Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра до крајот на сезоната како позајмен во Милан, потврди денеска италијанскиот клуб. Милан по завршување на сезоната ќе има опција да го откупи договорот на 32-годишниот германски репрезентативец со лондонскиот клуб за сума од пет милиони евра. Фулкруг веќе почна да тренира со своите нови соиграчи на крајот од декември, откако ги мина медицинските прегледи и би можел веднаш да дебитира. Тренерот на ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е време да се прекине „црната“ статистика која покажува дека лондонскиот клуб никогаш не освоил премиерлигашка титула доколку Новата година ја дочека на врвот на табелата. „Не знаев за тој податок … време е да се стави крај“, рече Артета на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали му е познато дека Арсенал пет пати ја испуштил шансата да стане шампион кога во новата ...
Досегашниот фудбалер на лондонски Тотенхем, Бренан Џонсон, потпиша денеска договор на четири и пол години со градскиот ривал Кристал Палас. Како што објавија британските медиуми, Кристал Палас го ангажираше Џонсон за клупски рекорден трансфер од 35 милиони фунти. „Навистина сум возбуден и среќен. Кристал Палас е толку голем клуб, клуб на кој му се восхитував. Одлично време е да се биде во клубот и да се биде дел од патувањето на кое се движи ...
Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилскиот репрезентативец, Дани Алвеш, чија пресуда за силување беше поништена минатиот март, инвестираше во португалски клуб од третата лига. „Во момент што ќе остане врежан во историјата на клубот, официјално го објавуваме доаѓањето на Дани Алвеш како косопственик на Спортинг Клуб Сао Жоао де Вер“, се вели во соопштението на клубот, основан во 1929 година. Според локалните медиуми, 42-годишниот Бразилец ...
Централниот бек на белгискиот Клуб Бриж, Жоел Ордоњез (21), треба да потпише за Ливерпул во јануари, а трансферот се проценува на 50 милиони евра, јавија денеска британските медиуми. Челзи, исто така, беше заинтересиран за него, но лондонскиот клуб на крајот се откажа од трката за потписот на еквадорскиот репрезентативец. Ордоњез ја почна својата кариера во еквадорскиот тим Индепендиенте, а во 2022 година се пресели во Клуб Бриж, во вредност ...
Интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата. – Од 21:00ч. поради интензивни врнежи на снег е задолжително употреба на зимска опрема (ланци) на патнот правец сЛисец-ПоповаШапка, информира вечерва Авто мото сојузот на Македонија. Post Views: 5 јануари 3, 2026 Интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата. – Од ...
Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат. – По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе ...
НБА ги регистрираше своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години, со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата. Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледале барем дел од празничната божикна програма емитувана на Еј-Би-Си и ЕСПН, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година. Лигата соопшти дека станува збор за најгледаниот „Божиќ во НБА“ во последните 15 години. Просечната гледаност по натпревар ...
Владата на Габон објави распуштање на националниот фудбалски тим, отпуштање на селекторот и отстранувањето на ѕвездата Пјер-Емерик Обамејанг од тимот по трите порази на Африканскиот куп на нации. Министерот за спорт во телевизиско обраќање во четвртокот ја објави суспензијата на националниот тим откако Габон заврши последен во својата група. „Со оглед на срамниот настап на нашите „Пантери“ на Африканскиот куп на нации, Владата одлучи да го ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на нов објект од детска градинка „Павлина Вељанова“ во Кочани, во кој има простор за згрижување 120 дечиња. Тој оцени дека овој објект значително ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите. – За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така ...
Првото бебе родено во Куманово во 2026 година е машко. Мајката Егзона Реџепи (31) и новороденчето се во добра здравствена состојба. Станува збор за второ дете во семејството Реџепи, родено со спонтано породување и со родилна тежина од 3.300 грама. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, и менаџерскиот тим на Општата болница Куманово денеска ја посетија мајката и однесоа пригодни подароци. – Посакувам пред сè здравје и среќа ...
Ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Зимската магија се враќа во Михајлово. Одлични вести за сите љубители на снегот и зимските уживања. По успешното отворање минатата година, ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, официјално ја отвора новата зимска сезона. Патеката ќе функционира до 19 часот, а по потреба и до ...
Хрватската ракометна репрезентација на претстојниот Европско првенство ќе настапи без првата опција на позицијата пикер. Селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон нема да може да смета на Марин Шипиќ, кој има повреда на коленото. Проблемот е голем особено што Шипиќ е првата опција за играта во напад, а другите играчи кои се на неговата позиција се пред сè дефанзивци. Тоа се: Јосип Шимиќ, Верон Начиновиќ, Леон Шушњара и Златко Раужан. Шушњара во ...
Манчестер Сити во следните неколку денови ќе добие големо засилување, играч кој е мета и на други клубови (Ливерпул и Манчестер Јунајтед). Станува збор за играчот на Борнмут Антоан Семењо. Се очекува договорот за трансфер да биде реализиран во првите денови од преодниот рок. Трансферот треба да чини 72 милиони евра. Семењо на 18-те натпревари досега има постигнато девет голови и четири асистенции и во моментов е трет стрелец во Премиер ...
Легендарниот бразилски голман Фабио го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година. Тоа значи дека рекордерот по бројот на одиграни натпревари дополнително ќе ја помести границата на одиграни натпревари. Ова значи дека со продолжување на договорот тој ќе може да брани до својата 47.година од животот. Фабио претходното лето го надмина легендарниот англиски голман Питер Шилтон и официјално стана играчот со најголем број одиграни ...
Од денес до понеделник кривопаланчани можат да се пријават за бадникарски кум на свечената прослава што општината ќе ја реализира на градскиот плоштад во вторник, 6 јануари, Бадник. -Во духот на православната традиција и вековните обичаи, Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Општина Крива Паланка“ ги повикуват сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество во свечениот избор на бадникарски кум за 2026 година, по повод ...
Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5000 денари. – Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. ...
Утревечер, во предвечерјето на Божикните празници, Општина Кисела Вода го отвора првиот Божикен театарски фестивал, тридневна културна програма што од 3 до 5 јануари 2026 година ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“, наведува Општината во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Фестивалот е посветен на сценската уметност и обединува театарски и музички содржини наменети за различни генерации. Во програмата учествуваат ...
Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17.јуни наполни 45 години. Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 години и три месеци. Се радувам на враќање на турнирот во Мелбурн. Имам многу ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на ...
Во општина Дебар почнаа кадровските промени во образовните институции кои, според градоначалникот Фисник Меља, треба да завршат следната недела. Нов директор на гимназијата „28 Ноември“ е Аргетим Трепча, долгогодишен професор по математика во оваа образовна институција. Тој доаѓа на местото на Рамадан Имери. Претходно нов дирекор доби Општинското основно училиште „Ристе Ристевски“ во Долно Косоврасти – Арменд Незири, на местото на Шанија ...
Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВРЕДИ, односно од Движењето БЕСА. Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“. Во своето прво обраќање, новиот в.д. директор најави дека ќе работи во ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс беа единствените кои како домаќини се радуваа на победа на петте ноќешни дуели во НБА лигата. Предводник до триумфот беше Каваи Ленард, кој дуелот го заврши со 45 поени и ја продолжи низата откако претходно постигна 41 против Хјустон, 28 против Портланд, 55 против Детроит и 33 против Сакраменто. Одлична помош имаше и во соиграчите Џејмс Харден 20 поени и Николас батум 14, па така екипата на ЛА Клиперс ја ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус – магистерски студии и на трет циклус – докторски студии. На универзитетските единици при УКЛО-Битола може да се запишат 548 кандидати за магистерски и 117 кандидати за докторски студии. Според објавениот конкурс за магистерски студии, најмногу слободни места се понудени за упис на Правен факултет-Кичево, вкупно 78, и на Технички и ...
На многу луѓе им е позната состојбата кога некој не нѐ гледа како приоритет, туку како „резервна опција“ – некој што можат „да го земат од полицата“ кога им треба внимание, блискост или (само)потврда. Често за нив се вели дека се „резерва“… Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“. Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи ...
Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2025 година. Рокот за пријавување на повикот е до 16 јануари 2026 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани. Слоред повикот, на манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2025 година; најдобар млад надежен спортист; најдобра ...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го посети првото родено бебе во Новата година во струшката болница. На мајката Милица и новороденчето им упати честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом. – Надја се роди со тежина од 4.210 грама и е во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен ...
Во тек е реконструкција на мултифункционалното игралиште во рамки на Гимназијата „Јане Сандански“, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Петар Јанков. -Просторот располага со фудбалско игралиште и кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога. Просторот е наменет пред сè за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и за граѓаните на Општина Струмица, напиша Јанков. Реконтрукцијата е ...
рагедијата во Кран-Монтана е последна во низата смртоносни пожари во ноќни клубови низ светот. Пред помалку од еден месец, во Гоа, Индија, загинаа 25 лица, додека во март минатата година, во пожар во клуб во македонскиот град Кочани животот го загубија 63 лица, наведува Радио Телевизија Швајцарија Експертот за противпожарна заштита Оливие Бурние објаснува дека во вакви случаи доаѓа до термодинамички феномен познат како „сеопфатно запалување“ ...
Поради „лоша“ продажба, американската компанија „Епл“ (Apple) одлучи да го намали производството на своите очила за виртуелна реалност, „Вижн про“ (Vision Pro). Имено, иако и натаму се продаваат милиони „Ајфони“ и лаптопи во секое тримесечје, и аналитичарите велат дека технолошкиот гигант сѐ уште не може да го пробие пазарот со својот нов производ, иако бројките не се нула. „Епл“ не ги објави бројките за продажба на ВР-очилата, но според ...