
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата. Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги ...
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денес во рамките на работната посета на Хеленската Република, имаше средба и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис. На средбата беше истакната важноста на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералните односи меѓу ...
Денеска (07.02.2025), директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во Тетово присуствуваше на четвртиот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните. Директорот Јанев го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и ...
Формирана е меѓуресорска група која ќе се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите. За ова денеска на прес конференција информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која рече дека важно е училиштата да останат мирна и хармонична средина во која учениците единствено ќе се посветат на стекнување што ...
Неколку машки малолетни лица, во автобус на ЈСП што сообраќал кон Аеродром, вознемирувале малолетничка, допирајќи ја по телото, а еден од нив се соблекол пред неа, информира МВР. Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 ...
Речиси половина од граѓаните се многу загрижени заради злоупотребата на дроги, а околу една третина, заради „белата чума“, односно депопулацијата на населението Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние со незавршено основно до 47,2 кај испитаниците со завршено високо образовани, ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече изградбата на ветените патишта низ државата, изјави: „Изградбата, ако се спореди со тоа како напредува сега и каква беше во истиот период, да речеме пред една или две години, можам да кажам дека разликата е десеткратно подобрена, во насока на динамиката. Сведоци бевте на почетокот на годината дека се ...
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денес во Атина оствари средба со заменик-министерката за надворешни работи на Хеленската Република, амбасадорката Александра Пападопулу. На средбата беше реафирмирана заедничката заложба за унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во клучните области од заемен интерес. Министерот Муртезани нагласи дека Северна Македонија и Грција, како ...
„Добар ден и од мене. Нема како, а да не е човек задоволен, кога може да направи некој друг да биде среќен и задоволен, како што јас успеав да видам двајца корисници на овие станови, кои што се позади мене овдека изградени од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Мислам дека што повеќе вакви згради и што повеќе среќни лица, тоа е и поголема нашата мисија и поголемо е задоволството наше. Еве, директорот ...
Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, кои ќе придонесат за значително зајакнување на безбедноста на патиштата. Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање на јавната расправа ,,Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на ...
Унгарија ќе преземе чекори за да обезбеди целосна транспарентност на сите средства што доаѓаат од САД кон невладини организации и медиуми кои го критикуваат унгарското владеење, изјави премиерот Виктор Орбан во денешното интервју за државното радио. Орбан, кој е близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека е време да се „елиминираат овие странски мрежи“, особено во контекст на размислувањата на Трамп да ја спои ...
Еден маж е убиен рано изутринава во нов оружен инцидент во бриселската населба Андерлехт, кој, според локалните власти, е поврзан со шверц на дрога, јави дописникот на МИА од Брисел. – Околу 4 часот утрово одново се пукаше во Андерлехт. Има едно загинато лице, маж кој допрва треба да биде идентификуван, изјави претпладнево портпаролката на локалниот полициски реон Сара Фредерикс. Таа додаде дека во тек е истрага за расветлување на околностите ...
Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис од утрово е во посета на островот и посочи дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и внимателно ги следат упатствата на експертите, кои ја советуваат цивилната ...
Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој беше осуден на 12-години затвор. Тажната вест за „Фокус“ ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка. -За жал информацијата е точна. Му се слошало на роденденот на неговата ќерка по што починал. Тој беше на судски прекин на казната, ни изјави ...
Додека по социјалните мрежи цела Македонија се подготвува за бојкот на трговијата, ми се појави еден оглас кој вели: Неодолива понуда – двособен стан од 170, 000 €. Бидејќи не ја знаеме точната квадратура, ако претпоставиме дека станот е 60 м2, говориме за цена од 2, 833 € по метар квадратен. Но, не видовме дека некој / некои организираат протест пред градежната фирма, или, пак, бојкот на градежните фирми?! Цените на автомобилите пораснаа за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за пет лица за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата- дел од постапката за Проектот „Скопје 2014“. Меѓу обвинетите се и управителот на фирмата “Бауер БГ”, како и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Донев. -По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска оформила предмет за министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако беше откриено дека неговиот татко Љупчо Андоновски станал советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат, Игор Андоновски, на крајот на декември бил назначен за началник на најголемиот, скопскиот сектор во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објави „Телма“. На прашањето од телевизијата ...
Откажани се сите забавно-музички настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Оттаму појаснија за МИА дека Општината се одлучила на ваков чекор, заради почитта кон двајцата сограѓани – Фросина Кулакова, која загина на „Партизанска“ во Скопје и Миле Тодоров, по кој се трага со денови. – Имајќи ја предвид сензитивноста на моментот во кој се ...
„Јас очекував дека СДСМ ќе биде порационален во своите изјави. И сега тоа што го прочитав навистина за мене беше неочекувано, мислев дека еднаш ќе застаневме заедно за да обезбедиме национален консензус и заеднички да работиме на промените, да не биде еднострано, да не бидеме ние обвинети дека ете правиме нешто кое што е дел од коалицијата која што е во Владата.“ вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ предложи неколку законски измени во законите кои ја регулираат оваа сфера со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно ...
Меѓународниот Кривичен суд (МКС) денеска соопшти дека ја осудува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции за неговиот персонал. Трамп синоќа одобри финансиски и визни санкции насочени кон луѓето кои работат на истраги на Меѓународниот кривичен суд против американски граѓани или американски сојузници како Израел, повторувајќи ги потезите што ги презеде за време на неговиот прв мандат. Овој потег беше протест против ...
Сериски силувач и убиец е егзекутиран синоќа во Алабама со азотен гас. Ова е четврти пат оваа американска држава да користи ваков метод на егзекуција. Деметриус Фрејзиер (52) беше осуден на смрт во 1996 година за убиство на 40-годишната Полин Браун, мајка на две деца, кое го извршил во 1991 година во Бирмингем, Алабама. Фрејзер беше прогласен за виновен за упад во нејзиниот стан, ја силувал и ја убил со истрел од пиштол во главата. Поротата ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 7 февруари 2025 година (петок), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи јавна расправа на тема: „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“.На седницата се поканети претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ...
Непотизмот е раширен во владата на Мицкоски, семејните и партиските стебла се единствен критериум за избор и вработување на високи позиции, нема мерит систем, нема ништо. Класичен пример е семејството Андоновски. Стефан Андоновски ВМРО-ДПМНЕ го постави за министер за дигитална трансформација. Неговиот татко, Љупчо Андоновски е поставен за советник во Влада а неговиот брат, Игор Андоновски е поставен за началник во АНБ. Тате советник, бате ...
За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судии и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители којшто се носеше по скратени постапки, буквално на сила изгласани дневни редови и многу закони донесени со европско знаме и така натаму, изјави пратеничката истовремено и ...
Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во ...
Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка. Безбедноста на децата и вработените е наш врвен ...
Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно удри по стандардот на граѓаните! Со укинување на субвенциите за струјата, оваа власт ги остави домаќинствата на милост и немилост на енормно високите трошоци. Граѓаните низ целата држава се соочуваат со значително поголеми сметки за електрична енергија – во многу случаи, за 20% до 30% повисоки од претходните месеци. Само за јануари, голем број семејства добија сметки зголемени за 2.000 денари, ...
Државните институции на СДС му служеа за лично богатење. Седум години власт, буџетите на институциите СДС ги користеше како непресушен извор за богатење на поединци. Преку наместени тендери ги празнеше државните буџети на институциите, а парите завршуваа кај лица од СДС или на нив блиски лица. Тоа е карактеристика на лицата кои што СДС ги поставуваше на раководни државни позиции. И поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски е еден од нив. Тој, ...
Потона уште едно лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има нов Клинички центар. Пред изборите ветуваа модерен, нов Клинички центар кој ќе овозможи подобри здравствени услуги за сите граѓани. Денес, кога се на власт, признаваат дека нема да го реализираат ова ветување, а наместо тоа, нудат импровизирано решение – пребукирана Градска општа болница „8 Септември“ да стане регионален центар. Ова не е реформа во здравството, ова е уште еден доказ за ...