„Благодарам и за поддршката на кандидатите за советници, бидејќи според нашиот аналитички центар во наредниот период ќе имаме мнозинство во Советот на Општина Ресен“, истакна Тозиевски и додаде дека веднаш ќе продолжат со тековните и нови проекти значајни за Преспа. Виктор Паунов од ВМРО – ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а ...

Kандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во неколку општини ја забележаа својата победа уште во првиот круг. Во Кавадарци, старо-новиот градоначалник Митко Јанчев на својот Фејсбук профил изјави дека победата е резултат на работа, чесност и резултати, и ја посвети на граѓаните кои веруваат во подобро утре. „Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати. Оваа победа не е само моја, туку на народот, на сите кои веруваат во фер и посветена работа и ...