дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува за да биде секогаш свежа. Големите крошни од дрвјата им прават природна сенка и ги штитат од директните сончеви ...

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не ...

Полицијата уапси две лица поради сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“. Според информациите на МВР, вчера во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„135“ и ул.„Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел. По преземени мерки полициски службеници ...

Железничката обиколница во Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop“ со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје, истакна заменик претседателот на Владата и минстер за транспорт Александар ...

Пациенти со трансплантиран бубрег повеќе од еден месец се без Recormon, тврди пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. Таа кажа дека пациенти со трансплантиран бубрег од битолската болница алармирале до Левица дека повеќе од еден месец се оставени без лекот Recormon (еритропоетин), односно без терапија со која нивното здравје е сериозно загрозено. Според информациите што ги соопшти Мојсоска, наместо државата да ја обезбеди терапијата што им ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53