Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Утре и во понеделник православните верници ќе ги одбележат празниците Петровден и Павловден, посветени на Светите апостоли Петар и Павле – едни од најпочитуваните Христови ученици и проповедници на христијанската вера. Празнувањето започнува со Петровден, кој се одбележува на 12 јули, а продолжува со Павловден на 13 јули. Со овие празници завршува и Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости во годината, посветен токму на ...
Слаб интересот кај граѓаните за турските серии. Некогашните серии повеќе не ги држат повозрасните пред малите екрани. Граѓаните велат дека приказните им се исти, се повторуваат истите заплети, а уште на почетокот можат да претпостават што ќе се случи понатаму. Некои признаваат дека едноставно им здодеале и веќе бараат нешто поинтересно, додека други ги пуштаат само затоа што немаат друга програма за гледање. Од големата популарност што ја ...
Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени ...
Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: „Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи ...
Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик, особено околу предложениот модел за гласање на дијаспората. Мицкоски ја повика опозицијата на, како што рече, одговорност и зрелост, оценувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека Филипче тврди дека проблем е можноста за, како што рече, изборни манипулации. ...
Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот на вчерашниот ден и од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе продолжи со спроведување на реформите и дека останува посветена на европската интеграција, но без, како што рече, деструктивни и безусловни отстапки на штета на националните интереси. Одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Охрид, во контекст на евроинтегративниот напредок на Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, Мицкоски рече дека Владата има принципиелен став ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, откако Државниот пазарен инспекторат направи анализа на цените и трговските маржи на околу 700 производи. Според премиерот, анализата покажала дека кај дел од производите е забележано зголемување на трговските маржи во споредба со истиот период лани. „Очекуваме во најкраток период оние кои што ги имаат малку ...
Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оцени дека економската состојба со која се соочуваат граѓаните е најголем демант на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија е „трета економија во Европа“. На прес-конференција, Филипче изјави дека Владата, според него, се обидува да ја прикаже состојбата подобра отколку што е реално, но дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците преку трошоците за живот. „Единствено ...
И покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност, кажа денеска на прес-конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ „Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено ...
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. The NTSB has ...
СДСМ обвини дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски примања, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата наведуваат дека станува збор за станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски, според нив, располага со многу поголеми средства и имот надвор од земјата. „Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална ...
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. „Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска со почеток во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година. Поднесени 224 амандмани За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани. Од нив, 90 се поднесени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во изминатите денови веќе разгледа дел од предложените амандмани, а расправата продолжува и денеска. Повисоки ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до 36 ...
Обновувањето на билатералната соработка меѓу Уставните судови на Македонија и Србија, по 15 години, не е обична институционална размена. Тоа е дел од системското продлабочување на врските меѓу два авторитарни режима кои се поврзани преку сестринските партии ВМРО и СНС, велат од СДСМ. „Претседател на Уставниот суд на Србија, Владан Петров, е јавно познат по својата отворена политичка поддршка за Александар Вучиќ уште од 2017 година. Неговиот ...
Во рамките на истражната постапка што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца ...
Работнички и официјално ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, а почетокот на новиот проект беше означен со првиот тренинг предводен од новиот шеф на стручниот штаб, Баже Јанакиевски. Новиот кормилар на скопскиот клуб денеска го собра тимот и ги започна подготовките за настапите во Втората македонска фудбалска лига, каде главната цел ќе биде враќање на Работнички во прволигашкото друштво. Пред Јанакиевски ќе биде ...
Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 36 степени. Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, ...
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот, Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, Осман Кадриу, Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Република Србија. Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална ...
Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања за идентитетот, рече заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Рим на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. На средбата учествуваа ...
Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува и брои 59 пратеници, Демократската партија на Турците на Македонија се приклучува кон коалицијата, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината ...
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски ...
Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ, кои веќе практично не постојат, нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија, велат од СДСМ. „Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала за производство на електрична енергија ...
Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес конференција ги образложи поважните измени. „Ја ограничуваме возраста на ...
Нови правила за студентските домови: Забрана за сместување до пет години и старосна граница од 30 години Студентите кои ќе внесуваат алкохол или дрога во студентските домови, ќе се однесуваат насилно или ќе вршат дискриминација, би можеле да останат без право на сместување во сите државни студентски домови во период од една до пет години. Ова е предвидено со предложените измени на Законот за студентскиот стандард, поднесени во Собранието по ...
Во тек е реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во населбата Бело Брдо, каде претходно беше извршена промена на подземната водоводна инфраструктура, информираше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека моментално се работи на улиците „Питу Гули“ и „Христијан Карпош“, каде се уредуваат и тротоарските површини, а во наредните денови се очекува завршување на асфалтирањето. „Сакам да ...
Овчат сипаница се шири и во источниот дел од земјава. Ново жариште е регистрирано во селото Соколарци, во општина Чешиново-Облешево, а потврдени случаи има и во Куманово, Делчево и Свети Николе, а има претходниот период, жителите тврдат дека ваков случај имало и во трло во село Саса во каменичко. Денеска угинатите овци беа закопани на посебно одредена локација меѓу селата Соколарци и Жиганци, согласно мерките за спречување на ширењето на ...
Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен, соопштија од ова министерство. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници на ...