Скопје, 29 јуни 2026 (МИА) - Последите податоци од Евростат, според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа, ги демантираат сите што не сакаат државава да успее - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Откога минатата недела имаше средби со претставници на синџир-маркети, а најави разговори и со производителите и доставувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во ...

Скопје, 29 јуни 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата, рече дека буџетот во културата е зголемен за 34 проценти и фокусот сега е ставен на реализирањето капитални проекти. -Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34 проценти е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на ...

Скопје, 29 јуни 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на ...

Скопје, 29 јуни 2026 (МИА) - Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго-сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст и на бројот на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата - порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по ...

Амстердам, 27 јуни 2026 (МИА) - Холандската влада ја повика Европската Унија да ја забрани продажбата на гуми за џвакање што содржат пластика, тврдејќи дека гумата за џвакање е главен извор на загадување со микропластика и дека претставува скап отпад што општините тешко го отстрануваат. Предлогот е доставен до Европската комисија и, доколку се усвои, забраната би можела да стапи на сила најрано во 2030 година, објавува НЛ Тајмс. Холандија ...

Берлин, 27 јуни 2026 (МИА) - Во Германија и Италија денеска има високи температури, додека топлотниот бран поврзан со десетици смртни случаи во Западна Европа се шири кон исток по рекордните температури над 40 степени Целзиусови. Во Велика Британија, Франција, Швајцарија и Германија има рекордно високи температур месецов, а временскиот систем би можел уште да тестира рекорди додека се движи низ Германија кон Полска. Според научниците, ...

Копенхаген, 27 јуни 2026 (МИА) - Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година. „Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс. Голем дел од Европа - од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје - е зафатен од топлотен бран, со ...

Женева, 27 јуни 2026 (МИА) - Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации. „Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на Обединетите нации. Тоа беа ...

Киев, 28 јуни 2026 (МИА) - Киев во текот на изминатата ноќ беше цел на руски напади со балистички ракети, во кои беа повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот, објави денеска началникот на полициската управа во Киев, Тимур Ткаченко. „Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот. Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече ...

Париз, 28 јуни 2026 (МИА) - Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни, досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој за весникот „Паризиен“ изјави дека повеќето давења се случиле во нерегулирани и небезбедни области за пливање, како што се реки, езера и бари, ...

Киев, 28 јуни 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Украина изминатата ноќ ги нападнала руските рафинерии за нафта во Краснодарскиот и Јарославскиот регион. „Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена - околу 300 ...

Париз, 28 јуни 2026 (МИА) - Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми. „Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ - феномен ...

Букурешт, 26 јуни 2026 (МИА) – Жителите на романскиот округ Тулча синоќа добија предупредувачка порака преку системот „Ро-Алерт“ поради руските напади со дронови врз Украина, во близина на границата со Романија. Романското Министерство за одбрана ги информираше сојузничките структури во реално време за ситуациите предизвикани од нападите и одржуваше постојан контакт со нив. Воздушната тревога беше откажана по четири часот утрово. Романија, ...

Атина, 26 јуни 2026 (МИА) – Ако една нарачка содржи книга, тефтер и пенкало, станува збор за три различни видови производи и во овој случај се наплатува царина од девет евра (по три евра за секој вид производ), на која се додава соодветното ДДВ и евентуални други давачки, објаснија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во однос на новата посебна увозна царина од три евра за секој различен производ што од 1 јули ќе се воведе ...

Анкара, 26 јуни 2026 (МИА) – Во Турција против 103 луѓе подигнати се обвиненија поради членство во терористички организации. Турската полиција и жандармерија на 23 јуни во Анкара приведе 225 луѓе под сомнение дека се членови на терористички групи, од кои 103 лица се обвинети, 32 се ослободени, додека другите осомничени сè уште се во судски постапки. Акцијата е спроведена како дел од подготовките за Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да ...

Белград, 26 јуни 2026 (МИА) - Во Србија во првите пет месеци од 2026 година се запленети седум тони наркотици најмногу марихуана и кокаин. Тоа денска во Белград го изјави Милан Пекиќ, директор на владината Канцеларија за борба против дрога, по повод Меѓународниот ден за борба против злоупотреба на дрога и шверц со дрога. „Следуваат различни видови синтетички дроги, нови психоактивни супстанции. Хероинот е во опаѓање“, рече Пекиќ. Тој додаде ...

Белград, 26 јуни 2026 (МИА) - Европската Унија повикува на транспарентна и веродостојна истрага за наводите дека против демонстранти за време на протестот на 15 март лани во Белград било употребено звучно оружје, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. Реагирајќи на тековната постапка во врска со наводната употреба на звучно оружје за време на протестот на 15 март минатата година, Гијом Мерсие рече дека „ЕУ внимателно ја ...

Атина, 26 јуни 2026 (МИА) – Седум од десет бездомни лица во Атина од економски причини останале без дом, еден од тројца на улица е пет или повеќе години, седум од десет бездомници се грчки државјани, а мнозинството се мажи, покажуваат резултатите од пописот на бездомни лица спроведен во октомври минатата година од општина Атина во соработка со Одделот за социјална политика на Универзитетот Пандио и со учество на 150 волонтери од Здружението ...

Белград, 27 јуни 2026 (МИА) - Во Белград, денеска, на платото пред Домот на Народното собрание, ќе се одржи митинг „Србија едно семејство“, на кој, како што е најавено, ќе бидат презентирани планови и програми за иднината на Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и други функционери, повикаа на митингот, а граѓаните ќе можат да се изјаснат што сметаат дека се нивни приоритети во развојот на земјата во иднина и да ги посочат ...

Атина, 27 јуни 2026 (МИА) – Траект со 1.246 патници и 108 членови на екипажот поради технички проблем и прекин на струја кусо по три часот утрово се насука во плитко во близина на грчкиот остров Милос, по што беше вратен на пристаништето, а по извршените проверки утрово доби зелено светло, безбедно да ја продолжи пловидбата кон Крит, без притоа да има повредени лица, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот „Кисамос“ на компанијата „Анек“, ...

Загреб, 27 јуни 2026 (МИА) – Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување за зависност од дрога во текот на 2025 година, при што опиоидната зависност останува најчеста причина за терапија, иако се бележи пораст на случаи поврзани со други психоактивни супстанции, соопшти Хина. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, вкупно 5.904 лица беа вклучени во програми за лекување минатата година. Околу 4.500 лица се лекуваа од ...

Белград, 27 јуни 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот Србија, едно семејство, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“. „За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. ...

Белград, 28 јуни 2026 (МИА) - Истекувањето амонијак од сигурносен вентил на ладилник во Гуча е запрено, а шестмина граѓани се испратени на лекарски преглед, јави утрово РТС. „Во Одделот за итни случаи на Општата болница Чачак, шест лица беа прегледани поради изложеност на амонијак во Гуча. Сите пациенти се во добра општа состојба, а по дијагностиката беа пуштени на домашно лекување“, се наведува во соопштението на болницата. Истекувањето ...

Белград, 28 јуни 2026 (МИА) - Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад. Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и локациите на сите активности за денеска. Вторпат, студентското движење ќе го одбележи празникот Видовден, претходно во 2025 година, голем протест се одржа на плоштадот ...

Скопје, 27 јуни 2026 - СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на нејзината прес-конференција, која МИА ја пренесува интегрално. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за ...

27 јуни 2026 Со силна порака за одговорна политика, институции што работат за граѓаните и европска иднина изградена врз македонските национални интереси, денес во Скопје се одржа првата панел-дискусија од караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, што Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го реализира во повеќе градови низ државата, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Пред бројни членови, ...

Скопје, 28 јуни 2026 - СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението ...

Скопје, 28 јуни - Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не ...

Скопје, 28 јуни 2026 - Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. Филипче доследно молчи на секоја бугарска ...

Скопје, 28 јуни 2026 - Владата на Мицкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб рече Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција која МИА ја пренесува интегрално. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07