Украинската офанзива во Русија влегува во својата втора недела. Во последното деноноќие, украинските сили уништија два моста, кој е од стратешка важност за пренесувања на залихи на руската армија во Украина, пренесува Гардијан. Воедно, украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јасно ја кажа целта на сегашната офанзива, чија цел тој претходно рече е да се заштитат Украинците во регионот Суми, кој се наоѓа на границата со Русија. „Сега ...

Јахта која пловела по сицилијанското крајбрежје потонала утрово. Има најмалку еден загинат, а другите шест патници се водат како исчезнати, информираат италијанските пожарникарски и спасителни служби, а пренесува Би-би-си. На јахтата наречена „Бејзијан“ се веело британско знаме, и патниците биле со британско, американско и канадско потекло. На „Бејзијан“ имало 22 патници, од кои 10 биле дел од екипажот. Спасителните служби во Италија спасиле 15 ...

Само еден месец откако американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за претседател и ја предава штафетата на потпретседателката Камала Харис, тој одржа оптимистички говор на Демократската национална конвенција (ДНЦ), пренесува Гардијан. Бајден цврсто застана зад Харис, апелирајќи на публиката да гласа за неа за да се „заштити демократијата“. „Верувам дека напредокот е можен. Правдата е достижна, а нашите ...

Вчера започна Демократската национална конвенција во САД. Таа важи за најголемата средба на Демократската партија, каде официјално се номинира претседателскиот кандидат, меѓу другото, пренесува „Асошиејтед прес“. Претседателот Џо Бајден во својот опширен говор даде ретроспектива на својот мандат, го критикуваше републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп и со полн ентузијазам го повика американскиот народ да гласа за потпретседателката ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Во соопштението на израелските одбранбени сили се наведува дека телата на Јагаев Бухстаб, Александар Дансинг, Аврахам Мундер, Јорам Мецгер, Надев Поплвел и Хаим Пери биле пронајдени вчера во областа Кан Јунис. Порталот додава дека израелската армија имала точни разузнавачки информации што им овозможиле ...

Вториот ден на Демократската национална конвенција продолжи со истата енергија од првиот ден. Меѓу говорите кои се истакна беа тие на Барак и Мишел Обама, Берни Сандерс и Стефани Гришам, пренесуваат Гардијан и „Асошиејтед прес“. Поранешниот претседател Барак Обама со оптимистички став ја поддржа демократската кандидатка за претседател Камала Харис. Тој и поранешната Прва дама Мишел Обама алудираа на слоганот на неговата прва кампања за ...

Напаѓач утрово убил три лица во средно училиште во Сански Мост, Босна и Херцеговина, јавија локалните медиуми. Тој пукал со автоматска пушка во директорката, секретарката и една наставничка. Осомничениот потоа се обидел да се самоубие при што се здобил со тешки повреди. Тој бил однесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Медиумите во БиХ пренесуваат дека осомниченото лице, кое било вработено во училиштето, извесно време не се ...

Построгите правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат на сила на сите аеродроми во ЕУ од 1 септември, соопштија од аеродромот во Франкфурт, пренесува агенцијата Белга. Кога патуваат во ЕУ, на патниците ќе им биде дозволено да носат до 100 милилитри течност. Тие ќе треба да ги пакуваат и течностите во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите ...

Американската компанија Линго Телеком се согласи да плати казна од еден милион долари поради нивната кампања на неавтентични телефонски повици во јануари оваа година. Таа користела имитација на гласот на американскиот претседател Џо Бајден генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), за да ги убеди демократските гласачи во Њу Хемпшир дека нема потреба да гласат за него на изборите за кандидат за претседател на Демократската партија, туку дека може ...

Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (цук). Во земјава се активни само неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на утрешниот ден. Во последните 24 часа во земјава имаше 42 пожари на отворен простор, од кои 11 беа активни. Гореше борова шума во Општината Македонски Брод во резерватот Јасен, букова шума и ниска вегетација на Галичица во Општините Ресен и Охрид, мешана ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс. Како што информираат во претседателскиот кабинет, на средбата било разговарано за соработката на Македонија со Националната гарда на Вермонт, како и за поддршката што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава. ...

На 1 август, претседателката на Косово, Вјоса Османи, беше инволвирана во дипломатски инцидент што се случи на Меѓународниот аеродром во Скопје. Овој инцидент поттикна многу полемики во медиумите, а имаше посебно остри реакции и поттикнувачки говор од страна на македонските медиуми, иако не изостануваа и српските, пишува Порталб.мк. Што се случи? Според изјавите на надлежните, сè започнало кога обезбедувањето на скопскиот аеродром побарало од ...

Граѓанската организација „Стела“ работи на зајакнување на потенцијалот и поддршката на девојките и на жените, во што припаѓа и економското омоќување и финансиската сигурност. Затоа, мрежа „Стела“ започнува со проект „Застапување за економско омоќување на жените: Еднаков пристап до можностите за финансиско осамостојување“, информираат оттаму. „Целта на проектот е да се направат долгорочни стратегии за подобрување на состојбата на жените и ...

Од утре ќе поскапат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Дизелот сега ќе чини 71,50 денари за литар, додека ЕЛ-1 маслото ќе чини 71 денар за литар. Дополнително, малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,491 ден за килограм, со што сега ќе чини 46,295 ...

Препораката бр.17 за општа политика на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) за спречување и борба против нетолеранцијата и дискриминацијата на ЛГБТИ лицата сега е достапна на македонски јазик. Документот ги препознава континуираните предизвици за заштитата на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа и дава клучни препораки за да се осигура дека се почитуваат правата на лицата кои се дел од ЛГБТИ заедниците. Оваа Препорака ...

Едно лице е убиено пред трговскиот центар Мавровка, а по убиството сторителите побегнале. Кога полицијата се обидела да ги уапси тие пукале и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР. Според првичните информации што ги објави ТВ Телма, убиен е бизнисменот В.М, а убиството го извршиле четири лица. Потрагата по нив сѐ уште трае. Ова е втора престрелка во последните 24 часа. Синоќа во населбата Ченто, едно лице беше повредено и пренесено ...

Полицијата привела две лица за убиството што денеска се случи на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, кога со огнено оружје беше застрелано едно лице, кое почина на лице место. Од МВР велат дека веднаш биле преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои биле вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. „Имено, на ...

Од 2012 година, односно цели 12 години на агрегаторот на вести Тајм.мк функционираше секцијата за јавни набавки, односно сите заинтересирани граѓани преку овој сервис можеа да се информираат кои се најголемите тендери склучени меѓу државните институции и фирмите во последните неколку денови или месеци. Податоците беа преземани како скрипта од веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки, а сервисот на Тајм.мк нудеше нешто плус за ...

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Од комисијата препорачуваат да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт ...

Денеска во 00.30 часот во СВР Струмица малолетник се здобил со тешки телесни повреди во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Тој бил однесен во Медицинскиот центар Струмица, кој го пријавил случајот во полиција. Во врска со настанот од слобода бил лишен 40-годишно лице со иницијали Б.К. од Прилеп. Бил извршен увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена ...

Амбасадорот и постојан претставник на Северна Македонија во ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, откако неодамна беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради наводни финансиски нерегуларности во работењето. Оставката е поднесена до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и известено е МНР. Toj во писмен допис неодамна порача дека се шират лаги за неговото работење и дека притисокот е единствено поради ...

Основното јавно обвинителство Скопје е известено од Министерството за внатрешни работи дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во кривично-правниот настан – убиство кај Трговскиот центар „Мавровка“. „Во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот. Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за ...

Тврдењето во објавата дека станува збор за „пландемија“ односно веќе однапред смислен план, се базира на симулациската вежба која се одржала на Минхенската конференција (МСЦ) во март 2021 година, наречена „Зајакнување на глобалните системи да се спречи и да се одговори на биолошки закани со високи последици“. Она што се симулирало со оваа вежба, а не е истакнато во Фејсбук објавата, е дека почетната епидемија била предизвикана од терористички ...

Тела на четворица мигранти се пронајдени во реката Дрина кај Братунац, каде рано утринава се превртел чамец со триесетина мигранти, потврди директорот на Управата за цивилна заштита на Република Српска, Борис Трниниќ за српските медиуми. „Имаме информации дека на чамецот имало околу 30 мигранти, од кои 15 излегле на брегот“, изјави Трниниќ за РТС. Тој додаде дека на барање на општина Братунац на терен излегле противпожарните и спасувачките ...

Во регионот и низ Европа повторно кружат дезинформации дека украинскиот претседател Володомир Зеленски наводно се луксузирал. Овој пат тој „откупил“ издашна вила со винарија и лозја што припаѓа на англискиот музичар Стинг. Колегите од грузискиот Mythdetector проверија со италијанскиот регистар за недвижнини од каде потврдија дека до 8 август 2024 имотот сè уште припаѓал на Стинг. Ова е само една дезинформација од купишта со кои се поткопува ...

Вчера беше третиот ден на Демократската национална конвенција, односно најголемиот јавен собир на Демократската партија во САД. Утре Камала Харис ќе биде официјално номинирана за претседателскиот кандидат на Демократската партија, а вчера официјално беше номиниран Тим Волц за кандидат за потпретседател на партијата, пренесува „Асошиејтед прес“. Волц е гувернерот на Минесота и беше релативно непознат надвор од границите на својата држава пред ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција, а во врска со изборот на нов директор на скопската Зоолошка градина, соопшти дека првиот чекор треба да го направи Управниот одбор на институцијата. На распишаниот оглас за директор на скопската ЗОО, институција која редовно ја тресат скандали во последниве години, се пријави единствено Ѓорги Галетановски, кој беше директор до 2021 година. „Законот утврдува на кој ...

Девет лека стануваат дел од позитивната листа, објави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Според него, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови, меѓу кои има лекови за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција. „Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата држава. Офатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, антиагреганси, лекови за ...

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје, реагираат денеска оттаму. „Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува ...

Чаир се гуши од малите депонии со инертен отпад кои никнуваат насекаде околу контејнерите. На граѓаните веќе им е преку глава, а надлежните никако да најдат решение за овој проблем, пишува Порталб.мк. Иако на некои места контејнерите се исчистени од секојдневниот отпад, околу нив има различен отпад како софи, душеци итн. Ваквиот отпад го попречува слободното движење на пешаците, но и на моторните возила. Граѓаните кои ги сретнавме во Чаир бараат ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.06
20%
1016
weather icon

Белград

37ᴼ / 34ᴼ
3.09
18%
1017
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
2.06
27%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
19%
1018
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.89
18%
1017
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
2.06
26%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
6.26
26%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1017
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
14%
1016
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.6
29%
1018
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
3.6
21%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
30%
1018
Currency

61.525

Currency

52.2715

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.60

Иридиум

142160.00

Кобалт

42.99

Никел

14963.50

Рутениум

22280.47

Калај

34.22

Сребро

1167.00

Злато

107269.63

Бакар

10.16

Паладиум

36748.30

Платина

44869.96

Родиум

176025.34

Цинк

2.72