Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, објави премиерот Христијан Мицкоски. - Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 49,7 проценти кај граѓаните кои се определиле за која партија би гласале на следните избори, покажува најновата анкета спроведена за порталот МКД.мк. Според резултатите, кај испитаниците кои навеле конкретна партија (497 испитаници), ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 49,7 проценти, пред СДСМ со 14,9 проценти. Следуваат ДУИ со 12,1 процент, ВЛЕН со 10,7 проценти, Левица со седум проценти, ЗНАМ ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. -Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) – Собраниската Комисија за финансирање и буџет и денеска ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е втор ден од општата расправа по предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, по кој поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум амандмани. Дали средствата од Буџетот се правилно насочени ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во периодот што следи спорот ќе продожи да биде еден од врвните приоритети на Владата, при што нагласи дека во моментот работат на неколку позиции во државата во однос на инвестирање во различни спортски објекти. -Работиме на неколку позиции во државата кога станува збор за спортски центри, базени, сали, игралишта. Една сала веќе е пуштена во Скопје, салата Расадник, ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите. -Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада. Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар. Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека ним како Влада им е важно без разлика за кои избори станува збор, тие да бидат организирани кредибилно, како што биле локалните, по, како што рече скандинавски модел, но додаде и дека е мошне битно да и се овозможи да дијаспората да учествува во тие процеси, напоменувајќи дека денеска во 14 часот повторно ќе има состанок во Парламентот за да најде модалитет на ...
Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува гасоводниот интерконектор со Грција да биде завршен во првата половина од следната година. -Во првата половина од следната година очекувам да биде готов, еве и да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод. Веќе е објавен од страна на Номагас интерконекторот ...
3 јули 2026 Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“. Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација? Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија - колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) - СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што ...
3 јули 2026 Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, се осврна на измените на Изборниот законик, како и големиот број на амандмани за истиот, поднесени од страна на опозициските партии СДС и Левица и истакна дека најнапред тие треба да се архивираат, преведат, па дури потоа да се дебатира за секој еден од нив, поединечно, нагласувајќи дека истите во секое време ...
3 јули 2026 Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека СДСМ нема да дозволи изборен грабеж и нема да поддржи измени на Изборниот законик без јасни законски и безбедносни гаранции. Таа истакна дека предложените измени не смеат да ги загрозат демократските стандарди и интегритетот на изборниот процес, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. „За еден ваков реформски закон, ...
Делчево, 2 јули 2026 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево соопшти дека во тек се технички интервенции за отстранување на дефектите на водоснабдителниот систем во село Град, поради што водата во моментов не се препорачува за пиење и подготовка на храна. Од претпријатието информираат дека во изминатиот период биле преземени активности за оптимализација на водоводната мрежа, но поради осцилациите во приливот на вода, ...
Велес, 2 јули 2026 (МИА) – Во дворот на Подрачното основно училиште „Лирија“ во селото Долно Јаболчиште денеска свечено беше пуштен во употреба „Парк на пријателите“, донација од Амбасадата на Косово во Скопје, соопштија од Општина Чашка. Паркот е опремен со детски реквизити и фитнес справи, а неговата реализација е иницирана од градоначалникот Суат Шаќири, во соработка со амбасадорот на Косово во земјава Флоријан Ќехаја, кој присуствуваше на ...
Скопје, 2 јули 2026 (МИА) - Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје. Како што соопштија од Град Скопје, проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што ...
Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Општина Чаир, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, вечерва реализираше акција за миење на главните сообраќајници на територијата на општината, со цел отстранување на наносите и нечистотиите што останаа по невремето, информира локалната самоуправа во соопштение што МИА го објавува интегрално. На терен беа ангажирани две цистерни на ЈП „Комунална хигиена“, кои ги исчистија најфреквентните сообраќајници, со цел ...
Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во ...
Струмица, 3 јули 2026 (МИА) - Општина Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР во несреќата што се случи на 10 јули 2014 година, соопштија од локалната самоуправа. Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за ...
Битола, 3 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски продолжија со традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа. Фокус на денешната средба во кабинетот на битолскиот градоначалник беа инфраструктурните проекти, изградба на спортски игралишта и спортски сали, а наскоро ќе биде објавен јавен повик за набавка на ...
Битола, 3 јули 2026 (МИА) - Здружението YMCA во соработка со ЈУ Национален парк „Пелистер“ почна со реализација на Националните лидерски кампови и на Пелистер. Лидерските кампови се организираат со цел едукација на младите во повеќе области, односно личен раст, кариерен развој, животна средина, граѓански ангажман и лидерство. Во моментов во националниот парк „Пелистер“ се реализира Национален камп за девојки со вкупно 50 учесници за кои ...
Дебар, 3 јули 2026 (МИА) - Во организација на мисијата на ОБСЕ, во Тирана се одржа тркалезна маса посветена на изборните права и политичкото учество на националните малцинства во Албанија. На настанот учествуваа претставници на националните малцинства, како и претставници на Државната изборна комисија. Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во своето обраќање истакна дека актуелниот Изборен ...
Скопје, 1 јули 2026, (МИА) - Генетска револуција што го враќа времето назад, тоа е она на што во моментот работи еден од најпознатите светски генетичари во светот, Дејвид Синклер. Тој прави целосен рестарт на клеточниот софтвер и наместо да стареат, клетките се подмладуваат. Пред неколку месеци Синклер направи пресврт, клиничките испитувања добија зелено светло од американската агенција ФДА и од фазата тестирање животни, почнуваат испитувања ...
Вашингтон, 1 јули 2026 (МИА) - Актерката и режисерка Оливија Вајлд откри дека актерот Волтон Гогинс ѝ го спасил животот за време на опасна несреќа на снимањето на филмот „Каубојци и вонземјани“ („Cowboys and Aliens“) од 2011 година. Таа за опасниот момент зборувала во една епизода од популарниот поткаст „Експерт на фотелја“ („Armchair Expert“), каде во разговор со водителот Дакс Шепард се присетила на ситуацијата која можела да заврши ...
Прага, 2 јули 2026 (МИА) - Канибализмот е табу во човековите општества, не поради инстинктивната одбивност кон човековото месо, туку, се чини, затоа што е штетен за членовите на општествата што го практикуваат, како што потврдија научници од Полска и Чешка. Имено, Михал Мисијак од Универзитетот на Вроцлав и Петр Туречек од Карловиот Универзитет во Прага, научно докажаа дека долготрајното и често јадење човечко месо може да доведе до болест ...
Пченкарниот ослич е вкусно и едноставно јадење со крцкава златна кора и сочно месо. Мариниран со кромид, лук и зачини, а потоа валкан во пченкарно брашно, добива богат вкус и пријатна крцкавост. Состојки: 2 ослича неколку лажици пченкарно брашно сол, вегета и црн бибер по вкус 3 чешниња лук 1 главица кромид масло за маринирање и пржење гранче рузмарин Подготовка: Доколку рибата е цела, исчистете ја, отстранете ги главата, опашката и ...
Вашингтон, 2 јули 2026 (МИА) - Американскиот актер и активист Дени Гловер, најпознат по улогата на харизматичниот полицаец во серијата „Смртоносно оружје“, откри дека боледува од Алцхајмерова болест. Овој 80-годишен актер четири пати е номиниран за наградата Еми. - Пред три години ми беше дијагностицирана прогресивната болест која ја уништува меморијата, изјавил Гловер за списанието Пипл. Сè уште не можам да го прифатам тоа. Има моменти на ...
Вашингтон, 2 јули 2026 (МИА) - Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион. „Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си. - Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се ...
Лос Анџелес, 3 јули 2026 (МИА) - По повеќе од две десетлетија емитување, криминалистичката серија „Нејви“ (NCIS) останува една од најгледаните во светот, а името на Марк Хармон е синоним за нејзиниот успех. Затоа веста за неговото враќање во приказната одекна кај милиони обожаватели. Глумецот ќе го повтори ликот што ја одбележа неговата кариера - истражителот Лерој Џетро Гибс, но овојпат во серија што претходи на оригиналот - „Нејви: ...
Бразилија, 3 јули 2026 (МИА) - „Автомобил Хонда сивик веќе шест години стои паркиран на паркингот на аеродромот во Рио де Жанеиро, а неговиот сопственик должи дури 30.000 евра за паркирање“, пренесе француски Фигаро. Автомобилот повеќе нема регистарски таблички, сите четири гуми му се издишани, а се чини дека сопственикот исчезнал, и покрај големиот долг што го направил. Возилото, произведено во 2008 година, сега е покриено со прашина и ’рѓа ...