Во текот на седмата недела од годинава, во Македонија се пријавени 1.150 случаи на грип и заболувања слични на грип, што во споредба со минатата недела (1.306 заболени), значи намалување од 11,9 проценти, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај. Бројот на пријавени случаи оваа недела е значително понизок во однос на истиот период минатата сезона, кога биле евидентирани 2.726 случаи, што е пад од 57,8 отсто. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги истакна црвените линии на Киев за мировните преговори, територијалниот интегритет и идните безбедносни аранжмани во опширно интервју со британскиот водител Пирс Морган. Зборувајќи во услови на континуирани борби и чувствителни меѓународни преговори, Зеленски нагласи дека завршувањето на војната е непосреден приоритет – но не по цена на демократскиот легитимитет, територијалниот интегритет или ...

За евроинтеграцијата на државата од суштинско значење, посебно во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат Северна Македонија, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски, истакна известувачот ...

Четири градилишта на територија на Општина Центар се санкционирани поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што го загрозувал движењето на пешаците и сообраќајот, соопштија од локалната самоуправа. Општинските инспектори, во рамки на редовните контроли, изготвиле записници и издале прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“. За утврдените прекршоци ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека повеќе од 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Одговарајќи на прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум, Муцунски посочи дека на последната владина седница предложил повеќе имиња за шефови на дипломатско-конзуларни ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. „Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за ...

Поранешниот британски министер за финансии Џорџ Озборн предупреди дека државите кои нема да ги прифатат напредните системи на вештачка интелигенција би можеле да заостанат економски и технолошки, соочувајќи се со послаба економија и одлив на таленти, објави Гардијан. Озборн, кој неодамна започна да работи во „OpenAI“ како раководител на програмата „за државите“, говореше на меѓународниот Самит за влијанието на вештачката интелигенција , каде ...

Активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“ организираат сценско читање на „Монолозите од Газа“ на Академската сцена на ФДУ . „Монолози од Газа“ е збир на сведоштва за страдањето на палестинскито народ, собрани од палестинскиот театар „Аштар“, кој го споделува материјалот со цел да се слушне гласот на настраданите и угнетените и на македонски јазик. „Ја покануваме јавноста да дојде, да ги ...

Се зголемуваат доказите дека одлуката на Илон Маск да им го забрани пристапот на руските сили до неговата сателитска интернет-услуга „Старлинк“ го задуши напредувањето на Москва, предизвика забуна кај руските војници и им даде предност на украинските бранители, пренесува Би-Би-Си. Но, колку долго? И што може да постигне украинската војска во меѓувреме? „Русите… ја изгубија својата способност да го контролираат теренот“, ни рече украински ...

Лес Векснер кој стоеше зад трговците, вклучувајќи ги „Викторијас Сикрет“ и „Аберкромби и Фич“, одговараше на прашања за неговото пријателство со Епштајн на седница зад затворени врати со американскиот Конгрес, пренесува СкајЊуз. Векснер, кој е прикажан во досиејата на Епштајн, не е обвинет за никакво кривично дело и секогаш негираше какво било знаење или вмешаност во злосторствата на Епштајн. Тој е еден од најистакнатите поранешни пријатели ...

Десетици светски лидери и национални делегации ќе се сретнат во Вашингтон денеска на инаугуративниот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, бидејќи главните европски сојузници одбија да се приклучат на групата и го критикуваа матното финансирање и политичкиот мандат на организацијата. Белата куќа посочи дека самитот за неговиот нов ад хок совет во преименуваниот Институт за мир „Доналд Џ. Трамп“ ќе функционира во голема мера како рунда ...

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука дали ќе одобри такви акции, велат извори запознаени со ова прашање за Си-Ен-Ен. Белата куќа е информирана дека војската би можела да биде подготвена за напад до викендот, по значителното зголемување на воздушните и поморските средства на Блискиот Исток во последните денови, велат изворите. Но, еден извор ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес на пленарна седница потврди дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, иако опозициските пратеници побараа тоа. Јаневска истакна дека за законот сè уште се одвиваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е достапен на ЕНЕР за коментари од сите засегнати страни. Пратеничката на СДСМ, Бисера Костановска-Стојчевска на денешната седница упати прашање до ...

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како што информираат во јавното обвинителство, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 ...

Control Resonant е новонајавена игра што ќе излезе годинава, и се смета за продолжение на играта Control која се играше со женски протагонист со телекинетички моќи и пукање со огнени оружја. Во Control Resonant приказната е насочена како за тоа како реалноста хаотично се распаѓа, а херојот во играта е спореден лик од првата игра по име „Дилан Фејден“ кој се бори со секакви интердимензионални чудовишта, од нормална величина до џиновски главни ...

На денешната собраниска седница, пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша министерот за здравство, Азир Алиу, зошто е скратен буџетот за програмата за ретки болести, за 180 милиони денари или околу 3 милиони евра. „Бројот на пациенти со ретки болести расте, а буџетот се намалува. Лани, Министерството за здравство за болните од ретки болести издвоило 1 милијарда и 260 милиони денари, а сега се предвидени 1 милијарда и 80 ...

Разговорите меѓу Русија, Украина и САД, насочени кон ставање крај на војната завршија без пробив, објави Би-Би-Си. Иако американскиот претставник Стив Виткоф изрази оптимизам во врска со разговорите, и главниот руски преговарач и Володимир Зеленски посочија дека тие биле „тешки“. Според украински дипломатски извор, постигнат е одреден напредок во врска со „воените прашања“, вклучително и локацијата на фронтовската линија и мониторингот на ...

„Ќе се повлечеме од набавка на нов владион авион и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам дека ќе стане јасно дека дебатата за некоја идна влада и идни премиери е беспредметна“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска ги коментираше обвинувањата на опозициската партија СДСМ дека власта размислува за набавка на нов владин авион, наместо парите да ги пренасочи за плати на работниците ...

Чикунгуња вирусот, кој се пренесува преку комарци, сега може да се појави во поголем дел од Европа, покажува ново истражување. Истражувањето, објавено во „Journal of the Royal Society Interface“, ја утврдило минималната температура за ширење на вирусот преку тигрест комарец (Aedes albopictus), а новите резултати покажуваат дека инфекциите можат да се случуваат при 13-14°C. „Ова е доста шокантно откритие. Ширењето кон север е само прашање на ...

Силен ветер денеска откорнал лимена конструкција од кровот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и ги кренал лимените делови од кровот на една градинка во градот, информираа од Центарот за управување со кризи. Од таму посочуваат дека во двата настани немало повредени лица, а побарана била интервенција од МВР и надлежните институции. „За настанот се известени Противпожарната бригада, Општината Гевгелија, и полициската станица, ...

Сторијата објавена во два дела „Истражување: Што се очекува да се гради на поранешниот Тетовски монопол, дали Касами го продаде јавниот имот за мала сума пари?“ и „Случајот Монопол: На Касами беше да одлучи дали таму ќе се градат станови или не“, на новинарот Ардит Рамадани објавена на Порталб.мк ја освои годишната награда на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално ...

Во 2015 година, со автобусите на ЈСП се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Центарот ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 ...

Европската унија започна формална истрага против гигантот за брза мода „Шеин“ поради можни прекршувања на дигиталниот закон, вклучително и продажба на секс кукли со детски изглед. Европската комисија, извршната власт на ЕУ, изјави дека ќе испита какви системи има кинеската фирма за да спречи продажба на нелегални производи вклучувајќи содржина што би можела да претставува материјал за сексуална злоупотреба на деца. Исто така, ќе го испита ...

„YouTube“ соопшти дека проблемот што привремено го наруши пристапот до платформата е веќе решен, откако веб-страницата за следење прекини „Downdetector“ регистрираше масовни проблеми на глобално ниво. Од „YouTube“ информираа дека дефект во системот за препораки спречувал видеата да се појавуваат на различни делови од платформата. „Проблемот со системот за препораки е решен и сите наши платформи и апликацијата YouTube, YouTube Music, Kids и TV ...

Фондацијата Метаморфозис, вчера промовираше две анализи на изборниот процес во рамки на конференцијата насловена како „Заштита на демократијата и изборниот интегритет – следење на злоупотребата на административните ресурси, политичкото рекламирање и кампањите од трети страни“ во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Анализите се однесуваа на злоупотребата на административните ресурси на социјалните мрежи и ...

Се поголем број родители во САД се обидуваат да ги одвикнат своите деца од користење училишни лаптопи и таблети, загрижени дека прекумерното време пред екран им штети на образованието, вниманието и здравјето. Наместо дигитални уреди, тие бараат настава со пенкало и хартија, објави Ен-Би-Си. Родители низ САД се организираат преку мејлови и групни разговори, разменуваат совети и подготвуваат барања до училишните окрузи за алтернативи на ...

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат од Гостивар кон селото Чегране, поточно во селото Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од селото Чајле кон селото Старо Чајле кон селото Форино, информираат од АМСМ. Блокиран е и патот кон селото Герман кај селото Станча, бидејќи на коловозот има паднато дрво и во моментот не е прооден. Како што соопштуваат утрово од АМСМ сообраќајот на државните ...

Милиони досиеја поврзани со осудениот сексуален престапник, Џефри Епштајн, укажуваат на постоење на глобално криминално здружување кое извршило дела што го исполнуваат законскиот праг на злосторства против човештвото, соопшти панел од независни експерти назначени од Советот за човекови права на Обединетите нации. Експертите рекоа дека злосторствата наведени во документите објавени од Министерството за правда на САД се извршени во услови на ...

Иран и САД постигнаа договор во вторникот за главните водечки принципи во разговорите насочени кон решавање на нивниот долгогодишен нуклеарен спор, но тоа не значи дека договорот е неизбежен, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Фјучерсите за нафта паднаа, а референтниот договор за сурова нафта Брент падна за повеќе од 1% по коментарите на Аракчи, што помогна да се намалат стравувањата од конфликт во регионот, каде што ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Доналд Трамп врши прекумерен притисок врз него во обидот да обезбеди решение за речиси четиригодишната руско-украинска војна. Зеленски, исто така, рече дека секој план што бара од Украина да се откаже од територијата што Русија не ја освоила во источниот регион Донбас ќе биде отфрлен од Украинците доколку се стави на референдум. Во интервју за Аксиос, Зеленски рече дека не е фер што Трамп ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.93
62%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 20ᴼ
2.68
73%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.14
73%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.2
71%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.41
72%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.92
93%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
53%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.33
50%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.95
49%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.32
57%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.22
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Калај

50.56

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68