Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Кавадарци, 25 февруари 2026 (МИА) - Сатирична работилница за деца се реализираше синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Марина Убавкова, модератор, културен координатор и уметнички соработник на настанот, рече дека станува збор за работилница, простор каде зборот станува игра, мислата станува уметност, а хуморот – начин на размислување. -Учениците од основните училишта имаат можност да се запознаат со создавањето на ...
Кичево, 25 февруари 2026 (МИА) - Денес го означуваме почетокот на културната мисија на Кичево како град на културата за 2026 година. Ова не е само титула, туку е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што овој град ги носи со децении - рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свеченоста, која се одржа во салата на Советот на Општина Кичево по повод отворањето на манифестацијата „Кичево - град на ...
Велес, 25 февруари 2026 (МИА) - Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија. Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. ...
Киев, 25 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Икс објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за утрешните преговори во Женева. Зеленски додаде дека на разговорот присуствувале и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. - Разговаравме за прашањата со кои нашите претставници ќе се занимаваат утре во Женева за време на билатералната средба, ...
Никозија, 25 февруари 2026 (МИА) – Ветеринарните служби во Република Кипар денеска се очекува да започнат со вакцинација на добитокот за шап и лигавка, поради зголемениот број случаи регистрирани во 11 сточарски фарми со погодени околу 14.000 животни, јави дописничката на МИА од Атина. Според кипарските медиуми, станува збор за гигантска програма за вакцинација што ќе започне од регионот на Ларнака, односно онаму каде што се регистрирани ...
Букурешт, 25 февруари 2026 (МИА) - По речиси осум месеци одложување, романската влада на владина седница ги усвои кратењата во администрацијата и пакетот за економско закрепнување. Како што пренесе БТА, ова беше соопштено на синоќешната прес-конференција, која се пренесуваше во живо на интернет. - Мерките ќе доведат до подобрување на квалитетот на јавната администрација во Романија. Таа ќе нуди подобри услуги за населението и ќе биде ...
Тирана, 25 февруари 2026 (МИА) - Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинѓи, денеска изјави дека ќе има зголемување на албанските сили во мировната мисија КФОР во Косово. -Новото учество ќе вклучува воздухопловна компонента, вклучувајќи хеликоптер „Кугар“ со пилот и технички екипаж, како и елементи за оперативна поддршка. Учеството во КФОР има за цел да го зајакне присуството и придонесот на ...
Софија, 25 февруари 2026 (МИА) – Бугарскиот сервис Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март поради прекин на финансирањето од САД, изјавија неименувани извори од Радиото. Тие додадоа дека активно работат на решение што „ќе ни овозможи да продолжиме да и служиме на нашата публика“. Директорката на романскиот сервис на Радио Слободна Европа, Елена Вијулие Танасе пред две недели на Фејсбук објави дека на 31 март ќе се затвори ...
Тирана, 25 февруари 2026 (МИА) - Полициски инспектор од полициската станица Камза, со уште две други лица, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра. - Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра ...
Лос Анџелес, 25 февруари 2026 (МИА) - Холивудскиот гигант „Парамаунт“ ја зголеми својата понуда за „Ворнер брос дискавери“, интензивирајќи ја битката за преземање на целата продукциска куќа со стрим-платформата „Нетфликс“. Одборот на „Ворнер“ во вторник изјави дека ќе го разгледа ревидираниот предлог на „Парамаунт“ за да утврди дали е подобар од понудата за студиото што веќе е договорена со „Нетфликс“. Според постојниот договор за спојување, ...
Скопје, 24.02.2026 Со цел да се премости дигиталниот јаз за најранливите категории млади лица, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и компанијата СЕТЕК денес потпишаа Меморандум за стратешко партнерство. Оваа соработка воспоставува долгорочен систем за обезбедување, сервисирање и донирање компјутерска опрема наменета за деца без родителска грижа и млади во социјален ризик. Преку ова партнерство, СЕТЕК ја става на располагање својата малопродажна ...
Скопје, 25.2.2026 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска одржа работна средба со претставници на граѓански организации кои ги претставуваат различните етнички заедници во земјата. Средбата беше организирана на иницијатива на вицепремиерот и министер Стоилковиќ, со цел навремено информирање на претставниците на заедниците за програмските активности и планираните проекти на ...
Скопје, 25 февруари 2026 - Амбасадата на Шведска на 27 јануари отвори повик за номинации за меѓународната награда ”Young Courage Award”, односно награда „Младинска храброст“, се вели во соопштението од Амбасадата кое МИА го објавува интегрално. За што станува збор? Наградата „Младинска храброст“ од 2015 година им се доделува на млади со цел „да се истакнат младите на возраст од 13 до 20 години, кои со мали ресурси направиле голема разлика и ...
Скопје, 25 февруари 2026 Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со очила и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40 отсто од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па сè до одредувањето куќен притвор од Обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, се вели во ...
25 февруари 2026 Секојдневните заложби на функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ се во насока на почитување на Уставот и законите, истите да важат и да се спроведуваат еднакво за сите, се наведдува во реакцијата на ЗНАМ; што МИА ја пренесува интегрално. Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка ...
25 февруари 2026 Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конферецнија, што МИА ја пренесува интегрално. ...
25 февруари 2026 Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел - финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил - Хактан на денешната прес конференција, се вели во соопштението од Левица што МИА го објавува интегрално. Предлогот предвидува двојно зголемување на ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја скрие вистината. Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес, институциите мора да работат по закон, а не на телефон - вели пратеникот Бране Петрушевски откога поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, објави на својот фејсбук-профил ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Венко Филипче и СДСМ се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДСМ. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат. Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, се наведува во ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ Венко ...
Кочани, 25 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел. -На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на предизвиците во периодот на закрепнување, како и за можните облици на понатамошна поддршка и продлабочување на соработката меѓу Општината и холандските партнери, информира службата за комуникации на ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги информираше амбасадорите на Полска, Црна Гора и Чешка за клучните проекти на Град Скопје, објави тој на неговата страница на Фејсбук. На работните средби со полскиот амбасадор Мариуш Бримора, црногорскиот амбасадор Зоран Миљаниќ и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, градоначалникот ги информирал за клучните приоритети и проекти на кои е посветен Градот Скопје, како ...
Штип, 25 декември 2026 (МИА) – Продолжува изградбата на новата обиколница од населбите Железничка и Пребег кон бањата Кежовица и индустриската зона и викенд населбата Плуждино во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека над 50 отсто од обиколницата е завршена, а дел од неа е веќе и асфалтирана. Тој истакна дека во наредниот период се очекува целосно завршување на активностите, со што Штип ...
Куманово, 25 февруари 2026 (МИА) - Претставници од релеватни институции од Куманово и други општини споделија мислења на регионалниот форум на заедницата за североисточен регион, за Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ), кој се одржа денеска во Занаетчискиот дом во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центарот за климатски промени во соработка со ...
Тетово, 25 февруари 2026 (МИА) - Државниот универзитет во Тетово беше домаќин на јавна дебата за новиот предлог-закон за високо образование, на која присуствуваа и претставници на Универзитетот на Југоисточна Европа. Од Државниот универзитет посочија дека нивните професори од сите 13 факултети доставиле забелешки и мислења на нацрт-законот преку единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР. Ректорот на Универзитетот во ...
Делчево, 25 февруари 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во работна посета на Општина Делчево во рамките на кампањата „Каде што срцето е дома“. За време на посетата, оствари средба со градоначалникот Иван Гоцевски и заедно извршиja увид во текот на градежните работи за реализација на проектот од ИПА-Програмата „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград-Делчево“, вреден околу 1 ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните активности за реконструкција на бензинската станица во населбата Расадник. Како што информира Општина Кисела Вода, на терен со градоначалничката беа и Дејан Спасеновски, директор на развој и инвестиции во „Макпетрол“ и Слободан Тасевски, советник за интерни и јавни набавки во компанијата. Објектот, кој датира ...
Штип, 25 февруари 2026 (МИА) – Штип се подготвува за милениумскиот обичај Ч’трсе. Со искачување на тврдината Исар и фрлањето на 40 каменчиња кон реката Брегалница, Штипјани го негуваат обичајот, кој е предвестие на пролетта. Директорот на Домот на млади-Штип, Видан Лазарев најави богата музичко-забавна програма. Литературни читања, музика, настапи на локални бендови и гости од други градови, организаторите подготвуваат целодневен настан за ...
Куманово, 25 февруари 2026 (МИА) - Советот на општина Куманово денеска усвои препораки кои ќе бидат упатени до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони во Ирак и Авганистан. Советниците на општината едногласно ги усвоија препораките со кои се бара ефективна и ефикасна соработка на институциите и фирмите каде што работеа кумановци за обезбедување ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Без вода вечер од 20:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани од булевар „Крушевска Република“ до Рампа. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улица „11 Октомври“ без број. Водоснабдување ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/ев/ Фото: МИА архива Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Без вода вечер од 20:30 часот ќе останат дел од ...