
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго. На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека поддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше нагоре прогнозата за економскиот раст на Турција за 2025 година, од 2,6 на 2,7 отсто, јавуваат турските медиуми повикувајќи се на нов објавен извештај на институцијата. Како што наведува новинарскиот портал „Хаберлер“, корекцијата е направена по анализа на голем број економски индикатори. Според истиот извештај, стапката на невработеност во земјата годинава се очекува да изнесува 9,4 отсто, додека ...
Вработени во Радио телевизијата на Србија (РТС) собрани околу неформалната организација „Наш протест“ соопштија дека ги загрижува фактот што никој од раководството на јавниот сервис официјално не им се обратил од почетокот на блокадата на медиумот. Тие додаваат дека бараат утврдување одговорност за навреда кон студентите во програмата и оставка од одговорните за тоа. Вработените во РТС во соопштението потенцираат дека немаат никакви упатства ...
Група студенти и граѓани деветти ден ги блокираат зградите на Радио телевизија Србија (РТС) на улиците Таковска и Кошутњак, а јавниот медиумски сервис објави дека новинари, сниматели, уредници и продуценти вложуваат големи напори да продуцираат и емитуваат информативна, културна и друга телевизиска програма и покрај незаконската блокада на зградата, студијата, радиодифузната и другата опрема на теренот. Блокирани за сообраќај се улиците околу ...
Десетици граѓани од земјава, како и бројни туристи од соседна Србија и Бугарија, го поминаа продолжениот празничен викенд во Грција. Омилената дестинација за летување на регионалните туристи, грчкото приморје, подготвено ги дочека првите посетители, со цени исти како минатата година. Нема покачување на цените во угостителските локали, ниту пак во хотелите, а по повод Велигденските празници, во маркетите беа актуелни големи намалувања на ...
Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Дејан Павловиќ, изјави дека протестот пред Министерството за образование е одговор на просветните работници и академската заедница на потезите на власта, вклучително и изборот на Дејан Вук Станковиќ за ресорен министер. Студентите веќе осми ден ја блокираат зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), а најавија дека блокадата ќе трае сè до исполнување на нивните барања. Во тек е и протест ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град. Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат. Дел српски медиуми јавија дека камион делумно ...
Во стан во Загреб синоќа се случило убиство. Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца мажи, кои заедно консумирале алкохол, физички се пресметале, при што еден од нив починал од здобиените повреди. Сè се случило околу 20 часот каде мажите на возраст од 39 и 31 година физички се пресметале, а помладиот починал од повредите, соопшти полицијата. Според информациите, малку подоцна бил пронајден 39-годишниот осомничен, кој бил приведен во ...
Според Миливојевиќ, се јавиле неколку стотици граѓани, кои предале придружна документација и сведочеле за последиците. Претседателот на српската Демократска партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ денеска до Обвинителството за организиран криминал поднесе кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и други лица за „пукање кон граѓани на Србија“ на 15 март со звучно или акустично оружје, поткрепена со медицинска документација со ...
Премиерот во заминување Албин Курти на денешната владина седница рече дека барањето на опозицијата е непромислен обид да се остави куќата без домаќин. Тој изјави дека владиниот кабинет поднел оставка и дека владата сега е во технички мандат, објавија косовските медиуми. Курти додаде дека во Законот за Влада јасно е прецизирано дека владата која поднела оставка продолжува да ги извршува своите должности до изборот на нова влада и нагласи дека ...
Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплени 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. На Меѓународниот Аеродром Скопје, државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија, се обидел да криумчари во државата 76 парфеми, информираат во Царинската управа. Како што се наведува во нивното ...
Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони или 28.4 проценти од вкупното собрано количество. Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување од 2.5 проценти. Зголемувањето, како што објави Државниот завод за статистика, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање ...
Наодите на инспекторите ќе треба да се анализираат за да се направи проценка на потребата и основаноста од понатамошно јавнообвинителско постапување. Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет во врска со прашањето за правилното одложување на пепелта во РЕК Битола, откако Државниот инспекторат за животна средина минатиот месец при контрола утврди дека на одлагалиштето има поголема количина на несоодветно депонирана пепел. ...
Актерот Тони Михаловски остро реагираше на Фејсбук по повод неисплатените плати за вработените во културата и оправдувањата од страна на министерот Зоран Љутков, кој е и актер. Во своја стилски препознатлива објава, Михаловски ги нарече надлежните „смешни и расипани, како да ве составувал Нушич“, упатувајќи критики кон оние што, според него, забораваат кои биле откако ќе се искачат на функција. „За пуста функција и преку трупови ќе газите… Ја ...
Автомобил во сопственост на фирма од Чешка, кој бил паркиран во скопската населба Мичурин 20 дена, бил украден, а случајот во полиција го пријавил 70-годишен грчки државјанин, соопшти МВР. Според пријавата, во автомобилот имало и пари, компјутер и други предмети. „На 22.04.2025 во 10:45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на улицата ...
83-годишен затвореник кој одлежувал казна во штипскиот затвор, вчера починал во болницата во Штип, соопшти МВР. „На 22.04.2025 во 21:25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица. Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал. Лекар ...
Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица „Макпетрол“ и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ објави дека денеска се сретнал со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп, прва по неговото преземање на оваа функција. На средбата била нагласена важноста на континуираната соработка и бил истакнат ангажманот на Канцеларијата на Високиот комесар. – Заеднички констатиравме дека нашата држава доследно ги исполнува обврските содржани во ...
„Денеска на 6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари. Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската ...
Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект меѓу српската компанија COMING – Computer Engineering и Машинскиот Факултет при Универзитетот во Ниш. Што да се каже освен дека новото време носи и нови решенија кои се наметнуваат како неопходност знаејќи го проблемот околу недостиг на работна сила. Но затоа не ни недостасуваат иновативните решенија, експерти, познавачи на секторот и најважно лозари кои инвестираат во модерно и ...
Хрватскиот ветеран и легенда на Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално стана дел од сопственичката структура на екипата на Свонси. Во текот на денешниот ден се појавија најавите дека Модриќ ќе стане еден од сопствениците на овој клуб, а набрзо и се беше официјално потврдено. „Свонси може со задоволство да потврди дека Лука Модриќ доаѓа во нашата сопственичка група. Тој е еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, лидерството, знаењето и ...
Пред една година тимот Peugeot TotalEnergies го претстави PEUGEOT 9X8, чија аеродинамика и каросерија беа 90% обновени од техничкиот тим на Peugeot Sport. Под тешки временски услови, автомобилот бр. 93 заврши деветти, додека болидот бр. 94 беше погоден на стартот. Од своето деби во април 2024 година, тимот со PEUGEOT 9X8 освои поени на шест од осумте трки на кои учествуваше, вклучувајќи ја и последната во Катар. „На 1812 km Катар, бевме во чекор ...
Кошаркарите на Црвена звезда во плеј-ин натпреварот загубија од Баерн Минхен по продолжението со резултат 97:93, со што ја завршија сезоната во Евролигата. Натпреварот беше решен поради големиот број промашувања на Црвена звезда од линијата за слободни фрлања. Само во продолженијата, тимот на Јанис Сферопулос промаши четири од пет слободни фрлања. Баварците на крајот го добија мечот и за пласман во плеј-офот на елитното европско клупско ...
Габонскиот репрезентативец, Арон Боупенза кој го носеше дресот на кинескиот Жендијаг каде што беше и најдобар фудбалер почина како последица од 11-ти кат во зграда во Кина. Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот и во овој момент се разгледуваат три сценарија меѓу кои е и убиство, а осомничен е неговиот брат. Имено, очевидци за полицијата изјавиле дека братот на фудбалерот во моментите на инцидентот бил во неговиот стан од каде што се ...
Вечерва во Скопје од 20:00 часот ќе се игра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда за кој имаше голем интерес од јавноста и се очекува на трибините на Арената да има над 20.000 навивачи. Натпреварот ќе може да го проследат и оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на стадионот во Скопје бидејќи ќе се пренесуваа на МТВ и „Арена Премиум 3“ каналот. Ќе потсетиме, натпреварот има хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе се ...
Арсенал го шокираше Реал среде „Бернабеу“ со победа од 1:2, додека Интер во Милано одбрани реми против Баерн и со вкупни 4:3 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Реал Мадрид капитулираше пред фантастичниот Арсенал – „топџиите“ вечерва славеа со 1:2 на „Сантијаго Бернабеу“ и го елиминираа актуелниот европски првак со вкупни 1:5, обезбедувајќи пласман во полуфиналето каде ги чека ПСЖ. Гостите од Лондон промашија пенал уште во 13. ...
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одигра хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда како поддршка за настраданите и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Иако резултатот од овој натпревар беше во втор план, сепак гостинската екипа победи со 3:1. Самиот меч немаше силно темпо, а неколку пати беше прекинуван со цел публиката емотивно да се потсети и да се збогува со оние кои го загубија животот во трагедијата во Кочани. Вардар ...
Италија ќе ги зголеми трошоците за одбрана на два отсто оваа година, во согласност со барањата на НАТО, изјави денеска италијанскиот министер за економија Џанкарло Џорџети. „Свесни сме за потребата од зголемување на трошоците во наредните години“, изјави Џорџети во парламентот, пренесе Ројтерс. Издатокот од 2 отсто изнесува околу 11 милијарди евра, при што Италија најави прилагодување на сметководствените критериуми за да вклучи одредени ставки ...
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека „врвот на фашистичката банда“ на Украина пристигнал во Париз на преговори за, како што вели, колку нејзини ковчези Европа ќе биде подготвена да прифати по воведувањето на „коалицијата на волните“ во Украина. „Наводно, врвот на украинската фашистичка банда пристигнал во Париз на преговори со Велика Британија, Германија и Франција за тоа колку европски ...
Шефот на кинеската мафија Џанг Дајонг (53), со прекар „Ашенг“ и неговата сопруга Гонг Ксијаокинг (38), се пронајдени мртви на само неколку метри од зградата во која живееле во близина на квартот Пињето во источниот дел на Рим, објави италијанската полиција, а пренесува Си-Ен-Ен. Убиството се случило откако во Рим избувнала тријада банди, која се проширила од Прато во Тоскана. Најмалку шест истрели биле испукани кон мафијашки пар кој се враќал ...