Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
„Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување по примерот на Албанија. Ние сме во шок од нетранспарентноста со која се турка овој закон. Без објава на ЕНЕР и без консултација со нас како легитимни претставници на 95% од пазарот, на 12 мај Владата ...
На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR Македонија. Славица Блажева, комерцијален директор на SPAR Македонија, истакна дека доаѓањето на SPAR претставува почеток на долгорочна трансформација на малопродажниот пазар и силна инвестиција во економскиот развој на земјата. „Денес не се случува само ...
Георгиевски кој даде значаен придонес во дресот на Вардар оваа сезона во која клубот ја освои двојната круна, ќе го носи црвено-црниот дрес и во наредната. „Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар! Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија. Во Вардар ...
Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %. Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 %. Кај домашните туристи има пад за 1.2 %, а ...
„Научниците развија и патентираа нов метод за производство на проѕирно дрво, материјал што ги комбинира природната естетика на дрвото, неговата цврстина и способност за пренесување на светлина. Овој развој е поврзан со хемијата и отвора нови можности за употреба на дрво во градежништвото, дизајнот на ентериер и создавањето модерни завршни материјали“, соопшти министерството, пренесува ТАСС. Како што е наведено, материјалот е направен од ...
Во интервју за МКД.мк, професорот Канг зборува за развојот на интердисциплинарното образование, поврзувањето на хуманистичките науки со технологијата и медицината, улогата на универзитетите во модерното општество, но и за предизвиците што ги носи ерата на вештачката, особено генеративната вештачка интелигенција. Тој се осврнува и на можностите за продлабочување на академската и економската соработка меѓу Кина и Македонија, преку размена на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекуваат услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува ...
„Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него“, се наведува во соопштението на АХВ. Синоќа во скопската населба Козле беше заловен волк, кој бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш биле известени сите надлежни институции, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Дополнително, ќе се утврдува и ...
Некогашната гордост на Дебар Маало, фудбалскиот клуб Работнички, ги доживува најцрните денови од формирањето на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Романтичарите имаа мизерна сезона кога се во прашање резултатите, испаднаа од најдобрата лига, а кога ќе се види колку „домаќински“ работат сопствениците на клубот, не е чудно што Работнички допре на толку ниско ниво. Работнички нема свој стадион, има само терени за тренинг кои сега се во ...
Роден на 23 ноември 1927 година во селото Врбен, Сотировски својот животен пат го започнал скромно, но со силна посветеност кон знаењето. По завршувањето на образованието во Македонија, Србија и Белград, својата академска кариера ја продолжува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира физика во 1956 година. Неговиот талент и амбиција брзо го водат кон меѓународната научна сцена. Во шеесетите години од минатиот век ...
Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските поети, „оние што се со нас, и оние што веќе ги нема“, со цел да се продолжи мисијата за поврзување на различни поетски генерации. Во рамки на манифестацијата, во киното „Синеплекс“ ќе настапи и „ПОЕТРОНИКА“ со концертот „Кон Ацо Шопов“, современ музичко-поетски омаж на творештвото на Ацо Шопов. Во „Синеплекс“ ќе се одржи и Државниот ...
Пред една, една и пол година, посочи, не бев ни дел од менаџментот на оваа болница кога зборувавме за национална здравствена стратегија, ние не смееме да останеме на тоа сè да се централизира во Скопје. „И во оваа болница, и во другите скопски болници, и во Клиничкиот центар доаѓаат пациенти од целата република. Листите на чекање се креираат на тој начин. Во некои од болниците во внатрешноста нема листи на чекање. Пациентите се насочуваат ...
„Нашиот мотив беше јасен, да ја поддржиме креативноста, да го доближиме народното творештво до децата, да оставиме трајна вредност што ќе живее и после нас, како што делата на Иво Лауренчиќ живеат и денес. Во негова чест и го покренавме овој проект, со цел да креираме уникатен бренд. Среќни сме што ‘Бајки од Македонија’ добија и институционална потврда, со што на најдобар начин се оствари основната мисија на Движењето, а истовремено се ...
Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за активно вклучување на заедницата за локални промени и разубавување на простори во Кочани. „Идејата за мурал на скалите е да се истакнат обележја на урбаната уметност, Муралите се дел од урбаната уметност бидејќи се реализираат во урбани подрачја кои некогаш знаат самите да се ‘задушат’ од градби и непромислени ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 19 до 25 степени. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ...
„Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и Horizon Europe, кои обезбедуваат можности за изучување јазици, технолошки развој и продлабочување на меѓународната соработка“, информираше Стерјовски. Таа нагласила дека јазичната разновидност претставува огромно ...
„Во постојан контакт сме со нашите американски партнери. Ние сме им благодарни и се надеваме дека прашањето за војната што Русија ја води против Украина ќе биде споменато во таа пригода кога американскиот претседател ќе биде во Кина“, кажа Зеленски во говорот на самитот на земјите од централна Европа во Романија. Зеленски со месеци бара посилни дипломатски напори, под покровителство на Вашингтон, за да се најде излез од војната, но процесот е ...
Претседателката категорично ги отфрли обвинувањата дека „им држи лекции“ на европските претставници, нагласувајќи дека само укажува на двојните стандарди и на потребата од почитување на Копенхашките критериуми и основните вредности на ЕУ. „Водена од националниот интерес, ама и од правото и правдата, јас само укажувам на неодржливоста на односот кон нас, односно на двојните стандарди“, рече Сиљановска-Давкова. Таа се повика на Лисабонскиот ...
Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88%. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16%, по што следуваат безоловните бензини со 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%. Речиси 87% од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9% од Бугарија, 2,07% од Албанија, и 1,45% од Србија . „Во 2025 година го завршивме повторното ...
Се уште нема договор меѓу двете страни. Сега се пишува дека Влаховиќ би можел да замине на лето како слободен фудбалер. Интерес за Србинот има од Баерн Минхен, но во трката би влегол и Милан доколку Масимо Алегри остане тренер. Како опции се споменуваат и клубови од Премиер лигата, пред се Вест Хем и Манчестер Јунајтед. Се уште нема договор меѓу двете страни. Сега се пишува дека Влаховиќ би можел да замине на лето како слободен фудбалер. ...
Зборувајќи на 12-от Меѓународен поморски конгрес во Шчеќин, Сикорски рече дека настаните што до неодамна се сметаа за речиси незамисливи станаа дел од секојдневието. „Живееме во време на повеќекратни кризи. Темни облаци доаѓаат од неколку насоки истовремено“, рече Сикорски. Тој додаде дека појавите што до неодамна се сметаа за неверојатни сега стануваат реалност. „Вооружени конфликти, поморски блокади и трговски војни“, рече тој. Тој особено ...
Како што вели Трипуновски, како функционер, по промената на власта има обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Неколкупати ја информирал јавноста и го повикал Јавното обвинителство да покрене постапки за наводните злоупотреби. „Ова не е реваншизам, туку потреба да се утврди одговорност таму каде што има прекршување на законите. Случајот се однесува на заобиколување на ...
Агентката Мона, управувана од Џемини на Гугл, е задолжена за речиси сè освен за подготовка и послужување пијалаци – од вработување работници до управување со залихите. Од отворањето во средината на април, кафулето остварило приход од над 5.700 долари, но од почетниот буџет од над 21.000 долари остануваат помалку од 5.000 долари. Тимот се надева дека бизнисот подоцна ќе се стабилизира и ќе почне да остварува профит. Посетителите се особено ...
Иако секоја година покажуваме трпение и разбирање, се наведува во отвореното писмо, состојбата веќе станува неодржлива. „Самостојните уметници повторно се доведени во ситуација сами да ги покриваат придонесите за да избегнат долгови, камати и прекин на здравственото осигурување. Дополнително, секој од нас добива различни информации во врска со роковите за исплата на средствата, додека во меѓувреме се соочуваме со опомени, блокирани сметки (за ...
„Притоа странките не добиваат навремени известувања за статусот на нивните предмети. За работата на извршители, најголемиот дел од претставките на граѓаните се за дебоклада на нивните сметки, како и за износот на каматата на предметниот долг“, рече Сељами. Тој пред пратениците истакна дека народниот правобранител во текот на минатата година разгледала 2.921 предмет, а од нив во институцијата биле примени и заведени во 2025 година вкупно 2.400 ...
Сите повикани на поширокиот список се појавија на првата прозивка во Скопје и ќе добијат шанса во следните неколку дена да се покажат и докажат пред новиот селектор и неговиот стручен штаб, пред да се направи првиот „пресек“ на списокот. Девојките меѓу кои и девет дебитантки, насмеани и видно расположени се ставија на располагање на новиот селектор и неговиот стручен штаб, кои на работниот состанок одржан на стартот се претставија и ги ...
Во занесот од грозничави откритија, го решил проблемот со неограничената фузиска енергија, ги разоткрил мистериите на црните дупки и Големата експлозија, а на крајот го остварил сонот на Ајнштајн за единствена теорија на полето што објаснува како функционира сè. Чувствувајќи се инспириран од Бог, Милар потоа го нашол совршениот начин своите откритија да ги сподели со благодарниот свет. „Се пријавив за папа“, рекол за Франс прес 53-годишниот ...
Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, тој води на лажна веб страница на МВР каде се бара да се внесе регистарска табличка од возилото и потоа носи на нов прозорец каде е регистриран прекршок и се бара наплата од 1.500 денари. „Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и ...
„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина. Волкот е згрижен од службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот! Во Скопје мора да има ред! Мора да изградиме похумано, ...
На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди – соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите во ...