Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Куманово, 24 февруари 2026 (МИА) - Страв и неизвесност владее помеѓу населението во руралните места од општина Старо Нагоричане, откако полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек. Поради страв дел од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. ...
Вашингтон, 24 февруари 2026 (МИА) – Американската технолошка компанија „Епл“ (Apple) соопшти дека ќе премести дел од производството на десктоп компјутери „Мек мини“ (Mac Mini) од Азија во Хјустон. Предвидено е производствените линии да бидат во функција до крајот на годината. „Епл“ уште во август минатата година најави дека ќе вложи 600 милијарди долари во САД во следните четири години. Фабриката во Хјустон ќе создаде илјадници нови работни ...
Скопје, 24.февруари 2026 (МИА) – Првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, испрати охрабрувачки пораки за развојот на македонските фудбалски судии. Тој беше во посетата на Фудбалска федерација на Македонија, и истакна дека напредокот е очигледен, како во физичката подготвеност, така и во професионалниот пристап и користењето на ВАР-технологијата. Росети потенцираше дека УЕФА внимателно следи неколку македонски судии и дека ...
Москва, 24 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека се обидува да ги минира мировните преговори, напаѓајќи ја руската енергетска мрежа. - Противниците на Русија прават сè за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес - нагласи Путин. Тој тврди дека Киев со помош на западните разузнавачки служби, ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и стратешките објекти. ...
Струга, 24 февруари 2026 (МИА) - Концесионерите на плажите на струшкото крајбрежје да го одржуваат јавниот простор, во спротивно секоја интервенција на екипите на јавното претпријатие „Комунално“ ќе биде фактурирана на одговорните, односно правните лица. Тоа го посочи денеска директорот на претпријатието Ресул Чолаку, по интервенцијата на потегот од хотел „Евро“ кон реката Сатеска. - Деновиве имаме акција за чистење на струшкото крајбрежје. ...
Скопје, 24.февруари 2026 (МИА) – Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА, се вели објавата на сајтот на ...
Скопје, 24.февруари 2026 (МИА) – Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер ...
Вашингтон, 24 февруари 2026 (МИА) - Американските воени сили запреа танкер за нафта под санкции во Индискиот Океан откако го следеа од карипските води, соопшти денеска Пентагон, додавајќи дека тоа е трета таква операција. Во соопштението на Икс, американското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили се качиле на бродот „Берта“ во текот на ноќта, тврдејќи дека танкерот за сурова нафта се обидувал да тргува и покрај санкциите поврзани ...
Никозија, 24 февруари 2026 (МИА) – Денешната билатерална средба меѓу кипарскиот претседател Никос Христодулидис и лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, е оценета како отворена и искрена, јави дописничката на МИА од Атина. Во одвоените изјави за медиумите веднаш по состанокот што траел речиси час и половина, двајцата лидери ја оценија позитивно средбата и посочија дека разговарале за мерките за градење доверба и се согласиле да им дадат ...
Куманово, 24 февруари 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Центар за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ денеска извршија увид на ИПА проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, од Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија – Македонија по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ во средното училиште „Перо Наков“. Во рамки на ...
Струга, 24 февруари 2026 (МИА) - Струшката полиција приведе 33-годишно лице од Неготино барано за доиздржување затворската казна во траење од шест месеци, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 13 часот и 35 минути на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полицијата од ОВР Струга го привела С.Д. (33) од Неготино. - Приведувањето е направено врз основа на судска наредба од Основниот суд Неготино за доиздржување на затворската ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите - најави министерот за ...
Битола, 24.февруари 2026 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик во Лигата на шампионите. Битолчани утре гостуваат во Данска кај вицепрвакот ГОГ. На првиот дуел во Битола кон крајот на септември минатата година Еурофарм Пелистер загуби со 28:31. Го анализираме ГОГ Гудме. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“. Ставаме ...
Осло, 24 февруари 2026 (МИА) - Поранешниот премиер на Норвешка, Торбјорн Јагланд пред една недела бил примен во болница по обидот да се самоубие. Норвешките медиуми не објавија за обидот за самоубиство на Јагланд, кој на 12 февруари беше осомничен за тешка корупција поврзана со неговиот близок однос со Џефри Епстин. Уредниците на норвешките медиуми се договориле со адвокатот на Јагланд да не известуваат за неговиот обид за самоубиство, но ...
Атина, 24 февруари 2026 (МИА) – Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика, јави дописничката на МИА од Атина. Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на економски раст и стабилно да остане над европскиот просек, но ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков е дел од циркусот, од режираното сценарио и диловите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот за правда, Игор Филков, што МИА ја пренесува во целост. Филков многу добро знае: за договореното сценарио за враќање на Груби. За дилот меѓу ВМРО и ДУИ, кој се реализира пред очите на јавноста. За контролата врз судството и ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Свечено беше отворена целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат ...
Москва, 24 февруари 2026 (МИА) - Коосновачот на „Телеграм“, Павел Дуров, е под истрага за помагање терористички активности, објавија денеска руските државни медиуми. Врз основа на материјали од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), државниот весник „Росијскаја газета“ тврди дека од 2022 година бројот на регистрирани кривични дела извршени со користење на апликацијата за пораки надминал 153.000. Се додава дека 33.000 кривични дела биле ...
Прага, 24 февруари 2026 (МИА) - Чешкиот претседател Петр Павел, денеска, на четвртата годишнина од рускиот напад врз Украина, изјави дека не изгледа оти војната ќе заврши набртгу и рече дека е поважно да се договори добар мир отколку брз и лош. „Најдобро би било војната воопшто да не почнеше. А ако веќе се случи, нека заврши што е можно побргу. Можеме да видиме дека нема решение во блиска иднина. Претпоставувам дека одреден напредок ќе биде ...
Штип, 24 февруари 2026 (МИА) - Околу 300 нови паркинг места се планираат во централното градско подрачје на Штип, најави директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски. Тој за МИА вели дека планирани се изградба на платформи на реката Отиња, но и катни гаражи. - Во тек е изработка на техничка и проектна документација за изградба на катна гаража, спроти хотелот „Гарни“, на ова место се очекува да имаме од 70 до 80 нови паркинзи, а исто така ќе ...
Пробиштип, 24 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат депониите во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека следна локација за чистење е во село Турско Рудари, а потоа и во сите останати места. Општина Пробиштип има индентификувано вкупно 14 точки со неправилно одложен отпад, а акцијата има цел враќање на ...
Делчево, 24 февруари 2026 (МИА) - Со засадување на 82 садници покрај спортското игралиште на планината Голак, денеска беше одбележана 82-годишнината од Февруарскиот поход – една од најзначајните операции на македонската антифашистичка борба во Втората светска војна. Активноста се реализираше во рамки на свеченоста организирана од Општина Делчево, која се одржа кај спомен-плочата посветена на Февруарскиот поход на Народноослободителната војска ...
Битола, 24 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со своите соработници, изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн. Реконструкцијата во оваа рурална средина опфаќа пет улици со вкупна должина од над 1.000 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од половина метар. Вкупната вредност на проектот е 7,2 милиони денари, а средствата се ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Унапредување на соработката во областа на уставното судство, било во фокусот на средбата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ. -На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Зголемен е бројот на ученици што се запишуваат во стручните училишта - за шест години евидентиран е раст од 12,2 отсто. Но, бенефитот од дуалното образование сè повеќе го препознава и бизнис-заедницата - речиси 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година Македонија има 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки. - Од 2007 ...
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и ...
Цирих, 24 февруари 2026 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува за одложување на интерконтиненталните плејоф натпревари за Светското првенство во 2026 година закажани во Мексико поради нагло зголемување на криминалот. Според „Атлетик“, натпреварите од завршниот турнир се исто така под знак прашалник. Во неделата на 22 февруари, мексиканското Министерство за одбрана спроведе операција за апсење на Рубен Немесио Осегуера ...
Москва, 24 февруари 2026 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека одлуката на западните земји да интервенираат во Украина го направи конфликтот многу поширока конфронтација. Зборувајќи точно четири години откако десетици илјади руски војници влегоа во Украина по наредба на претседателот Владимир Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека борбите продолжуваат, но дека Москва останува отворена за постигнување на своите цели преку ...
Бразилија, 24 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 14 лица загинаа, а 440 се раселени кога обилни дождови го погодија југоисточниот бразилски град Хуиз де Фора, соопшти локалното градско собрание. Дождот предизвика поплави и лизгање на земјиштето, а наставата во општинските училишта е прекината, соопштија локалните власти. Специјализирани тимови беа мобилизирани за да помогнат и да трагаат по исчезнатите. Федералните и државните агенции се повикани ...