Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи. „При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност. Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа ...

Град Скопје сооопшти дека градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, денеска се соочува со вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна за време на увид на терен во Општина Чаир, на локација каде се гради дивоградба спроти полициската станица. Напаѓачот бил спречен од полицијата пред да се случи физички напад, но, како што наведува Град Скопје, има долга историја на сериозни кривични дела и повеќегодишни затворски казни. По ...

„Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во негов личен профит. Фирмата Аполо инженеринг позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила земјиште во населба Влае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но, не станува збор за обична парцела, една од тие парцели е дел од улицата Есперанто која се наоѓа веднаш пред Кино Влае. Значи дел од јавна улица наменета за сите граѓани станала приватен имот. Нешто што ...

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една ...

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела. Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода) – во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. ...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите. Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот ...

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска, исто како и довербата, и дека погледите во него по изборите се вперени со двоен диоптер и многу цилиндри и ќе му се прати секој чекор и ќе се очекуваат брзи дејствија и резултати од него. Драги скопјани, токму овој човек, вашиот човек за главниот ...

Со потпишување на „Декларацијата Скопје“ заврши 14. Светски форум за одржлива енергија (IFESD-14), што во изминатите три дена го претвори Скопје во глобален центар на енергетскиот дијалог, идеи и визии за иднината. Претставниците на Обединетите нации и петте регионални економски комисии ја оценија организацијата како „беспрекорна“, а Македонија и Скопје како „вистински домаќини на светската енергетска сцена“. Форумот обедини повеќе од 500 ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на Филхармонија каде што истакна дека следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области како образование, здравство, земјоделие, култура, проекти кои ќе значат нова развојна фаза на Македонија. „Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата која ја наследивме, туку таа е ...

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков град сакаме да имаме ние и во каков град сакаме да живеат нашите деца. Нашиот град е уморен од хаос, уморен е од нечистотија, од сообраќаен метеж во кој губиме часови од нашиот живот, од празни ветувања и од неспособност, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје во ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество во најавената дебата на телевизија Телма со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ. „Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје. Добро знаете, никогаш не бегам од ништо“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи. Тој посочи дека дебата со кандидатот на Левица веќе се одржала ...

Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, во Министерството за здравство потпишаа заеднички договор за изградба на нова амбуланта во населба Автокоманда, што ќе функционира во рамки на Здравствен дом Скопје. – Новата амбулантата ќе биде изградена на местото на постојниот дотраен и руиниран објект, што бил изграден непосредно по земјотресот во Скопје, во 1963 година. Изградбата на оваа ...

Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници. Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше ...

За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средбата со граѓани во Брвеница. „Успешните ...

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“ одговори на излегувањето на Изет Меџити, нагласувајќи дека не е дел од ниту една влада и дека секогаш стои спроти власта, а не покрај неа. „Во комуникација со мене — не. Не сум дел од Владата. Не стојам со тие што сакаат да ни ги одземат правата како народ“, напиша Села, додавајќи дека политичките успеси ги мери според тоа колку придонел Албанците да ...

Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените. Тоа беше пораката што силно одекна на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во инспиративно обраќање ја отвори сесијата со порака дека без родова еднаквост, нема вистински напредок во ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка, без потреба од ...

Високи претставници на ЕВН Македонија земаа активно учество на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, кој оваа година се одржа во Скопје под мотото „Од цели кон акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“. Настанот се организираше од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН. На ...

За Митровденска Задушница, Јавното претпријатие „Стипион“ воведува дополнителни автобуски линии, за полесно и побезбедно граѓаните пристигнат до градските гробишта во Штип. Дополнителниот превоз ќе биде достапен во петок, 31 октомври, и во сабота, први ноември 2025 година, покрај редовните линии на јавниот превоз. Покрај во петок, дополнителни автобуски линии ќе има и во сабота, на први ноември, на самиот ден задушница. Со тоа што првите поагања ...

Гужва во маркетите пред Задушница, граѓаните пазарат за душа и спомен на починатите. Иако свештениците велат потребно е само пченицата и виното, сепак граѓаните ја почитуваат и верата и традицијата. Леб, локум, пченица, јаболка, вино, и се она што, според обичајот, го сакале покојните. На терен тие велат, не е скапо ништо кога станва збор за нивните сакани. Цените високи, платите и пензиите скромни, ама и оваа година Задушница ќе се одбележи ...

Започна асфалтирањето на кракот на улицата „Велјко Влаховиќ“, кој ќе се поврзи со новата обиколница од населбата Железничка до викенд населбата Плуждино. Станува збор за значаен инфраструктурен зафат што треба да овозможи подобра сообраќајна поврзаност на овој дел од градот. Во рамки на проектот се работи и на повеќе краци што ќе ги поврзат Пребек и Мерите со обиколницата. Предвидена е и изградба на кружен тек, кај црквата „Јован Крстител“. За ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Ола Сулстром. На средбата, Минчев и Сулстром разговараа за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на јавната администрација и зајакнувањето на институционалните капацитети. Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка на Кралството Шведска во реформските ...

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што се обидуваше Стевче да протурка овде во Влае, кажа денеска Maрија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформиле парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски уцртал маркица за зграда. Во решението за приватизација пишува ...

Во насока на подобро информирање на граѓаните и зголемување на достапноста на услугите, денес беше реализирана информативна акција во населбата Капиштец – пред Т.Ц. Беверли Хилс, на која на граѓаните им беа поделени информативни материјали и производи со цел подобро запознавање со новитетите во системот на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Граѓаните, како што посочуваат од општината, имаат можност да користат нови типови на паркинг-карти кои се ...

Утрово започна дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025, информираат од Државната изборна комисија (ДИК), кој ќе се реализира во недела на 2 ноември. Граѓаните во вториот круг ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во Општина Виница, право на глас имаат 17 060 избирачи, во Пробиштип 12 251. Во Македонска Каменица своето право на глас можат да гоостварат 6650 ...

Еднаш во два месеци и тоа едвај еден килограм месо можат да си дозволат граѓаните со моменталната цена на местото и приходите кои ги имаат. Велат во месарници цената висока до плафон, па најчесто на трпезата може да се најде по некое парче свинско месо, многу поретко јагнешко или телешко. Не се купува како некогаш велат пред се повозрасните граѓани на терен во Штип. Да се готви месо почесто е луксуз, а можат да си дозволат само оние кои ...

За една година од денеска целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во Штип, вети денеска градоначалникот Иван Јорданов. Нема да има прекини на водоводната мрежа, недостаток на вода, намален притисок во високите делови од градот. Овој месец треба да бидат ставени во функција резервоарите Пребег и Мери, а се работи и на секундарната мрежа во населбата Плждино. „Овој месец резервоарот Мери и резервоарот Пребег ќе бидат ставени во ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
75%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Злато

139470.53

Платина

61733.50

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42