Скпје, 4 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде ...

Скопје, 5 јули 2026 (МИА) - Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. -Но, ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) – Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. На вториот ден од општата расправа по предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, пратениците од владејачкото мнозинство порачаа дека ребалансот, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните ...

Скопје, 5 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар. Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. ...

Кавадарци, 5 јули 2026 (МИА) - Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во ...

Скопје, 5 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда. Мицкоски по поставување камен-темелник на изградба ...

Кавадарци, 5 јули 2026 (МИА) - За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се вратени 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест гдоини. Посочи дека се вратени предвреме со што, рече, се заштедени неколку милиони евра. -Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада ...

Кавадарци, 5 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска по поставувањето камен темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци посака успешна работа и напомена дека за околу една година овој проект ќе биде завршен. -Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на ...

Скопје, 5 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска за време на работната посета на Катар оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. На средбата, како што објави Муцунски на Фејсбук, биле потврдени одличните билатерални односи и биле разгледани можностите на нивно продлабочување, особено во сферата на ...

Атина, 3 јули 2026 (МИА) – Врските меѓу Република Грција и Соединетите Американски Држави се длабоко вкоренети во заеднички вредности и се засноваат на заеднички цели и интереси како стратешки партнери, пишува во писмото од грчкиот претседател Константинос Тасулас до американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-фодишнната од независноста на САД, јави дописничката на МИА од Атина. Тасулас му упатува честитки на Трамп и желби за ...

Софија, 4 јули 2026 (МИА) – Пред зградата на бугарското претседателство во центарот на Софија синоќа се одржа вториот антивладин протест, организиран од незадоволни активисти и здружението на граѓани „Борец“, а се спроведе под слоганот „АНТИРадев“ против политиката на бугарскиот премиер и влада кон Русија. Како и минатиот викенд протестот завршија со интонирање на бугарската химна од периодот 1886-1947 година - „Шуми Марица“. Еден од ...

Атина, 4 јули 2026 (МИА) – Спасувачка акција за пронаоѓање на евентуално исчезнати мигранти, веројатно три лица во морскиот дел северно од островот Самос, спроведува грчката крајбрежна служба, откако претходно крајбрежната служба на Турција спасила 34 лица, кои побарале помош, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија опсежната операција за пребарување и спасување е во тек од вчера попладне, започнала по ...

30 јуни 2026 Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата. И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и експанзија на ...

Скопје, 30 јуни 2026 (МИА) - Герасимовски и СДС си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во Центар, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри. ВМРО-ДПМНЕ не е против нови ...

Скопје, 30 јуни 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи во текот на јуни одржа шест работилници за системот „Е-фактура“, на кои учествуваа 90-ина компании што ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници. Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето - информира Управата за јавни приходи во ...

1 јули 2026 Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - „Отворениот дијалог за клучните теми е единствениот начин за градење доверба“ - порача министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, по завршувањето на денешната јавна расправа за обнова на А-интегрираната дозвола за цементарницата Титан-УСЈЕ, се наведува во соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање кое МИА го пренесува интегрално. Министерот упати благодарност до ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Позициите на СДСМ се јасни и принципиелни во однос на Изборниот законик и ќе останеме конструктивни, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција го повтори ставот за различниот начин на гласње на дијаспората. - Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето кои живеат во дијаспора, од луѓето ...

3 јули 2026 Во рамки на работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и реализацијата на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а согласно одлуките на Централниот одбор, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, оствари работни посети на општинските организации во Прилеп и Битола. На состаноците со Извршните одбори во проширен состав се разговараше за тековните активности на организациите, за ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Европската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите. Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Оценка на Европската комисија е ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Стравот од изборен пораз не смее да биде причина за блокада на Изборниот законик од страна на СДС, Венко Заев и Левица на чело со Апасиев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. СДС и Левица со поднесување на десетици илјади амандмани го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, иако неговите решенија со месеци беа усогласувани со учество на сите политички партии. Со ваквите ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица, што МИА го пренесува интегрално. „Зошто немаме нов Изборен законик и зошто тој сега е блокиран во Собранието? Триесет ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Владата на Христијан Мицкоски, составена од тендер коалицијата - ВМРО и ЗНАМ, ја доведе државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Економијата е во слободен пад. Инфлацијата ги изеде платите, цените на основните производи континуирано растат, а минималната плата не е зголемена. ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Она што денес се претставува како „платформа за иднината на Македонија“ е само ново пакување на стариот проект ЗНАМ. Ист организатор. Ист финансиер. Исти медиуми. Исти таканаречени „независни“ новинари и аналитичари кои сега, откако излегоа од дупките, отворено ја промовираат платформата за иднината на Христијан Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ова не е нова политичка ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Реконструкцијата на Владата која ќе се гласа на 13 јули не е ништо друго освен централизација на моќта во рацете на Христијан Мицкоски. Она што се претставува како „освежување“ е всушност чист театар, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Се менуваат министри, но политиките остануваат исти. Се менуваат лица, но неуспесите продолжуваат. Ова не е реформа - ова е консолидација на лична власт. ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Денеска сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати. Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската ...

Скопје, 4 јули 2026 (МИА) - Денеска објавуваме уште еден скандал. Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, стои во ...

Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино, во рамки на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура. Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од пет метри. Како што информира Општината, асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34