Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ. Во овој момент, според јавно достапните информации, одлуката на жалбата на ИРЛ е објавена, но образложението сè уште не е јавно соопштено и се очекува да следува во ...
„Пирамидата на говорот на омраза“ поставена на скверот кај Ким на булеварот Партизански одреди е визуелна и едукативна структура која го прикажува постепеното ескалирање на омразата во едно општество, од навидум „невини“ предрасуди до најекстремните форми на насилство и истребување. Инсталацијата, со димензии основа 135см и висина 165см, изработена од комбинација на дрво, метал и форекс принт, ја претставува логиката на постепена ...
На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените во јавниот сектор според етнички клуч во зависност од етничката структура на општината. Етничките Македонци со 100 отсто се застапени во општините главно лоцирани на истокот и југоистокот, како што се Кривогаштани, Берово, Ново Село, Пехчево, Зрновци, Лозово, како и во поголемите како Прилеп и Пробиштип. Со 100 отсто етничките Албанци се застапени во две општини Арачиново и Боговиње, а ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, како еден од предлагачите на новите измени на Кривичниот законик, делумно ја извртува вистината дека со измените се предлагаат заострени казни Пишува: Теофил Блажевски Еден од предлагачите на новите измени во Кривичниот законик, пратеникот Бојан Стојановски изрази став во јавноста во кој може да се детектира извртување на вистината: Спин: „…Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се ...
Земјите од ЕУ дадоа конечно одобрение за намалување на правилата што бараат од компаниите да се справат со ризиците поврзани со животната средина и човековите права во нивните синџири на снабдување, по месеци притисок од бизниси и влади, вклучувајќи ги САД и Катар. Промените, одобрени од министрите на Европската унија на состанок во Брисел, ги ослабуваат правилата за повеќето бизниси што моментално се опфатени. Владите на ЕУ и Европскиот ...
Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето, се вели во реакција исппратена оттаму, до медиумите. „Во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни ...
Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави јавен повик на кој ќе треба да избере набљудувач претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата. Од Општината велат дека се работи за заедничка иницијатива на УНДП финансирана од Европската Унија, со цел да се унапреди локалната демократија, да се направи транспарентно финансирањето и да се ...
Примероци од депонијата со фосфорен гипс на некогашната фабрика за вештачки ѓубрива ХИВ Велес, кај селото Згрополци се испитуваат во рамки на проект на Градежниот Институт Македонија – ГИМ и европски лаборатории и научни институции. Целта, како што информираат од Министерството за животна средина, е да се анализира составот на историскиот отпад за да може да се искористи искуството на европските земји во решавањето на ваков тип на депонии, но ...
Функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат, реагираат денеска преку соопштение од Здружението на ...
Балкански рис угинал на патот Ресен-Охрид, откако, веројатно бил удрен од возило додека преминувал на необезбеден пат. како што информираат од Македонското еколошко друштво животното ќе се пренесе на Факултетот за ветеринарна медицина за да се направи обдукција, како и анализа на примероци. „По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ...
Иницијативата „Стоп за Усје“ најави дека во петок на 27 февруари ќе организира „Блокадафест“ пред влезот на Цементарницата „Титан Усје“. Настанот ќе започне во 15 часот и ќе трае до 23 часот, а ќе учествуваат повеќе изведувачи. Настанот деновиве беше најавен и на една раскрсница во центарот на Скопје со герила акција каде DJ Александар за време на чекањето на црвеното светло на семафорите пушташе музика, а на банер се споделуваше пораката ...
Десетици интервјуа со сведоци на ФБИ од истрагата на Џефри Епштајн се чини дека недостасуваат од огромната колекција досиеја објавени од Министерството за правда минатиот месец, според преглед на Си-Ен-Ен – вклучувајќи три интервјуа поврзани со жена која го обвини претседателот Доналд Трамп за сексуален напад врз неа пред неколку децении. Дневник со докази доставен до адвокатите на соработничката на Епштајн, Гислен Максвел, вклучува сериски ...
Володимир Зеленски во видео обраќање по повод четвртата годишнина од целосната инвазија на Русија апелираше до Доналд Трамп да го посети Киев и рече дека Украина нема да го предаде својот народ во никакви преговори со Русија. Зеленски рече дека Путин не ги постигнал своите првични воени цели ниту го скршил украинскиот народ. „Тој не ја доби оваа војна“, рече тој. „Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир. И да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторникот дека го најавил златното доба на Америка, обидувајќи се да проектира аура на успех и покрај падот на рејтингот и продлабочувањето на фрустрацијата на гласачите пред среднорочните избори во ноември. Слушајќи ги повиците од републиканските пратеници кои беа загрижени дека би можеле да го изгубат мнозинството во Конгресот подоцна оваа ...
Британскиот регулатор за заштита на податоци (ICO), ја казни социјалната мрежа „Reddit“ со 14,5 милиони фунти поради незаконско користење на лични податоци на деца помлади од 13 години и нивна потенцијална изложеност на несоодветна содржина, објави Гардијан. Ова е највисоката казна што регулаторот досега ја изрекол за прекршување на приватноста на деца. Од „ICO“ соопштија дека пред воведувањето на построги проверки на возраст во јули минатата ...
Досега се извршени 13 контроли кај лиценцирани правни субјекти, а кај 6 од нив се утврдени неправилности во постапувањето, согласно законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Тој кажа дека Владата на денешната седница донела одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај овие 6 правни субјекти. „Денес упатуваме порака ...
Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива, за 2024 година. Како што утврди ДЗР, политичката партија ДУИ влезните фактури од добавувачите не ги архивира кога се добиени, како би се потврдило дека хронолошки се евидентирани во деловните книги, ...
Вчера во Министерството за внатрешни работи стасале дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје, информираат оттаму. Нови дојави имало и денес. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат во МВР. Денеска пристигнале нови дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово, за ...
На 20.02.2026 во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 65-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен на социјална мрежа од едно лице за сума од 22.000 денари. Тој се договорил за тргување со криптовалути на социјална мрежа со профил Е.К., а притоа во банка уплатил околу 12.000 денари на име М.К.. Како што е пријавено, тој бил известен дека заработиле поголема сума на пари и за да може да ја подигне треба да уплати уште 10.000 денари кои ги ...
Русија не ги постигна своите воени цели во Украина. Бидејќи не може да напредува на бојното поле, таа намерно ги таргетира украинските цивилни и критични инфраструктурни објекти, вклучително и енергетската инфраструктура, болниците, училиштата и станбените згради, среде тешка зима. Украинците остануваат цврсти во својата издржливост, решителност и отпорност, се вели во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет, претседателката ...
За да го пронајдат најбараниот нарко-бос во Мексико, безбедносните службеници изјавија дека не ги следеле парите ниту трагата на дрогата, туку наместо тоа, рекоа дека ја следеле неговата љубовница, пренесува „Њујорк Тајмс“. Токму таа, според властите, ги одвела во планините на сојузната држава Халиско, до колибата каде што се криел Немесио Осегера Сервантес, озлогласениот водач на картелот познат како Ел Менчо. Набргу бил активиран ...
Висококатницата на Вјесник во Загреб, што изгоре лани во ноември ќе се урива бидејќи е небезбедна, потврди државниот секретар на Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот Тончи Главиниќ и најави дека работите ќе се изведуваат во фази. Во комплексот Вјесник пристигнаа багери и припадници на хрватската армија, кои ќе треба што поскоро да го отстранат целиот мебел од Хрватскиот парламент што беше складиран таму. „Во ...
По повод одбележувањето на четвртата година од целосната руска инвазија на Украина, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија организира проекција на наградениот документарен филм на Санденс за 2024 година и номиниран за Оскар за најдобар документарен филм, „Порцеланска војна“. Филмот ќе се прикаже денес, во 18:00 часот во Кино Фросина, МКЦ, а проекцијата ќе биде на англиски јазик. По повод одбележувањето на четвртата година од целосната ...
На плацот зад челичарницата „Макстил“ е поставена најлонска покривка врз мал дел од искинатите и оштетени џамбо-вреќи со филтерска прашина, но според инспекциското решение отпадот треба да се препакува, а не само да се покрие, објави Призма. Државниот инспекторат за животна средина извршил вонреден надзор и утврдил дека опасниот отпад се чува несоодветно, што претставува ризик за животната средина. Во решението, инспекторатот ѝ дал рок од три ...
Американската компанија за вештачка интелигенција „Anthropic“ соопшти дека открила координирани напади од три кинески компании, „DeepSeek“, „Moonshot AI“ и „MiniMax“ за нелегално извлекување на способности од нејзиниот четбот „Claude“, што велат дека претставува кражба на интелектуална сопственост. Според „Anthropic“, компаниите користеле техника позната како дестилација, при што помоќните модели се користат за подобрување на перформансите на ...
Меѓународен тим палеонтолози предводен од Пол Серено (Paul Sereno) од Универзитетот во Чикаго објави нов вид спиносаурус – Spinosaurus mirabilis, преку научен труд во реномираното научно списание Science на 19 февруари. Трудот за нов вид на спиносаур со „кикиришка во вид на сабја“ („Scimitar-crested Spinosaurus species from the Sahara caps stepwise spinosaurid radiation“) е објавен по повеќегодишна анализа и научна рецензија, што претставува ...
Откако поранешниот вицепремиер Артан Груби вчера беше уапсен на македонско косовската граница на преминот Блаце, во јавноста се јавуваат разногласија за тоа дали се предал или бил уапсен, зошто сега и што ќе се случува натаму со Груби и отворени дебати меѓу најголемите политички партии. Поради тоа упатно е да се знаат неколку факти околу случајот, пишува Вистиномер во написот во рубирката Контекст кој го пренесуваме во целост. Груби сè уште ...
За Јавното обвинителство од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид, соопштија денеска оттаму. „Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при ...
Новите глобални царини на Доналд Трамп стапија на сила со стапка од 10%, иако тој преку викендот се закануваше со повисока стапка од 15%, што според една лоби-група носи „одредено олеснување“ за британските компании, пренесува Гардијан. Откако американскиот претседател претрпе пораз пред Врховниот суд, кој ги поништи неговите сеопфатни царини за т.н. „ден на ослободување“ воведени лани, тој реагираше со лутина и најави глобална царина од 10%, ...
Питер Менделсон, поранешниот британски амбасадор во САД, беше уапсен во понеделникот под сомнение за злоупотреба на службена должност, во рамки на истрага поттикната од објавувањето на документите поврзани со Епштајн, пренесува Аксиос. Менделсон е една од неколкуте истакнати личности чии кариери беа сериозно нарушени во глобалното соочување со оние поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Менделсон беше разрешен од функцијата ...