Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие, истакна градоначалникот Тони Коњановски кој заедно со најмладите битолчани учествуваше на Бадникова поворка. Традиционалниот настан почна од плоштадот „Магнолија“ и со песната „Вечниот Бог“ се пееше низ Широк сокак до Офицерски дом во Битола. – Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги ...

Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма во пресрет на Хистовот ...

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централното одбележување на Бадник. Кум оваа година е Зоран Кондратенко, а здравичар Јаков Дренковски. Во своето обраќање Кондратенко нагласи дека како овогодишен кум има обврска заедно со моите претходници и наследници во годините што следат да бидат чувари на оваа убава традиција, на обичаите врзани за чествувањето на Бадник и Божиќ и на скопскиот градски дух. ...

Познат е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство 2026. На списокот на селекторот Кирил Лазаров се: 1. Иван Галевски 2. Петар Атанасијевиќ 3. Никола Костески 4. Филип Кузмановски 5. Игор Ѓорѓиев 6. Жарко Пешевски 7. Михаил Аларов 8. Мартин Велковски 9. Самоил Ристевски 10. Никола Митревски 11. Мартин Томовски 12. Иван Џонов 13. Ненад Костески 14. Марко Митев 15. Павле ...

Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, соопштија денес од федерацијата. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов изрази задоволство од новиот договор со најдобриот македонски ракометар на сите времиња. – Официјално ...

По повод денешниот празник Бадник, во Соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија Свети Кирил и Методиј во Тетово, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Василиева Литургија. Тој потоа ги благослови децата бадникари кои тргнаа со поворка од Соборниот храм Свети Кирил и Методиј пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ со која се најави Рождеството Христово низ градските улици и булевари. Неколку стотини деца откако ...

Во Струмица денеска Фондацијата „Елеуса“ во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј” и ВИС „Стихири“, а под покровителство на Општина Струмица и годинава традиционално организираа Бадникарски концерт и поворка. Одбележувањето на Бадник почна со Бадникарска поворка од Манастирот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, која се движеше до зградата на Општина Струмица, каде младите ...

Децата од Куманово учествуваа во Бадниковата поворка и ја пееја „Вечниот бог“. Со ѕвездички во рацете и пештера се движеа од соколанскиот парк по централните градски улици до градскиот плоштад. Манифестацијата која се одржува по 11-ти пат ја организираа „Бадникови поворки“ со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово. – Ниту дождот не ги спречи Христовите ангели, децата коледарчиња, да го најават раѓањето на Богомладенецот со ...

Со бадникова поворка и традиционалната бадникова манифестацијата „Коледе леде“, што се одржа на градскиот плоштад, во Крива Паланка денес беше прославен големиот христијански празник Бадник, денот што го најавува Христовото раѓање. Манифестацијата започна претпладне од плоштадот „Карпошово востание“, од кадешто тргна свечената бадникова поворка во која учествуваа над двесте дечиња од двете основни училишта во Крива Паланка, како и членови на ...

Дефанзивецот Џанлука Манчини и играчот од средниот ред Брајан Кристанте ќе потпишат нови долгорочни договори со Рома. Според инсајдер Фабрицио Романо, договорите за соработката со двајцата фудбалери се речиси постигнати. Дваесет и деветгодишниот Манчини е во Рома од септември 2020 година. Неговиот тековен договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна еден гол и направи една асистенција на 24 натпревари. ...

Лиам Росениор е назначен за главен тренер на Челзи, објави прес-службата на англискиот клуб. Договорот на 41-годишникот е со важност до 2032 година. – Лиам ја докажа својата способност да гради тимови со јасен модел на игра и да поставува највисоки стандарди за играчите и на теренот и надвор од него. Иако акцентот ќе остане на развојот на играчите, очекувањата и амбициите на клубот остануваат на највисоко ниво. Лиам е способен брзо да го ...

Неколку стотини деца беа дел од свечената Бадникова литија што по 15 пат денеска се одржа во Охрид. Дождот не ги поколеба во желбата да продефилираат низ централните улици во градот и со пригодни коледарски песни да го најават највеселиот христијански празник – Раѓањето христово „Божик“. Литијата започна во 10:30 часот пред црквата „Св.Ѓорѓи“, преку улиците ,,Јане Сандански“, „Туристичка“ и Чаршијата до Градскиот плоштад „Свети Климент ...

Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот Бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката вообичаено тргна од црквата „Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Свештено лице го пренесе благословот од митрополитот повардарски Агатангел, до сите во Повардарската епархија. ...

Над 500 деца на возраст од 3 до 18 години годинава учествуваа на Бадниковата поворка што ја организира Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани. Подготвувани за празничниот настан близу еден месец, учесниците со празнични песни посветени на раѓањето на Богомладенецот, поминаа од кочанскиот храм, преку централното градско подрачје до Градскиот плоштад, каде што во Општина Кочани беа пречекани од градоначалникот Владко Грозданов. ...

Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата за делење бесплатен бадников посен оброк, што годинава по петти пат се реализираше во централното градско подрачје. Свештено лице присутно на настанот рече дека целта е да се израдуваат сите луѓе и да се покаже како вистински христијани, како треба во дела да се прославува нашата света православна вера. – Ова е голем ден, петти пат заедно со општествено одговорни ...

Одбележувањето на Бадник, денот пред Христовото раѓање, во дебарскиот регион не се разликува многу од другите делови на државава, но поради се помалиот број православни, веќе се губат некои традиции, како за овој, така и за другите православни празници. На трпезата за Бадник се поставува само посна храна, а секако неизоставен дел е погачата со паричка. – Погачата со паричка е задолжителна. На трпезата поставуваме, секој според можноста, но ...

Синоќешните коледарски огнови и утринските коледари го најавија Бадник кој во Битола денеска се слави од пладне до полноќ. Битолчани претпладнево од градскиот пазар купуваат овошје, костени и ореви за празничната трпеза, но и бадникови гранчиња кои ги поставуваат на влезната врата од домот. – Подготвени го дочекуваме празникот. Посните питулици, а јас ги подготвувам со лук, подготвени се за печење, а на трпезата ќе има гравче и посни сарми. ...

Православните христијани се подготвуваат за чествувањето на Божик – Исусовото раѓање. Во штипскиот и овчеполскиот регион пред големиот христијански празник верниците се подготвуваат за Бадниковата вечер. Вишиот кустос – етнолог во Музеј на град Штип и Заводот за заштита на споменици, Бети Иванова, која низ годините има истражувано на оваа тема, за МИА вели дека еден од најбогатите празници со обичаи во целиот новогодишен обреден комплекс, ...

Во кругот на семејството, со богата посна трпеза и молитва стружани го слават Бадник, денот пред Христовото раѓање. Денот почнува со празнична богослужба во храмовите, а потоа најмладите преку Бадникова поворка, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, одат низ улиците во градот најавувајќи го празникот и споделувајќи ја радоста за раѓањето Христово. Лидија Николовска од организацискиот одбор на Бадниковата поворка во Струга годинава очекува околу ...

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од Општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ. Како што соопштија од Општината, градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, ги пречекал коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подарил празнични пакетчиња и им посакал добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата. Тој ...

Репрезентацијата на Шведска ноќеска ја победи Чешка со 4:2 во финалниот натпревар на Светското првенство во хокеј на мраз за играчи до 20 години. Натпреварот се одржа во Сент Пол, САД. Каспер Јустовора Карлсон, Виктор Еклунд, Саша Бумедин и Ивар Стенберг постигнаа голови за Шведска. Адам Јиричек и Матеж Кубиша постигнаа голови за Чесите. Во полуфиналето на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз во 2026 година, Шведска ја победи Финска ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да настапи на претстојниот АТП турнир во Аделаида бидејќи сè уште не е физички подготвен. „За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи. ...

Манчестер Сити официјално објави вечерва дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол претрпел сериозна повреда на десната нога и ќе мора да се оперира. Гвардиола се повреди на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Челзи, поради што мораше да го напушти теренот. „Манчестер Сити може да потврди дека Јошко Гвардиол претрпе фрактура на тибијата на десната нога“, соопшти Манчестер сити, додавајќи оти хрватскиот фудбалер ќе ...

Јувентус ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го врати од Ливерпул напаѓачот Федерико Киеза, јавија денеска италијанските медиуми. Според истите извори, торинскиот клуб е заинтересиран за услугите на 28-годишниот крилен напаѓач, но преговорите се во рана фаза. Одлуката ќе зависи од ставот на Ливерпул, како и на самиот Киеза. Киеза играше за Јувентус од октомври 2020 до август 2024 година, по што му се приклучи на Ливерпул. Во сезоната ...

Раководството на Манчестер јунајтед ги разгледува Томас Тухел и Роберто Де Зерби како водечки кандидати за нов главен тренер на тимот. Според авторитетниот инсајдер Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, овие двајца фудбалски стручњаци се фаворити да го заменат Рубен Аморим доколку Манчестер јунајтед одлучи да го одложи назначување до лето. На 5 јануари, „Црвените ѓаволи“ го отпуштија Аморим, кој беше во клубот од ноември 2024 година. Тухел е селектор ...

Православните христијани вечерва го одбележуваат Бадник, а утре празнуваат Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Верниците од Охрид во духот на православието за Бадник подготвуваат посна семејна трпеза со риба, леб, мед, ореви, костени, посна сарма, домаќинот го пали бадниковото гранче, како симбол на светлина, здравје и благосостојба. На Бадник младите коледари одат од куќа до куќа да носат благослов и да пеат божикни песни. На Божик ...

Најзначајни во циклусот на зимските празници се Бадник и Божик. Верските празници во кумановскиот крај и понатаму се поврзуват со верувања за плодност и бериќет во домот, што се манифестира преку бадниковите гранчиња, коледарските песни, посната трпеза, лепчето со паричка и палењето на бадниковите огнови. -Фолклорот во Куманово и кумановскиот регион се препознава како живо културно наследство во кое се сочувани народните верувања, обредни ...

За Господ, за лозјето, за куќата, домаќинот и домаќинката, за децата. Вака тиквешани делат лепче со паричка за Бадник, а среќата многу често може да се падне и во лозјето. Тоа значи надеж за плодна гроздоберска година, добар пласман и солидна цена за грозјето. Всушност, лозарството, грозјето, виното и ракијата, маџунот, се неизоставен дел од долгата традиција на најголемиот лозаровинарски регион во државата. Тие се дел од обичаите и за ...

Во Пијанечкиот крај, Бадник е ден полн со мириси, вкусови и обичаи што се предавале од генерација на генерација. Ранка Трајановска, родум од Раловци, за МИА раскажува како се подготвувале домаќинките за празнување на Бадник, ден пред Божик. – Најпрвин ставаме слама под масата, ја постеламе со чаршав и палиме свеќа, свртена кон исток. На трпезата секогаш има баница, зелник, ‘царевица’, ‘шушелки’ – суви сливи, печенки, тиква, пиперна сол, ...

На ден Бадник во Тетово со неколку народни обичаи и разни видови активности се одбележува денот во пресрет на Христовото раѓање-Божик. Од 2017 година овие одбележувања почнуваат со Бадникарска поворка. Голем број деца се собираат во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ од каде по добиениот благослов од митрополитот г. Јосиф во 10 часот почнува поворката. Групата деца минува низ градските булевари и улици пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, а на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
89%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 4ᴼ
3.6
72%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.5
84%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
96%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
8.23
75%
1014
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
10.8
71%
1017
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
50%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
47%
1018
Currency

61.635

Currency

52.4243

Currency

70.4728

Currency

36.9948

Currency

38.3083

Currency

67.6264

Currency

7.58811

Currency

0.68261

Currency

0.33843

Currency

0.52539

Currency

1.19796

Currency

0.5752

Цинк

3.25

Платина

66166.24

Сребро

2490.40

Злато

160555.68

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Иридиум

212342.22

Бакар

11.58

Родиум

350443.14

Калај

46.19

Паладиум

53338.09