Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, реагираше на хет-трикот на напаѓачот Мајкл Олисе во пријателскиот натпревар против Северна Ирска. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Пјер Морој“ во Лил и заврши со 3:1 во корист на Франција. -Ова е тој Олисе што ни треба. Тој се истакнува по една сезона со Баерн и со репрезентацијата. Постигна голем успех и е полн со самодоверба. Исто така знае како напорно да работи на теренот и тоа да го прави ...
Во американската сојузна држава Тексас потврдени се уште два случаи на црв-месојад, соопшти американското Министерствои за здравство. Новите случаи се откриени кај теле и куче, кои не само што немале контакт, туку биле оддалечени стотици километри. Со ова, вкупниот број на случаи на инфекција со црв-месојад во САД се искачи на четири. Црв-месојад или шраф-црв всушност е вид на мува што произведува специфична месојадна ларва – јаде живо месо ...
Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ќе настапи на ревијален натпревар за време на овогодишното издание на Ју Ес Опен, враќајќи се на турнирот каде испиша историја. Американската тениска асоцијација (USTA) објави дека на 25 август, Федерер ќе учествува во програмата насловена „Roger Federer: An Icon Returns to New York“, а ќе му се придружат поранешните асови Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси. Федерер е единствениот тенисер во ...
Два билети за третиот натпревар од финалната серија меѓу домаќинот Њујорк и Сан Антонио се продадени на аукција за еден милион долари, објави вечерва НБА лигашот Њујорк. Победничката понуда за две места за познати личности на аукцијата за натпреварот, кој ќе се игра во 2 часот наутро по средноевропско време во вторник наутро во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, ја дадоа адвокатската фирма „Гибсон Дан“ и фирмата за приватен капитал „Веритас ...
Одбранбениот фудбалер на Челзи, Марк Кукуреља, сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Како што објави „Мундо Депортиво“, 27-годишниот фудбалер веќе го информирал англискиот клуб за својата намера да замине од Лондон. Се забележува дека играчот е високо ценет од главниот тренер на Барселона, Ханси Флик. Барселона ќе одлучи за трансферот на Кукуреља во зависност од ситуацијата со дефанзивецот Алехандро Балде, кој може да го напушти тимот. ...
Владимир Петковиќ потпиша продолжување на договорот и ќе остане селектор на репрезентацијата на Алжир до јули 2028 година, објави фудбалската асоцијација на земјата. Продолжувањето на договорот дојде четири дена откако „Пустинските лисици“ ја победија Холандија со 1:0 во пријателски натпревар во Ротердам и пред нивниот последен пријателски натпревар пред настапите на Светското првенство во 2026 година против Боливија. Шеесет и двегодишниот ...
Францускиот дефанзивец Ибрахим Конате ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, откако потпиша договор со Кралскиот клуб, јавија денеска шпанските медиуми. Според, РМЦ Спорт, договорот е со важност до лето 2030 година. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој победи на вчерашните избори, објави дека постигнал договор со 27-годишниот Французин. Трансферот беше најавен кога на 31 мај, Ливерпул објави дека Конате ќе замине на крајот од ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови. „Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за ...
Англискиот селектор Томас Тухел истакна денеска дека Џуд Белингем ќе се соочи со голема конкуренција за место во почетниот состав на Светското првенство. „Да, тој ќе се соочи со голема конкуренција. Улогите секогаш можат да се менуваат, но во моментов имаме 14 или 15 потенцијални стартери и тој е меѓу нив“, одговори Тухел на новинарско прашање. Англискиот селектор истакна дека е задоволен од формата на играчот од средниот ред на Реал Мадрид ...
Калчолигашот Фиорентина го назначи денеска поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо за свој нов тренер, потпишувајќи двегодишен договор. Четириесетиосумгодишниот Гросо, кој го постигна победничкиот гол за Италија во пенал серијата против Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, ја почна својата тренерска кариера во Серија Б со Бари и Верона, пред да ги предводи Бреша, Сион, Фросиноне, Лион и Сасуоло. „Никогаш не ...
Поранешниот италијански фудбалски селектор Роберто Манчини (61) повторно ќе седне на клупата на „Аѕурите“. Италијанските медиуми јавија денеска дека 61-годишниот Манчини е главен кандидат да ја преземе репрезентацијата. Според истите извори, Манчини треба да потпише договор до 2030 година со годишна плата од два милиони евра. Манчини беше селектор на Италија од 2018 до 2023 година, а должноста ја напушти откако во плејофот за пласман на ...
Седум жени го обвинуваат милијардерот и косопственик на британскиот фудбалски клуб Вест Хем, Дејвид Саливен за злоупотреба на својата моќ и искористување за сексуални односи. Некои од жените биле искористени додека биле тинејџерки. „Би-би-си Панорама“ и „Тајмс“ истражуваа од 80-тите години од минатиот век. Жените кои тогаш биле во тинејџерски години и биле манекенки наводно биле злоупотребени од Саливен додека барала работа во неговите ...
Реал Мадрид пушти денеска во продажба во своите официјални продавници ограничено издание дресови со името на папата Лав Четиринаесетти по цена од 195 евра, откако поглаварот на Римокатоличката црква обелодени дека е навивач на Кралскиот клуб. Во горниот дел на позадината од белиот дрес е испишано името на папата на шпански јазик „León“, а подолу бројката „XIV“. Шпанските медиуми јавија дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез (79), кој во ...
Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес. Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, ...
Играта „Крејзи такси ворлд тур“ („Crazy Taxi World Tour“) официјално пристигнува во 2027 година, а во рамки на настанот „Xbox Games Showcase“ беше објавен и првиот трејлер кој открива дел од содржините од популарниот серијал. Иако СЕГА неодамна се откажа од својот амбициозен проект „Супер игри“ („Super Game“), компанијата не се откажува од оживувањето на своите најпознати франшизи. Меѓу нив е и култниот серијал „Крејзи такси“,кој со години ...
Ким Кардашијан ги навлече критиките од обожавателите на Формула 1 откако го изигнорира познатиот новинар и поранешен возач Мартин Брандл на Големата награда на Монако. Кардашијан беше на стартната патека за да го поддржи својот партнер Луис Хамилтон кога новинарот на „Скај спортс“ ѝ се приближи за време на неговата вообичаена обиколка на патеката. Сепак, таа и нејзината сестра Клое Кардашијан, според наводите, одбиле да разговараат со него, ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. – Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав ...
Англискиот фудбалер Хари Кејн верува дека високите температури на финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година нема да бидат проблем за тимот. – Да бидам искрен, не мислам дека жештината беше толку лоша. Очигледно, се навикнуваме на тоа на тренинзите. По првите неколку дена, мислам дека повеќето од момците се навикнаа. Сите сме професионални спортисти. Сите се подготвивме правилно за овој турнир – и ние и персоналот. Сè уште имаме ...
Фудбалерот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Според „The Sun“, новиот тренер на Ливерпул, Андони Ираола, кој претходно го водеше Борнмут, инсистира на трансфер на 22-годишниот Англичанец. Скот е во Борнмут од 2023 година. Минатата сезона, тој одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше една асистенција. „Transfermarkt“ ја проценува пазарната вредност на играчот ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец. Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во составите на своите репрезентации за претстојното Светското првенство 2026. ...
Феенорд ја објави оставката на главниот тренер Робин ван Перси. Страните го раскинаа своето партнерство предвреме. – Спроведовме темелна внатрешна проценка на перформансите на тимот и видовме тренд на опаѓање на освоените бодови и во европските натпреварувања и во домашната Ередивизие. На крајот, заклучивме дека би било најдобро да ја започнеме новата сезона со нов главен тренер, изјави техничкиот директор на клубот, Деви Риго. Ван Перси ја ...
Компанијата „Новоматик Македонија“ и македонскиот фудбалски шампион Вардар попладнево потпиша нов договор за соработка. Генералниот спонзор „Новоматик Македонија“ следната сезона финансиски ќе го помогне Вардар со еден милион евра. Двете страни се задоволни од продолжување на соработката. Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги поддржавме амбициите на ...
До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...
Денес, не одбележуваме само едно книжевно дело. Денес, оддаваме почит на еден од најголемите столбови на македонската културна и духовна историја. Зборникот на браќата Миладиновци е сведоштво за народната мудрост, традиција и идентитет, зачувани низ времето благодарение на нивната посветеност, визија и љубов кон народното творештво – нагласи во своето обраќање Анета Механджијска, директорка на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во ...
Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 5 милијарди 520 милиони и 504 илјади денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на ...
На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Гистав Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...
На врвот Кадиица на планината Влаина, кој се наоѓа на 1.932 метри надморска височина, денеска беше поставен крст со висина од 3,20 метри, како резултат на заедничка иницијатива реализирана со поддршка од општествено одговорна компанија, Општина Пехчево и група ентузијасти од градот. Поставувањето на крстот беше спроведено по претходно организирана акција во која учесниците активно се вклучија во транспортот и монтажата на конструкцијата на ...
Со мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ...
Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави Министерството за наука и високо образование на Русија. Како што наведе министерството, тим истражувачи и лекари презентираа нови пристапи за откривање и лекување на болеста, вклучително и употреба на радиоактивни аптамери во дијагностиката. Според соопштението, новиот радиофармацевтски препарат се користи ...
Снаоѓањето низ светот на романтичните врски и сексуалната привлечност честопати е збунувачка. Многу луѓе во текот на животот се прашуваат зошто не ги делат истите искуства како нивните пријатели, зошто не се привлечени од случајни авантури или зошто им е потребна длабока емоционална врска пред да почувствуваат сексуална желба. Тука доаѓа до израз концептот на „демисексуалност“ – идентитет што добива сè поголема видливост последниве години, но ...