Ветивме победа, имаме победа. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Но, оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија мирна, одлучна и праведна, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција. – Оваа победа ја градевме со работа, со упорност. Патот не е е лесен, но Македонија има сила и луѓе и волја. Вечерва не славиме, туку ветуваме дека ќе работиме уште повеќе, ...

Куманово, Кичево, Кочани и Карпош се четирите општини кои не избраа градоначалник во првиот круг на изборите. За разлика од општата предвидлива и монотона слика на резултатите од другите општини, овде се случија непредвидливи ситуации: Во Карпош не успеја да победи ВМРО-ДПМНЕ, па во вториот круг ќе одат Сотир Лукаровски и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Во Куманово падна „круната“ на макдим Димитриевски чија партија не успеја ни тука ни во општина ...