
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека севернокорејски војници повторно се борат заедно со Русите во рускиот пограничен регион Курск, кој е делумно окупиран од Украина, објавија светските медиуми. Киев претходно соопшти дека севернокорејските војници се повлекле од територијата поради големи загуби. – Има нови напади во оперативната зона Курск, повторно се вклучени руската војска и севернокорејски војници, рече Зеленски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го номинира поранешниот гувернер на Илиноис Род Благоевич за амбасадор на САД во Србија, објави Политико, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите велат дека Трамп се уште не донел конечна одлука да го номинира Благоевич за амбасадор, наведувајќи дека Трамп размислува и за амбасадор во Србија да го назначи адвокатот Марко Брновиќ, чии родители дошле во САД за време на поранешна ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, во чија биографија пишува дека бил корисник на стипендија од Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос, денеска изјави дека „целата мрежа на Сорос“ во државата „мора да се елиминира“. Зборувајќи за државното радио, Орбан ја поздрави „транспарентноста која ја донесе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со објавувањето на деталите за финансиските придонеси на ...
Десетици илјади Словаци протестираа против владата на премиерот Роберт Фицо во повеќе од 40 градови барајќи да ја одбранат проевропската линија на земјата, пренесе „Блумберг“ . Тоа е последниот знак на јавно незадоволство од Фицо откако тој се врати на власт во 2023 година со предизборни ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина и ќе ги обнови врските со Русија. Неговата пријателска реторика за Москва се интензивираше на крајот на ...
Загребската полиција покрена истрага против маж (39) поради сомнение дека сторил четири кривични дела кражба, како и ширење и пренесување на заразни болести. Осомничениот Ј.О.(39), српски државјанин, на 25 јануари околу 16 часот го виделе сведоци како се приближува до киоск на улицата Хрговиќи. Потоа го отвора фрижидерот во киоскот, зема шише со вода, со шприц вбризгува нешто во него, а потоа заминува, јавува Н1 Загреб. Според утринскиот весник, ...
Вонредна состојба вечерва има на аеродромот во Софија откако неидентификуван дрон привремено го запре сообраќајот на аеродромот, јави БТА. Според агенцијата, авионите кои требало да слетаат по 20 часот морале да направат дополнителни приоди и да чекаат на небото додека не добијат дозвола за слетување. На социјалните мрежи патниците исто така пријавуваат проблеми поради дронот. Софискиот аеродром објаснува дека ги известиле надлежните институции. ...
Власта на српскиот претседател Александар Вучиќ со недели е во конфликт и постојани препукувања со хрватскиот дипломат и европратеник Тонино Пицула, кој е известувач во Европскиот парламент за напредокот на Србија на патот кон ЕУ. Притоа, официјален Белград внимава критиките и острите зборови за Пицула да не доаѓаат од актуелни функционери. Денеска, ставовите на власта околу последните изјави на европратеникот ги изнесе премиерот во оставка ...
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги предупреди властите во еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, Република Српска, дека со најавеното донесување на закон со кој ќе се ограничи работата на невладините организации, но и ќе се укине концептот на родовиот идентитет, сериозно го доведуваат во прашање својот европски пат. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оваа недела најави донесување строг закон за ...
Една четвртина од 15.000 постојани жители на Санторини се евакуирани, а властите прогласија вонредна состојба по најсилниот од серијата земјотреси на грчкиот остров во средата, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Помали потреси се забележани и во четвртокот и денеска. Утрово повторно имаше два силни потреса, од 4,5 и 5 степени. Иако земјотресите во серии кои траат неколку недели не се невообичаени, научниците се изненадени од ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска соопшти дека официјално ги информирала претставниците на Европската унија, САД, Велика Британија и другите меѓународни партнери во земјата за, како што велат од партијата од Мала Речица, „длабоката загриженост за системското исклучување на Албанците од клучните државни институции“. Во писмото до амбасадорите, ДУИ пишува дека за „албанските културни проекти“ се издвојуваат само 12 отсто од буџетот. ...
Тетовската полиција соопшти дека поднела кривични пријави против четворица жители на градот, поради насилство. Во трите случаи, нападнати биле жена (од нејзиниот сопруг), маж (натепан од неговиот брат) и вработен во општинското претпријатие за паркинзи (од татко и син), велат од СВР Тетово. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2024 во ...
Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата ...
Две синдикални организации кои ги претставуваат вработените во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) денеска поднесоа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, како и против американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за финансии Скот Бесент, затоа што, како што тврдат, неуставно се обидуваат да ја укинат оваа агенција основана од Конгресот, која постои повеќе од 60 години, пренесе „Ројтерс“. Како што денеска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да одржи состанок со Владимир Зеленски следната недела, а потенцијално место ќе биде Вашингтон, објави ТАСС. „Веројатно ќе се сретнам со Зеленски следната недела и веројатно ќе разговарам со [рускиот] претседател [Владимир] Путин“, рече американскиот лидер пред разговорите со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба во Белата куќа. „Тој [Зеленски] може да се сретне [со мене] следната недела, ...
И во следните три дена ќе продолжи периодот на стабилно и суво, но релативно студено време, на повеќе места со негативни утрински температури, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневните температури ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Утре во некои котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне минус шест степени. Се очекува максимална ...
Сѐ што кажа сведокот Гоце Трајковски е во полза на одбраната на Александар Ѓорчевски, бидејќи Гоце Трајковски изнесе буквално сѐ што знае. Дејствијата кои ги преземал во текот на целата постапка, во еден дел и по барање на полицијата и тоа воопшто не е спорно, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, денеска, по завршувањето на судското рочиште во Основниот кривичен суд за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и ...
Земји-членки на НАТО разговараа за распоредување на трупи на Гренланд како одговор на заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп дела ќе ја употреби американската армија за заземање на данскиот остров, објави британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на неименувани извори. На неформалните разговори „што би направиле НАТО трупите“ ако Трамп ја реализира заканата учествувале десетина европски сојузници. Се разгледувало и дали постои можност ...
МВР информира дека вчера претпладне во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари. Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во ...
Ние нашето си го завршуваме, граѓаните ги плаќаат кредитите што ги земаме како држава и градиме. Сакаме да видиме што ќе се случува во Бугарија и во Албанија, тоа е практично Коридорот 8, рече премиерот Христијан Мицкоски. Динамиката на изградбата, ако се спореди со периодот пред една или две години е десеткратно подобрена, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како тече изградбата на ветените патишта низ државата. ...
Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да нè изненади. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање на МИА. Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада. Според него, тоа е нешто што не треба да нè изненади, бидејќи, ...
Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и поматаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови. Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и понатаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови. – Постојано сум ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност вели дека се истражува која е целта и заднината на овие лажни дојави. Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Тетово. По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна. – Нема потреба за паника, ...
Доделувањето на клучевите на новите станови беше проследено со присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Велес Марко Колев и други важни претставници од владини институции. Во Велес, 29 семејства добија нов дом во рамките на програмата за изградба на социјални станови, кои се дел од напорите за обезбедување пристојни животни услови за граѓаните. Овој проект е уште еден важен чекор во обезбедувањето на стабилни и сигурни ...
Адвокатот Сашо Дукоски, на прес-конференцијата пшто ја свика, забележа дека многу невистини се споделуваат во јавноста кои доведуваат до повици на линч и крв, наместо да се решава случајот во институциите со владеење на закони. Родителите на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова на Партизанска, се појавија на денешната прес-конференција што ја одржа адвокатот Сашо Дукоски. Тие негираат дека му дозволиле на својот син да управува со ...
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во гостувањето на „Наткаст“ на Курир истакна дека големи суми се вртат по затворите, не само во однос на мобилните телефони до кои доѓаат притворените или осудени лица. – Кога дојдов на позицијата ми беше кажано дека грам хероин или кокаин е поевтин отколку на улица да купите. Како зависник поедноставно ќе имате дилер кој ќе ви набавува дрога отколку на улица. Наследивме ...
Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска оцени дека Европската унија треба да биде „пофлексибилна“ во преговорите за членство, изјавувајќи дека „дојде редот Брисел да направи чекор за ова прашање“. Во интервју за Еуроњуз, Кобахидзе рече дека неговата влада се соочува со „некои значајни предизвици со европската бирократија“, но истакна дека тој е „сè уште многу оптимист“ дека земјата ќе добие членство во ЕУ до 2030 година. -Ќе бидеме доследни ...
Осум украински деца кои насилно беа одведени од своите семејства, вратени се дома, изјави денеска советничката на украинскиот претседател Дарина Заривна. Децата биле земени од нивните семејства од страна на официјални лица на полуостровот Крим, кој е под руска контрола и сместени во државни сиропиталишта. Заривна истакна дека децата биле одземени од болница додека биле на лекување и биле подложени на малтретирање во сиропиталиштата и принудени ...
Шведската влада денеска објави дека работи на нацрт-закон за ограничување на пристапот до полуавтоматско оружје по пукањето во Еребро, што прерасна во најголемото масовно убиство во историјата на Шведска, пренесоа француските меидуми. „Постојат видови на оружје што се толку опасни, па затоа треба да може да им се продаваат на цивили само во исклучителни околности“, се наведува во соопштението на владата. Во пукање во образовен центар за возрасни ...
Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина. Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање во врска со текот на реконструкцијата на студентските домови во Скопје, кои имаат значаен придонес за подобрување на студентскиот стандард, информираше дека во тек е реконструкција на два студентски дома, „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“, за кои се очекува за година и половина од денеска или до 2026 година да ...