Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1, има општини кадешто е 6:1, 7:1, а има општини кадешто е 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија. Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, во Берово, во Ѓорче Петров, во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Прилеп, во Битола, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Велес, Бутел, во Аеродром, во Јегуновце, во Вевчани, и на многу ...

Победа во повеќе градови уште во првиот изборен круг на осмите локални избори прогласи ВМРО-ДПМНЕ, еден и пол час по затворањето на гласачките места. Прво, членот на Извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски, а потоа и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата, соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг од изборите добиле градоначалници ...