Лондон, 26 јуни 2026 (МИА) - Легендарната рок група Ролинг стоунс се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). - Мик Џегер никогаш нема да престане да создава нова музика, изјави Кит Ричардс, посочувајќи дека токму неговата креативна енергија и извонредна продуктивност се главните причини поради кои новиот албум бил завршен за толку кратко време. На новиот албум ќе гостуваат голем број познати ...

Берлин, 26 јуни 2026 (МИА) - Оваа година, „Мерцедес-Бенц“ слави 100 години од основањето на брендот. Можеби еден од најпрепознатливите автомобилски симболи во светот е создаден по основањето на „Дајмлер-Бенц АГ (Daimler-Benz AG)“ на 28. и 29 јуни 1926 година. Важен миг во создавањето на идентитетот на брендот се случи и на 21 август 1926, кога беше регистриран заштитен знак што ги спои двете компании. Овој амблем сè уште се користи на ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција не откри дали и во кој ресор ќе ја продолжи својата политичка кариера, имајќи ги предвид најавените смени во Владата и промена на ресорите помеѓу владините коалициски партнери. Алиу одговарајќи на новинарско прашање изјави дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Министерството за здравство ќе организира информативен караван за да им објасни на јавните здравствени установи, здравствените институции, компаниите, стартапите и сите заинтересирани како да аплицираат за средствата што се обезбедени со потпишувањето на договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека за околу ...

27/06/2026 08:38 - МИА

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Б. (37) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 13.06.2026 во 16:50 часот на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, при преглед кај него се пронајдени амфетамин и амфетамин помешан со метамфетамин. НККР Струга поднесе кривична ...

Атина, 26 јуни 2026 (МИА) – Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит и го призна убиството, денеска му беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот македонски државјанин, потстанар во нејзината куќа, ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година. Од 2 февруари до 22 јуни 2026 година преку „Безбеден град” се регистрирани и над 120.000 ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација ја почна својата работа пред две години во мала канцеларија што требаше да личи на кабинет, со наследени проблеми, субстандардни услови за работа, без систем и со дезорганизираност кај вработените. Не беше воопшто лесно, но го прифативме предизвикот и заедно со мојот тим, деноноќно, посветено работевме трасирајќи го патот на новото министерство кое испорачува за ...

Атина, 27 јуни 2026 (МИА) – Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Со ова, како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, се заокружува системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово. -Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични ...

Скопје, 27 јуни 2026, (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Јованка Кепеска (1940 година, Прилеп) е универзитетска професорка и социолог која со години се занимава со прашања поврзани со идентитетот, јазикот и државата. Таа е ќерка на човекот чие име тешко може да се одвои од нејзиното. Граматиката на Круме Кепески се смета за едно од темелните дела во кодификацијата на современиот македонски литературен јазик. А проф. д-р Кепеска со години работи на ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани, истакнала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања ...

Кавадарци, 26 јуни 2026 (МИА) - Во Кавадарци денеска беше претставен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изрази задоволство од Оперативниот план за активности и програмата и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. - Една позитивна мерка, добра мерка каде што младите луѓе може да се охрабрат да направат апликација за самовработување. Денешниот настан ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата, како што соопшти Министерството, била потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Во Собранието заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование. Потпретседателката Весна Бендевска рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се гласа за оваа точка, на што реагираше координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари од ДУИ. Таа праша зошто не може да се гласа, кога има кворум. Притоа побара да се утврди бројот на пратеницитете во салата и законските измени да ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. - Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Ќе продолжиме да работиме за да ги донесеме реформските закони. Нема да дозволиме деструктивните партии СДСМ и ДУИ да го закочат овој процес, рече вечерва координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, откако по неколку паузи продолжи собраниска седница на чиј дневен ред во моментов е дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка. -Разговаравме на ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Собранието вечерва ги заврши општите претреси на предлог-законите за изменувања и дополнувања на законите за работно ангажирање лица, за Советот на јавни обвинители и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и општите претреси на дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование и на дополнетиот предлог-закон за финансиски лизинг, со што е исцрпен дневниот ред на 106. ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе одржи прес-конференција, на која ќе информира за отпочнатите и реализирани проекти и активности во надлежност на Министерството. Како што информираат од Кабинетот на министерот, предвидено е прес-конференцијата да почне во 11 часот во Министерството за дигитална трансформација. бд/дма/ Фото: МИА архива Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Министерот за ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор, зашто првата задача на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе биде, во најголема можна мера да го дигитализира македонскиот дигитален јазичен корпус. И во таа смисла, ќе имаме производ — алатка што работи на македонски јазик, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Кочани, 25 јуни 2026 (МИА) - Црвениот крст Општинска организација Кочани денеска ја реализираше редовната јунска крводарителска акција, на која крв даруваа 34 крводарители од кои 8 млади лица. Акцијата е седма по ред што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип. Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака биле бесплатно распределени корпи за селекција на ...

Неготино, 26 јуни 2026 (МИА) - Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Утрово во осум часот во ОВР - Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола ...

Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината. На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина ...

Скопје, 11 јуни 2026 (МИА) Даниела МАРКОСКА-АЛЕКСОВСКА Постојат градови што ве оставаат без здив уште при првата средба. Градови чии величествени булевари, монументални градби и раскошни плоштади веднаш го привлекуваат вниманието. Но постојат и места што полека и ненаметливо ви се вовлекуваат под кожа оставајќи трага што долго останува во сеќавањето. Братислава е токму таков град. Сместена на бреговите на моќниот Дунав, словачката престолнина ...

Берлин, 25 јуни 2026 (МИА) - Германецот Андре Ортолф постави нов Гинисов рекорд откако успеа да изеде неверојатни 1.273 грама мед за само 60 секунди, односно повеќе од еден килограм од овој сладок производ. Несекојдневниот настан бил реализиран во Аугсбург, а постигнатиот резултат официјално бил признат од Гинисовата книга на рекорди. View this post on Instagram Ортолф веќе со години е познат како еден од најуспешните рекордери во ...

Лос Анѓелес, 25 јуни 2026 (МИА) - Американската глумица Кејт Хадсон и нејзиниот шпански колега, „оскаровецот“ Хавиер Бардем, на 23 јуни ги снимија првите сцени од новата љубовна комедија во Њујорк. Се работи за филмот „Здраво и Париз (Hello & Paris)“, чиешто снимање допрва почнува. Според описот објавен од „Варајети (Variety)“, приказната е за самовработен архитект (Бардем) и успешен романописец во креативна криза (Хадсон), кои по ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.68
63%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.1
87%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76