Штип, 3 јули 2026 (МИА) - Во Штип се активни два големи пожари – на тврдината Исар и во селото Чардаклија, каде што се зафатени фотоволтаични системи. Во моментов сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци од ДПД од Штип, како и населението и волонтери, се на терен во населбата Исар, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не се дозволува пожарот да дојде до најблиските објекти. Градоначалникот на ...

Неготино, 3 јули 2026 (МИА) - „Пристапен музеј, култура без бариери“ е насловена изложбата на дела изработени од лица со ментален хендикеп, што денеска беше отворена во Музеј на град Неготино, во соработка со Центар за лица со ментален хендикеп, неготинска „Порака“. Изложени се цртани дела и предмети моделирани со глина. - Уметноста нѐ поврзува, различноста нѐ збогатува, заедно создаваме култура без бариери, културата е за сите, заедно ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште. Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна ...

Прилеп, 3 јули 2026 (МИА) - Денеска е последниот ден за аплицирање за мерката за самовработување, а интересот е значително поголем во однос на лани. Заклучно со вчера, пријавени се повеќе од 5.000 кандидати, од кои 2.002 се млади до 29 години, информира заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески при посетата на Центарот за вработување во Прилеп. -Ги посетивме центрите за вработување низ земјава и реализацијата на годинашниов ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Продолжуваат активностите во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, каде граѓаните на пуктови во околината на Општина Чаир можат да добиваат бесплатни совети и здравствени услуги. Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со директорот на Здравствен дом Скопје, Самир Исени, ги посетиле пунктовите каде што се реализираат активностите, со цел одблиску да се запознаат со нивниот ...

Пробиштип, 4 јули 2026 (МИА) - Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната ...

Скопје, 4 јули 2026, (МИА) -Во вториот дел од разговорот со српскиот психолог и психотерапевт и коосновач на институот Beautiful Minds, Јелена Станивуковиќ, се фокусираме на динамиката во партнерските односи, бракот и предизвиците на модерното, дигитално живеење. Станивуковиќ, која е автор на популарниот концепт „Партнерологија“, објаснува како мажите и жените различно реагираат во конфликт и зошто здравото семејство не бара партнерите да ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 23 лица во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево, откако кај нив е пронајдена дрога. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Б.(19), Г.Љ.(38), М.Б.(22), Н.Т.(25), М.А.(40) сите од ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто. Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради ...

Неготино, 4 јули 2026 (МИА) - Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР - Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, ...

Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ги изнесат своите ставови, прашања и забелешки. ТИТАН Усје го поздравува учеството на јавноста и верува дека аргументиран дијалог и размената на информации се најдобар начин за градење доверба, се вели во соопштението од ТИТАН УСЈЕ, што МИА го објавува интегрално. 3 јули 2026 Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднело кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата тие не спречиле незаконско работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани и овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. УХМР објави дека количината ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, за што е поднесена кривична пријава против две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03 јули годинава извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје. -При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Во врска со изјавите изнесени на прес-конференција од страна на советниците од опозицијата, Општина Чаир смета дека јавноста треба да биде информирана врз основа на факти, а не на тврдења кои не ја одразуваат реалната состојба. Тврдењето дека Општината треба да формира Комисија за евидентирање и проценка на штетите е неосновано, бидејќи Комисијата за процена и утврдување на висината на штетите од природни непогоди ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи - информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување ...

Струга, 4 јули 2026 (МИА) - Слаѓана СТОЈКОВА КОСТОСКИ Поезијата е простор на слободата, а јазикот не смее да биде средство за поделби, туку мост што ги зближува луѓето, смета годинашната добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга. „Златниот венец“ го доживува како огромна чест и признание што не го очекувала, а објавувањето на својата поезија на македонски јазик го нарекува длабоко ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот. Тој е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат дополнителни средства за законските обврски што значат редовна исплата на платите во секторите во кои е обезбеден раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Компаниите да бидат конкретни во барањата, да кажат точно што им треба, кои услуги да се дигитализираат. Ни недостасува фидбек од нив. Им стоиме целосно на располагање. Изминативе две години покажавме дека сме многу отворени и за коментари, и за критики, и за нови идеи, и за заедничка соработка, но мислам дека е потребно малку повеќе да ги операционализираме работите, да намалиме со бројката на состаноци, а да ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Според податоците на УЈП, даночните приходи бележат раст од 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании. Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како на дополнителен трошок, а денес е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре претпладне ќе ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. По образложението на ребалансот од страна на ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, во попладевното продолжение на седницата опозициските пратеници оценија дека со ребалансот не се адресираат ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Одржливоста на компаниите и на економијата не е дестинација, туку едно патување и трансформација. Компаниите што ќе успеат не мора да бидат најголемите, туку оние што најбрзо се приспособуваат, најмногу иновираат и градат отпорност преку начинот на кој работат, изјави меѓудруготото заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска на завршната сесија на конференцијата ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Гасоводниот интерконектор со Грција ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде денеска се одржала средба на ресорната министерка Сања Божиновска, со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на грчкиот оператор на системот за ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. - Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) – Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена за в понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки - предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Пред пратениците ќе се најде ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД. Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35