Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Од Комисијата информираат дека Бислимоски за својата одлука го известил Собранието, но и дека согласно Законот за енергетика и статутот на РКЕ, ќе остане на функцијата се додека Собранието не донесе одлука за престанок. Бислимоски на оваа функција беше од 2018 година, а ова му беше втор ...

После деценискиот хаос со паркирањето во просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, денеска стаса уште едно ветување за решение на проблемот. Министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција кажа дека со одлука на Влада, во овој комплекс до јуни планирано е да се изградат три катни монтажни гаражи, во кои ќе може однапред да се резервира паркинг-место преку апликација. Алиу рече дека сега Град Скопје требало да ги проектира и ...

Три лица и една фирма ќе одговараат за пожарот во отпадот за старо железо што се случи во јули минатата година во скопско Визбегово. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело загрозување на животната средина и природа со отпад. Две сопственички и еден вработен во фирмата во периодот од февруари до јули лани незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи ...

Украинскиот тркач во скелетон, Владислав Хераскевич, денеска е дисквалификуван од Зимските олимписки игри во Милано- Кортина поради тоа што носеше кацига со ликовите на украински спортисти убиени во војната со Русија, соопшти Меѓународниот олимписки комитет. Тој беше информиран за неговата дисквалификација по состанокот со претседателката на МОК, Кирсти Ковентри, рано утрово на лизгачкото место, кратко пред почетокот на неговото ...

Стотици авиони на „Луфтханза“ ќе останат на земја во четврток, поради целодневниот штрајк на пилотите и стјуардесите, пренесува Дојче Веле. Штрајкот доаѓа откако напорите на авиокомпанијата да ги намали трошоците и да стане попрофитабилна ја доведоа во конфликт со синдикатите. Бројот на летови погодени од штрајкот останува нејасен, при што компанијата првично зборуваше само за „бројни откажувања“. Некои летови сè уште треба да се реализираат ...

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и балистички ракети во текот на минатата ноќ, дополнително нарушувајќи го нејзиниот енергетски систем и оставајќи десетици илјади луѓе во главниот град Киев и градовите Днепар и Одеса без греење, електрична енергија и вода, соопштија официјални лица. Русија ја интензивираше својата зимска кампања на напади врз електроенергетската мрежа на Украина, оставајќи ги големите градови во долги периоди на ...

Сообраќајот во центарот на Скопје денеска од пладне ќе се одвива по изменет режим поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија. Протестот е најавен за 12 часот и ќе се одржи пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев. Поради собирот, дел од сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен кон околните улици и булевари. „Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на ...

Претставничкиот дом го усвои Законот за спасување на Америка, кој драматично ќе ги промени прописите за гласање со барање доказ за државјанство при регистрација на гласачи и значително ќе го ограничи гласањето по пошта, пренесува Гардијан. Законодавството, кое беше усвоено со 218 гласови „за“ и 213 „против“, се соочува со тешка битка во Сенатот, велат блиските набљудувачи. „Скептична сум дека Сенатот ќе гласа за овој закон, бидејќи овој закон ...

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за канадска стока, пренесува Би-Би-Си. Со 219 гласа „за“ и 211 „против“, шест републикански пратеници им се придружија на демократите и ја поддржаа резолуцијата со која се бара да се укинат царините што Трамп и ги воведе на Канада минатата година. Гласањето е во голема мера симболично бидејќи сè уште ќе треба да биде одобрено од Сенатот на ...

Бангладеш денеска гласа на првите избори по антивладините демонстрации во кои беше соборена долгогодишната лидерка Шеик Хасина и по кои десетици милиони млади луѓе сонуваа да трасираат нов курс за нивната земја. Сликите од Хасина која бега со хеликоптер додека демонстрантите ја нападнаа нејзината резиденција во летото 2024 година инспирираа и други движења предводени од млади против корупцијата и непотизмот што помогнаа во соборувањето на ...

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија, Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, кој изврши тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026. Несреќата се случи во скопската населба Капиштец ...

Украина ќе одржи избори само откако ќе има безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, изјави Володимир Зеленски, отфрлајќи ги сугестиите дека планира да организира гласање под притисок на САД. „Ќе преминеме на избори кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции“, изјави украинскиот претседател пред новинарите. „Реков дека е многу едноставно да се направи: да се воспостави прекин на огнот и ќе има избори“. Тој исто така ...

Норвешкиот Нобелов комитет вчера соопшти дека го повикал Иран веднаш да ја ослободи активистката и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, од затвор. 53-годишната Мохамади, која постојано била затворана во нејзината тридецениска кампања за правата на жените, минатата недела беше осудена на нова затворска казна од 7,5 години, соопшти во неделата група што ја поддржува. Таа ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година додека ...

Новиот парламент на Косово брзо ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на едногодишната политичка блокада во земјата. Пратениците го поддржаа кабинетот на Курти со 66 гласови „за“ и 49 „против“ во собранието од 120 члена. Гласањето се одржа само неколку часа откако Парламентот се состана за прв пат по предвремените избори во декември. Курти обезбеди нов мандат откако неговата партија Самоопределување ...

Осомничена за пукање во училиште во западна Канада е 18-годишна девојка со проблеми со менталното здравје, која ги убила и мајка си и полубратот пред да го нападне нејзиното поранешно училиште, соопшти полицијата, но истражителите не понудија мотив за еден од најлошите масовни колежи во канадската историја. Убиецот, кого полицијата го идентификуваше како Џеси Ван Рутселар, се самоуби по пукањето во вторникот во Тамблер Риџ, оддалечена ...

Во просториите на „Лабораториум“ на 18 февруари (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од авторите Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, во издание на Фликер Студио. Настанот е во организација на Lom Лом и е отворен за јавноста. Станува збор за стрип од жанрот на епска фантастика во кој главни улоги играат за волшебникот Лом и неговите авантури во паралелен универзум во кој ...

Реакции во јавноста предизвика вчерашната изјава на министерката за образование Весна Јаневска, во емисијата „Директно“ на Телма, каде се дискутираше новиот предлог закон за високо образование. Министерката изјави дека треба да се затворат студиски програми каде се запишани мал број на студенти, при што како пример беше посочена студиската програма Меѓународни и интеркултурни студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Јаневска погрешно ...

Сојузот на синдикати продолжува со блокадите на институциите, како притисок за исполнување на барањата за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Утре во 12 часот ќе се блокираат Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора, каде, како што најавуваат од ССМ, ќе застанат 21 ...

Француската полиција упати ретка меѓународна апелација до можни жртви и сведоци во случајот против 79-годишниот поранешен наставник Жак Левегл, осомничен дека силувал и сексуално злоупотребувал 89 деца на пет континенти од 1960-тите до 2022 година, пренесува Гардијан. Полицијата во Гренобл соопшти дека Левегл, кој од април 2025 година се наоѓа во притвор во Франција, претставува „учебнички пример“ за сериски сексуален престапник, во случај ...

Блупринт групата за реформи во правосудството изразува сериозна загриженост за постапувањето на Владата на РСМ во врска со изборот на претставник во работната група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, наведено е во реакцијата испратена до медиумите. „Согласно одредбите од новиот Закон за Судскиот совет постапката за избор на членови на Советот кои ги избира Собранието започнува со ...

Антивладините демонстранти синоќа се судрија со полицијата во главниот град на Албанија, Тирана, додека илјадници се собраа барајќи оставка од заменик-премиерот Белинда Балуку поради наводна корупција. Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз владина зграда, а полицијата одговори со водени топови во најновата низа насилни протести што претставуваат закана за стабилноста на долгото владеење на премиерот Еди Рама, кое започна во 2013 година. ...

Бројот на британски војници во Норвешка ќе се удвои во наредните три години како дел од напорите за справување со руските закани во Далечниот Север, пренесува „Би-Би-Си“. Министерот за одбрана Џон Хили изјави дека бројот на припадници на вооружените сили стационирани во арктичката земја ќе се зголеми од околу 1.000 на 2.000. Оваа одлука следува по зголемената загриженост меѓу сојузниците во НАТО во врска со руските активности на Арктикот, ...

Руските власти започнаа да го ограничуваат пристапот до „Телеграм“, една од најкористените апликации за комуникација во земјата, а владата продолжува да ги насочува Русите кон сопствени, строго контролирани алтернативи на странските технолошки платформи, пренесува „Си-Ен-Ен“. Руската Влада соопшти дека го ограничува пристапот до „Телеграм“ „за заштита на руските граѓани“, обвинувајќи ја апликацијата дека одбива да блокира содржини кои ...

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, преку соопштение до јавноста демантира дека поседувал 4 мобилни телефони и дека влијаел врз судски предмети додека бил обвинител во Специјалното јавно обвиинителство, наводи кои ги кажала адвокатката лејла Кадриу во интервју во емисија „Вечерното шоу на Богдан Илиевски” на ТВ Алфа. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу. Наводите кои се однесуваат ...

Фондацијата Метаморфозис, заедно со најголемата европска Мрежа за дигитални права EDRi (ЕДРи) и бројни граѓански организации и поединци, упатува итен апел до Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ да ги отфрлат предложените измени во т.н. „AI Omnibus“, кои се закануваат сериозно да ја загрозат транспарентноста и заштитата на основните човекови права. По претходните предупредувања за импликациите од овој процес врз Северна Македонија и ...

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки, a oва важи и за физичките и за правните лица, согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е на сила од 1 јануари. Пријавување случаи на небезбедна храна, храна со поминат рок или друг незаконски прекршок, може да се направи на овој линк. До пред стапувањето на сила на новиот закон, граѓаните и правните лица можеа да поднесуваат претставки и анонимно. „Инспекциските ...

Градот Скопје започна со рушење на дискотеките во Градски парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека започнало расчистувањето на делот каде што ќе се гради новиот Луна парк, како и дека објектите кои што се отстрануваат биле дивоградби. Во декември минатата година започна јавната набавка за избор на фирма за проектирање и монтажа на новиот Луна парк, кој треба да се гради на површина од 84.000 квадратни метри. Ќе треба да има ...

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека е „скршен“ по смртоносната пукотница во училиштето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, нарекувајќи ги смртните случаи и повредите „ужасни акти на насилство“. Локалната полиција соопшти дека најмалку девет лица загинале, а уште 25 се повредени во пукотницата. „Скршен сум од денешните ужасни пукања во Тамблер Риџ, Британска Колумбија. Моите молитви и најдлабоко сочувство се со семејствата и пријателите ...

ЕУ е поблиску до создавање офшор центри за мигранти и баратели на азил, откако десничарските и крајнодесничарските европратеници се обединија за построги миграциски политики. Европратениците гласаа за законски измени што ќе им дадат на властите повеќе опции за депортирање на барателите на азил, вклучително и испраќање луѓе во земји во кои никогаш не биле. Според новите правила, кои се очекува да стапат во сила од јуни, лице кое бара азил може ...

Шефот на норвешката армија генералот Ерик Кристоферсен, изјави дека Осло не може да ја исклучи можноста за идна руска инвазија на неговата земја, сугерирајќи дека Москва би можела да дејствува против Норвешка за да ги заштити своите нуклеарни средства стационирани на далечниот север. „Не исклучуваме одземање на земјиште од страна на Русија како дел од нивниот план за заштита на сопствените нуклеарни капацитети, што е единственото нешто што им ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.69
53%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.89
71%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.12
48%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.36
64%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.48
89%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
48%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.33
47%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
46%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
59%
1017
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
51%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
4.29
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Сребро

1902.84