Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Лондон, 23 ноември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер се согласија во телефонски разговор денеска дека треба да работат заедно во овој критичен момент за воспоставување праведен и траен мир во Украина. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска се сретна со делегација од Киев во Женева со надеж дека ќе го унапреди планот на американскиот претседател откако Зеленски го отфрли во петокот и ...
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина. Сиљановска-Давкова, на доделувањето на орденот вечерва во Македонската ...
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во ...
Бејрут, 23 ноември 2025 (МИА) - Во денешниот израелски воздушен напад во јужните предградија на Бејрут, упориште на проиранскиот Хезболах, загинаа пет лица, а 28 се повредени, објави либанското Министерство за здравство. Како што објавија повеќе израелски медиуми, началникот на штабот на Хезболах, Али Табатабаи, е убиен во нападот денеска. Нападот погодил деветкатна зграда во густо населен дел од предградието. Либанскиот претседател Џозеф Аун ја ...
Вашингтон, 23 ноември 2025 (МИА) - Во Женева завршија преговорите меѓу високо рангирана американска делегација и претставници на Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека денешните состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега. По овие разговори, Рубио изјави дека ...
Киев, 23 ноември 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев. „Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски ...
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Оперскиот пејач Игор Дурловски, во реакција по последните случувања во Кавадарци повика да се воспостават јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувачи, како и да се формира стручно и компетентно тело кое ќе ја уреди оваа област. - Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се ...
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Абуџа, 23 ноември 2025 (МИА) - Педесет од 303 деца киднапирани од католичко училиште во северната држава Нигер избегаа и сега се со своите семејства. Учениците, на возраст меѓу 10 и 18 години, успеаја да избегаат поединечно во петокот и вчера, според Булус Даува Јохана, претседател на Нигериската христијанска асоцијација и сопственик на училиштето. Киднаперите сè уште држат 253 деца и 12 наставници. „Успеавме да го потврдиме ова кога решивме да ...
Ерусалим, 23 ноември 2025 (МИА) - Израел планира да прифати илјадници Индијци кои се идентификуваат како потомци на библиското племе Менаше во наредните години, објави денеска канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, цитирана од ДПА. Владата го одобри предлогот на Нетанјаху, кој ќе им овозможи на 1.200 членови на заедницата Бнеи Менаше од североисточна Индија да имигрираат до крајот на следната година. Се очекува вкупниот број да достигне ...
Пекинг, 23 ноември 2025 (МИА) - Јапонија ја премина црвената линија со коментарите на нејзиниот нов лидер кои сугерираат потенцијална воена интервенција над Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. Коментарите на јапонската премиерка Санае Такаичи претходно овој месец дека поморската блокада на Кина или други дејствија против Тајван би можеле да бидат основа за јапонски воен одговор беа „шокантни“, рече Ванг во ...
Лондон, 23 ноември 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“. Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“. -Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне договор во четврток. Тоа не значи ...
Киев, 23 ноември 2025 (МИА) - Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. „Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева. ...
Вашингтон, 23 ноември 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши. Келлог е уверен дека Трамп ќе ја заврши војната, која ја опиша како „најдолгата војна во Европа од Втората светска војна“. „Ние во војската секогаш велиме дека најтешкиот дел е да се стигне до последните 10 метри. Ние сме ...
Женева, 23 ноември 2025 (МИА) - Европските земји презентираа ревидирана верзија на американскиот план за Украина со која се зголемува предложената големина на вооружените сили на земјата и разни територијални отстапки, според документ што денеска го виде Ројтерс, пренесуваат агенциите. Контра-предлогот е изготвен од таканаречените европски сили Е3 - Велика Британија, Франција и Германија - изјави извор запознаен со документот. Документот се ...
Дебар, 23 ноември 2025 (МИА) - Монашкото братство на Бигорскиот манастир, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиска медицина, денеска реализира крводарителска акција под мотото „Подари капка живот-Дај крв, прими дух“. - Ова е прва ваква активност во нашиот манастир. Да ја даруваат драгоцената течност што живот значи се пријавија над 40 лица а ја даруваа 32 , останатите поради оправдани причини не можеа да го сторат тоа. Ја ...
Лос Анџелес, 23 ноември 2025 (МИА) - Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден, стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој постави рекорд во постигнување поени во еден натпревар за два различни тима. Во победата од 131:116 над Шарлот Хорнетс, Харден синоќа постигна 55 поени, најмногу во еден натпревар во историјата на Клиперс. Тој исто така имаше три скока и седум асистенции. Со Хјустон Рокетс во 2019 година, Харден двапати постигна 61 поен во ...
Вашингтон, 23 ноември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на ...
Атина, 23 ноември 2025 (МИА) – Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на ...
Скопје, 22 ноември 2025 (МИА) - Висок триумф забележа Алкалоид вечерва над Тиквеш во рамки на ракометната Суперлигата (33:24). Мечот го одбележа враќањето на теренот на Никола Костески по повеќемесечната пауза поради повреда на тетивата. Најдобар стрелец во домашниот тим беше Ненад Костески со шест гола. На другите натпревари од 13. коло одиграни вечерва: Бутел – Радовиш 36:20 Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер 25:31. На табелата води Вардар со ...
Њукасл, 22 ноември 2025 (МИА) - Манчестер сити вечерва загуби со 2:1 на гостински терен од Њукасл во 12.коло на Англиското фудбалско првенство. Харви Барнс постигна два гола за домаќините. Англичанецот постигна гол во 63. и 70. минута. Рубен Дијас го постигна единствениот гол за Сити во 68. минута. За „Граѓаните“ ова е втор пораз на последните четири натпревари во Премиер лигата. На 26 октомври, загубија со 1:0 од Астон Вила, а помеѓу тој ...
Њујорк, 22 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот НБА кошаркар Родни Роџерс почина на 54-годишна возраст, објави Бруклин Нетс. За време на неговата НБА кариера, тој играше за Денвер, Клиперс, Феникс, Бостон, Њу Џерси, Њу Орлеанс и Филаделфија. Во сезоната 1999/2000, Роџерс беше прогласен за „Шести играч на годината“. Одигра 866 НБА натпревари, со просек од 10,9 поени, 4,5 скока и 2,0 асистенции. Во ноември 2008 година, Роџерс имаше несреќа со мотоцикл ...
Ливерпул, 22 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е разочаран од денешниот убедлив пораз од Нотингем Форест. „Црвените“ на свој терен загубија со 0:3. - Тешко е да се измери колку е лош овој резултат, но секако е многу лош. Играњето дома и губењето со 3:0 е многу, многу, многу лош резултат. И е неочекувано, со оглед на првиот половина час, кој го одигравме добро. Веројатно никогаш не сме создале толку многу шанси во првиот ...
Лас Вегас, 23 ноември 2025 (МИА) - Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул утрово победи на трката во Формула 1 во Лас Вегас за Големата награда на САД. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 20,741 секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет, 23,546 секунди зад победникот. На две трки до крајот на сезоната, Норис останува лидер во пласманот на возачи со 408 поени, 30 поени пред Оскар Пјастри, Верстапен е на ...
Лас Вегас, 23 ноември 2025 (МИА) - Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, се соочуваат со дисквалификација по Големата награда на Лас Вегас. Двајцата возачи се соочуваат со казни поради технички проблеми со нивните автомобили. Норис заврши втор на трката, додека Пјастри беше четврти. Техничкиот делегат на Меѓународната федерација за автомобили (ФИА), Џо Бауер, објави официјален документ по инспекцијата на автомобилите на тимот. - ...
Штип, 23 ноември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција, Јанта Волеј викендов во 7. коло од Првата лига загуби со максимални 0:3 на гостувањето кај Младост УГД во Штип. За Јанта Волеј ова е трет пораз во низа. Младост УГД со новите три бода се искачи на четвртата позиција на табелата, додека Јанта Волеј КВ падна на петтата. Резултати 7. коло Прва лига жени: РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0:3 (18:25, 22:25, ...
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Без изненадувања минаа натпреварите од шестото коло во Првата одбојкарска лига. Фаворитите беа сигурни во соочувањата со своите ривали и рутински стигнаа до трите бода. Постигнати резултати: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3:0 (25:19, 25:19, 25:10) СТРУМИЦА – УНИ ВО ТЕТОВО 3:0 (25:13, 25:11, 25:18) ЈАНТА ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА ЏИО 1:3 (21:25, 13:25, 25:23, 13:25) ЛИРИЈА – ШТИП УГД 0:3 (17:25, 11:25, 25:27) РАБОТНИЧКИ – СУШЕВО 3:1 ...
Минхен, 23 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Баерн, Винсент Компани, се осврна на вчерашниот триумф со 6:2 над Фрајбург во 11-то коло од Германското фудбалско првенство. Баварците до победата дојдоа со резултатски пресврт, откако губеа со 0:2 по 17 минути игра. - Без сомнение, нашиот најважен момент беше кога го постигнавме вториот гол. Играчите ја создадоа таа фаза од нападот. Имаше многу квалитет. Не многу играчи се способни за такво нешто. Се ...
Лас Вегас, 23 ноември 2025 (МИА) - Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ги поништи резултатите на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри остварени утрово на Големата награда на Лас Вегас. Дваесет и шестгодишниот Британец заврши втор во трката, додека 24-годишниот Австралијанец заврши четврти. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи. Причината за дисквалификацијата беше прекршување на техничките прописи на шампионатот. По ...
Ливерпул, 23 ноември 2025 (МИА) – Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 3:0 од Нотингем Форест вчеравечер во домашниот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига. - Сите сме разочарани и така треба да биде. Поразот дома од Нотингем Форест е, според мене, многу болен. Лошо е. Тоа е најљубезното нешто што можам да го кажам за тоа, изјави 34-годишниот Холанѓанец. Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со ...