
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Почитувани, Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена! Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка ...
Граѓаните се излажани од ВМРО-ДПМНЕ и ова власт како намерно да работи на тоа да го осиромашува народот. Се што прави власта е удирање по стандардот и џебот на граѓаните, најсурово и безмилосно, и во време на оваа огромна инфлација, власта не знае како да се справи со тоа, рече претседателката Форум на жени на СДСМ, Даниела Колева, во дебатна емисија „24 анализа.“ Таа се осврна на моментална ситуација со која се справуваат граѓаните, зголемените ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во ...
На 06.02.2025 во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно ...
Ќе здивнат ли граѓаните конечно од постојаните поскапувања, имаше ли ефект новогодишната кошница, казнети ли се некои деловни банки за постојаното зголемување на провизиите? Гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Слободен печат“ зборува за девизните резерви, за стабилноста на курсот на денарот, но и за намалувањето на каматните стапки кај деловните банки и стамбеното кредитирање. Девизните резерви растат во континуитет ...
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочи сведокот Гоце Трајковски. Тој раскажа како дошол на идеја заедно со таткото да бараат снимки, а откри и како ,,цитроенот”, со кој беше киднапирана Вања, му паднал во очи. Сведокот истакна дека таткото на девојчето, Александа, му ја покажал патеката каде се движела Вања. Тој одел по истиот пат и барал снимки од околните објекти. Во првиот објект му ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција апелираше до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги искористат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, и со двојна автентикација. „Препорачуваме секаде во учичиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува ...
Вадим Стројкин, руски кантавтор кој зборуваше против војната во Украина, „падна“ од прозорец додека безбедносните службеници упаднаа во неговиот стан во четвртокот, објави медиумот Медуза. Тој наводно починал на лице место. Руските медиуми објавија дека службениците за спроведување на законот го посетиле домот на Стројкин во врска со кривичната постапка против него за наводно донирање пари на украинските вооружени сили. Според руските медиуми, ...
Консумирањето одредени видови алкохол за некои луѓе е секојдневие, без кое не можат да замислат ниту еден ден, но престанувањето пиење алкохол може позитивно да влијае на здравјето, а позитивни резултати може да се видат за само 30 дена. Диететичарката Меги Мун објасни за „Парада“ дека „откажувањето од алкохол може да биде голема промена на животниот стил, особено ако тоа е дел од вашата рутина, како пијалак по работа“. Редовното консумирање ...
Студентите и граѓаните кои протестираат мора да одлучат како ќе продолжат со нивните протести и секако мора да ги артикулираат политички, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, протестните маршеви и блокадите ја ставиле земјата во „нешто како вонредна состојба“. -Ми се чини дека студентското и граѓанското движење во Србија бара некаква социјална еманципација, ...
На сведокот Гоце Трајковски уште веднаш му бил чуден „цитроенот“ кој го виделе на снимка од околните објекти затоа што чадел многу и се движел многу споро во споредба со другите коли кои минувале на Наум Наумовски Борче од каде исчезна младата Вања. -Ми падна чудно што првите пет-шест коли поминуваат со 40 до 60 км на час. „Цитроенот“ димеше и возеше со 10 на час и прозорците беа замаглени – рече Трајковски. Снимките од фризерницата ги пратил на ...
Првиот човек на „Бош„ не е против замена на фосилните горива во транспортот, но смета дека овој процес мора да биде постепен и дека треба да се земат предвид спецификите на поединечните членки на ЕУ, особено кога станува збор за изворите на електрична енергија. За 4 до 5 години повеќе нема да се грижиме за тоа што ќе остане од автомобилската индустрија во Европа – нема да ни остане ништо, драматично изјави Стефан Хартунг, извршен директор на ...
Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ не запира и изминатата вечер одигра уште еден одличен натпревар и го предводеше својот тим до победа над Орландо од 112:90. Јокиќ оствари учинок од 28 поени, десет скокови и 12 асистенции и на тој начин стигна до 24. трипл-дабл во сезоната. Бројките на Јокиќ веројатно ќе беа и подобри, но тренерот Мајк Мелоун поради високата разлика го одмораше во последниот период. Во овој натпревар Јокиќ имаше и помош од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, има долга историја на користење екстремни закани со царини како преговарачка тактика, но пазарите реагираат како овој пат да е поинаков. Во претходните трговски војни (како со Кина во 2018 година), тарифите првично се сметаа за договори за пазарење, за да бидат потоа наметнати во секој случај, што им наштети на двете страни пред да се постигне договор на крајот. Истото може да се случи и сега, освен тоа што ...
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека преговорите со САД „не се паметни, мудри или чесни“, откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи можност за преговори со Техеран. Ајатолахот Хамнеи исто така сугерираше дека „не треба да има преговори со таква влада“, но тој избегна да издаде директна наредба. Неговата изјава пред офицерите на воздухопловните сили во Техеран беше во спротивност со претходните што ги ...
Многу американски осигурителни компании, вклучително и „Олстејт иншуранс“, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи во многу области на Калифорнија поради зголемената опасност од шумски пожари, оставајќи ги сопствениците на куќи со често ограничени, поскапи алтернативи или без осигурување, пишува денес Си-ен-ен. „Олстејт иншуранс“ соопшти дека ќе плати 1,1 милијарда долари за штетите предизвикани од шумските пожари што ја зафатија Јужна ...
Грчката Управа за заштита на личните податоци започна истрага за прекршување на личните податоци на грчките корисници на Ватсап од страна на малициозен софтвер, развиен и дистрибуиран од израелската компанија Paragon Solutions. Откритието го соопшти завчера италијанската влада, додека грчката управа за заштита на податоци вчера најави покренување на соодветна истрага. Имено, Ватсап откри обиди за хакирање на телефоните на околу 90 луѓе, ...
Ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за брзо завршување на руско-украинската војна доби нов пресврт кога неговиот пратеник рече дека администрацијата би сакала Украина да одржи избори, потенцијално оваа година, а особено ако се договори прекин на огнот. Изјавата на специјалниот пратеник на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог изнесе на преден план горливо, чувствително прашање во украинската политика, бидејќи се зголемуваат ...
По неколку откажувања стигна најголемото разочарување за фановите на популарната видео игра „Фудбал Менаџер“. Имено, како што е потврдено верзијата која требаше да излезе оваа година е целосно откажана. Програмерите на „Спорт Интерактив“ соопштија дека „Фудбал Менаџер 25“ се откажува и дека фокусот ќе биде ставен на следната верзија. „Со жалење известуваме дека по голема дискудија и разгледување на сите опции, донесена е тешка одлука за ...
Со едноставно регистрирање на платформата „Мојата активност“, компаниите можат да го подобрат својот бизнис и да станат поконкурентни на интернет просторот, дури и да немаат своја веб-страница. Дигитализацијата се смета за клучен фактор за одржлив економски развој и подобрување на бизнисот бидејќи придонесува за поголема продуктивност, иновативност и конкурентска предност. Според најновите истражувања, иако околу 56% од микро, малите и средните ...
Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. „Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на ...
Сведокот Гоце Трајковски почнал да ги бара снимките од околните места иако случајот бил пријавен на институциите, затоа што никој не реагирал. – Беа собрани 30 полицајци, никој ништо не работеше, си седеа како криенка да играат – рече Трајковски. Камерите ги барале според Џи-пи-ер-ес апликација која покажувала каде се движи Вања. – Излегов на улица и барав камери од сите околни објекти. Баравме од камери пред самиот влез, нè известија дека ...
Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци за убиствата на Вања и Панче, кој водел паралелна истрага со полицијата за девојчето, донесен е од затворот во Шутка каде што заврши како обвинет за палење на кафуле во Кисела Вода. Тој рече дека не познава никој од обвинетите, обвинетиот Љупчо Палевски бил во сродство со мајка му Кираца Трајковска. Веднаш штом застана зад пултот за сведочење кажа дека има закани од партијата Десна која ја водеше ...
Вкупната вредност на извозот на Северна Македонија во периодот јануари – декември 2024 година изнесува 7,78 милијарди евра, што бележи намалување од 6,5% во однос на истиот период од 2023 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 11,06 милијарди евра и бележи намалување од 0,8% во однос на истиот период од 2023 година. ...
Најавените реформи на гимназиското обарзовние предизвикаа позитивни вибрации кај гимназијалците, според Берин Мухамед, претседател на Сојузот на средношколци. Како што вели тој за „Слободен печат“, предложената концепција од Министерството за образование и наука нуди можност учениците сами да ги одбираат изборните предмети, што не била досегашна пракса. Откако ја доставиле концепцијата до сите претставници од училиштата, овој предлог предизвикал ...
Украина сега се соочува со загуба од 800 милиони долари годишно како транзитни такси од Русија, додека Гаспром ќе загуби речиси 5 милијарди долари од продажбата на гас. Извозот на руски природен гас во Европа, преку цевководи од советската ера што минуваат низ Украина, беше прекинат во раните утрински часови на новата година, бидејќи истече договорот за транзит и завојуваните Москва и Киев не постигнаа договор за продолжување на протокот. ...
Загубите на руски возила во Украина надминаа 15.000, а производството на нови возила заостануваше, дојде ред руските трупи во Украина на крајот да се качат на своите коњи. Можеби овој чекор беше неизбежен, бидејќи загубите на руски возила во Украина надминаа 15.000, а производството на нови возила заостануваше, дојде ред руските трупи во Украина на крајот да се качат на своите коњи. Конечно, како што пишува Форбс, тоа се случи. Видео кое кружи ...
Володимир Зеленски, во интервју за Асошиетед Прес, изјави дека Украина добила само 75 милијарди долари од вкупната сума од 175 милијарди долари американска помош за Украина што ја одобрил Конгресот на САД. На социјалните мрежи се појавија коментари дека парите се испрани. Каде се 100 милијарди помош за Украина од САД? Изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека војската на неговата земја добила само дел од ветената американска ...
Литванскиот претседател Гитанас Наузеда неодамна изјави дека станува збор за „физичко одвојување од последниот преостанат елемент на потпирање на рускиот и белорускиот енергетски систем“. Речиси три и пол децении по напуштањето на Советскиот Сојуз, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија веќе нема да бидат поврзани со електричните мрежи на Русија и Белорусија почнувајќи од овој викенд, бидејќи тие целосно се свртуваат кон своите ...
Ако има некој што ја разбира моќта, тоа е претседателот Доналд Трамп, и можете да го видите тоа според она што тој неодамна го направи, рече специјалниот пратеник за Украина и за Русија, Кит Келог, на интервјуто со Њујорк пост. Специјалниот пратеник за Украина и за Русија, Кит Келог, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да ги засили санкциите за Русија за да се стави крај на војната во Украина, но нагласи дека и Москва и ...