Голем уддел во вчерашната смрт на мајката и ќерката во Карпош имале институциите на системот, кои затаиле во овој случај, и не реагирале на пријавите и укажувањата дека со години се соочуваат со семјено насилство, сведочат соседите и роднините на починатите. „После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата“, ...

Според групите за човекови права, повеќе од 700 цивили се убиени од почетокот на војната меѓу САД и Израел врз Иран минатиот викенд, додека луѓето во Иран му кажаа на Гардијан дека се плашат од зголемување на бројот на жртви. Иранското друштво на Црвената полумесечина соопшти дека најмалку 555 лица се убиени низ целиот Иран. Сепак, во својот последен извештај, новинската агенција „Активисти за човекови права“ со седиште во САД објави дека ...

Авионот „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 граѓани на Србија слета во Белград, пренесува српскиот Н1. „Процесот на евакуација на српските граѓани од регионот на Блискиот Исток е во тек. Првиот авион со 200 српски државјани полета синоќа од аеродромот во Дубаи“ пишува РТС. Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток, полетал околу ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека започнале напади врз иранскиот главен град Техеран, како и врз либанскиот главен град Бејрут. „ИДФ моментално спроведува истовремени насочени напади врз воени цели во Техеран и Бејрут“, се вели во соопштението. Портпаролот на ИДФ на арапски јазик, Авичај Адраи, рече дека е во тек бран обемни воздушни напади. Нападите доаѓаат околу еден час откако ИДФ издаде итно предупредување до луѓето во ...

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во населбата Тафталиџе во скопската Општина Карпош. Настанот се случил во попладневните часови, а локацијата со часови беше блокирана од полициски комбиња и возила на Брза помош. Министерството за внатрешни работи само кусо информира дека околу 14:15 часот било пријавено дека од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете за кои на лице место било констатирано дека се починати. Постапка за ...

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, изјави дека акцијата на САД и Израел против Иран е одговор на долгогодишното таргетирање на американската војска и интересите низ целиот свет од страна на Исламската република, пренесува НПР. „Ние не ја започнавме оваа војна, но под водство на претседателот Трамп ќе ја завршиме“, рече тој. Ова се првите изјави на администрацијата јавно пред новинарите откако во саботата започнаа американско-израелските воени ...

Полициски инспектор вработен во Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија со години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола. Според информациите, со леталото превезувани и високи политичари и министри. Според пријавата, во периодот од 27 февруари до 10 април 2023 година, како началник на Одделот за воздухопловни единици, осомничениот незаконски впишал во својата дозвола за член на екипаж овластување за инструктор ...

Внукот на ајатолахот Рухолах Хомеини, покојниот основач на Исламската Република Иран, веројатно ќе има истакната улога во размислувањата на свештениците кои ќе одредат кој ќе го замени ајатолахот Али Хамнеи како врховен лидер, пренеува Ројтерс. Убиството на 86-годишниот Хамнеи во американско-израелскиот напад донесе нова итност на прашањето кој ќе биде следниот врховен лидер, долгогодишно прашање за кое немаше јасност и покрај неговата ...

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрла како „лажна вест“ тврдењето на Иран дека судбината на премиерот е нејасна по ракетниот напад врз Ерусалим, пренесува Тајмс оф Израел. Во видео изјава објавена од полуофицијалната новинска агенција Фарс, портпаролот на војската тврди дека иранските ракети „Хаибар“ успешно ја погодиле канцеларијата на Нетанјаху и домот на началникот на воздухопловните сили Томер Бар во ненадеен напад. Немаше ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини распиша јавен оглас на кој бара компании кои продаваат високоефикасни инвертер клима уреди, заради реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година. Компаниите кои ќе сакаат да учествуваат на огласот треба да имаат во понудата инвертер клими со моќност од 3,5 kW кои имаат најмалку енергетска класа А+ и чија цена за купување и вградување нема да ...

Од ноќеска после полноќ, цената на бензините се зголемува за еден денар, а на дизел горивото останува иста, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 76,5 денари за литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува непроменета и ќе изнесува 71 денар за литар. Непроменета останува и цената на маслото за горење Екстра ...

Аналитичарите предупредуваат дека војната меѓу САД и Израел со Иран би можела да ги зголеми цените на нафтата до 100 долари за барел. Консултантската фирма „Вуд Мекензи“ предупредува дека повисоките цени на нафтата и гасот се сигурни и дека цените на нафтата потенцијално би можеле да надминат 100 долари за барел доколку протокот на танкери низ Ормускиот теснец не се обнови брзо. Тие велат дека сообраќајот на танкери е ефикасно запрен, откако ...

Со највисоки воени почести утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија. По пречекот ќе следува тет-а-тет средба, како и пленарен состанок помеѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Руте ќе се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се обрати пред пратениците во ...

Авиокомпанијата „Визер“ денеска соопшти дека привремено, до 7 март, ги суспендира летовите до и од Саудиска Арабија. Претходно, компанијата информираше дека поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток привремено, исто така до 7 март ги суспендира и летовите до и од Израел, како и кон Дубаи и Абу Даби во Обединети Арапски Емирати, и кон Аман, во Јордан. „Одлуката е донесена како превентивна мерка за да се гарантира безбедноста на ...

Властите ја зголемија безбедноста околу потенцијални американски и израелски цели во Грција, како и на бизниси и аеродроми, поради нападите врз Иран предводени од Америка, пренесува Грчката новинска агенција Екатимерини. Портпаролката на полицијата, Констанција Димоглиду, изјави дека мерките се протегаат надвор од дипломатските мисии и вклучуваат комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат цел. Безбедносните мерки се зголемени и на ...

Масовата евакуација на градови низ Блискиот Исток може да стане неопходна доколку бидат нападнати цивилни нуклеарни централи и дојде до радиолошко ослободување, предупреди денеска Рафаел Гроси, генералниот директор на МААЕ, нуклеарниот инспекторат на ОН, пренесува „Гардијан“. Тој кажа дека има „силно чувство на фрустрација“ бидејќи договор меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма не бил постигнат во неодамнешните преговори. Гроси ...

Демократската унија за интеграција дава поддршка на САД во време на предизвици за меѓународниот поредок и за безбедноста, соопшти денеска лидерот Али Ахмети. Тој нагласи дека ставот на партијата е јасен и непоколеблив, целосна солидарност со САД и со секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност. Ахмети посочи дека сојузот со САД не е само дипломатска ориентација, туку стратешка и вредносна определба. „Наш избор е да ...

Училиштата во селата Трахони, Епископи, Акротири и Асоматос, сите кои се наоѓаат во границите на британската база Акротири, денес се затворени „како мерка на претпазливост“ откако воздухопловната база во Акротири беше погодена од дрон кратко по полноќ, пренесува медиумоте Кипар Мејл. Кипарската новинска агенција цитираше извор од Министерството за образование кој го потврди затворањето на училиштата и изјави дека доколку децата сепак ...

Американскиот писател Дан Симонс (Dan Simmons), познат по својот класичен научно-фантастичен роман „Хиперион“ (Hyperion) и по богатото творештво во жанровите фантастика и хорор, почина на 21 февруари 2026 година во возраст од 77 години. Тој починал по компликации од мозочен удар во Лонгмонт, Колорадо, објави списанието Локус. Симонс бил роден на 4 април 1948 година во Пеорија, Илиноис. Пред да стане професионален писател работел како ...

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед ...

Цените на нафтата скокнаа, а акциите паднаа додека воениот конфликт на Блискиот Исток изгледа дека ќе трае неколку недели, заканувајќи се да го наруши глобалното економско закрепнување и можеби повторно да ја разгори инфлацијата. Брент скокна за 6,4% на 77,57 долари за барел, иако во еден момент накратко надмина 82,00 долари, додека американската сурова нафта се искачи за 6,2% на 71,17 долари за барел. Златото кое е безбедно засолниште ...

Израел започна нови воздушни напади насочени кон Техеран и ја прошири својата воена кампања за да вклучи напади врз милитантите на Хезболах поддржани од Иран во Либан, откако американскиот претседателот Доналд Трамп сигнализираше дека американско-израелскиот воен напад врз ирански цели може да продолжи со недели. Израел соопшти дека напаѓа локации поврзани со шиитските муслимански милитанти на Хезболах во Либан, еден од главните сојузници на ...

Во моментов нема причини за голема грижа, но ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одржувањето на третата седница на Советот за безбедност, на која главна тема беа случувањата на Блискиот Исток, опасностите за земјава, како и македонските граѓани кои се наоѓаат во некоја од тие земји. Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче денеска го поддржа нападот на САД и Израел врз Иран. Тој смета дека нападот е оправдан, исто како што тоа беше случај со интервенцијата во Венецуела, како и дека овие активности се за доброто на двата народи. Филипче посочи дека САД се наш стратешки партнер, а во актуелната состојба со Иран претходно биле исцрпени дипломатските механизми пред да се случи ...

Иранскиот клерикален режим сега се соочува со можноста да се обиде да најде наследник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи по неговото убиство во заедничките американско-израелски напади. Лидерот, кој владееше со железна тупаница речиси четири децении, нема официјално прогласен наследник. Наместо тоа, избрано тело од 88 високи свештеници, познато како Собрание на експерти, ќе го избере следниот лидер. Тоа е задача што клерикалното тело ја ...

Најмалку девет демонстранти беа застрелани и убиени кога толпите го пробија надворешниот ѕид на американскиот конзулат во пакистанскиот град Карачи по веста за американските и израелските напади врз Иран во кои беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. „Смрт за Израел, смрт за Америка“, извикуваа демонстрантите. Во меѓувреме, во Ирак, полицијата испука солзавец и шок-бомби за да ги растера стотиците проирански демонстранти кои се ...

Иран денеска најави дека одмаздата за нападите од САД и Израел ја смета за свое легитимно право и должност по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Земјата започна нов бран напади низ Блискиот Исток утрово, а експлозии се слушнаа во неколку главни градови и поголеми градови. Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала шестти бран ракетни и беспилотни напади врз Израел и американските бази во регионот, според полуофицијалната ...

Ќе се спојат Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, одлучи Владата по предлогот на Министерството за здравство, за рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи. „Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова закажа седница на Советот за безбедност, која ќе се одржи денеска во 18 часот во Вилата Водно. Ккао што информираат од кабинетот, тема на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, што кулминираше со убиството на лидерот на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. САД и Израел вчера го нападнаа Иран, кој возврати со напади на повеќе држави во заливот. ...

Меѓународниот аеродром во Дубаи и еден од најголемите симболи на емиратот, хотелот Бурџ Ал Араб, претрпеа штета откако иранските одмазднички напади во текот на ноќта се проширија низ земјите од Персискиот Залив и поширокиот Блиски Исток. Четири лица беа повредени на аеродромот, соопшти канцеларијата за медиуми на емиратот рано во неделата. Канцеларијата за медиуми на Дубаи изјави на X дека „холот на Меѓународниот аеродром Дубаи претрпел мала ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.14
64%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
74%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.36
72%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.16
73%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.29
74%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.42
93%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
55%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.34
48%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.23
50%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
1.34
89%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
0.66
58%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.14
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Рутениум

49029.89

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Родиум

249168.29

Цинк

0.00