Во денешното емитување на емисијата „За или против“ на телевизија Алфа гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој се осврна на темата за правосудниот систем во Македонија, и истакна дека пристапот кој Владата го имаше беше европски пристап кој инаку не е својствен. Петрушевски посочи дека без разрешување на истрошените и компромитирани членови на Судскиот совет, промените ќе останат само декларативни. Според него, тоа е ...

Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ. Ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите. Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги ...

Главниот аргумент на опозицијата е неточен, доказите со кои сум запознаен говорат за континуирано и незаконско постапување во многу сегменти, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за обвинувањата на опозицијата во однос на истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани. -Командирот на полициската станица којшто првично беше суспендиран сега е дел од осомничените во рамките на постапката. Тој е осомничен за дејствие коешто ...

Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт проговори за преселбата на Луис Хамилтон во Ферари. - Минатата година Мерцедес покажа непредвидлива форма, понекогаш победуваа, понекогаш не можеа да се борат ниту за подиумот. Мислам дека ова ја поткопа мотивацијата на Хамилтон и му стана неопходна промена на тимот. Тој сè уште се адаптира на новиот болид, иако очекував дека побрзо ќе најде заеднички јазик со болидот и ќе почне да го престигнува Шарл ...

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, помина неколку минути разговарајќи сам со себе по поразот вчеравечер со 2:3 од Кавасаки во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони. Португалецот беше огорчен, ги рашири рацете и направи разни гестови. Роналдо не постигна гол во полуфиналето. За време на неговите 2,5 години со саудискиот тим, тој не освои ниту еден трофеј, освен пријателскиот Куп на арапските шампиони. Кавасаки ќе игра против Ал Ахли ...

Фудбалската асоцијација (ФА) формално ќе им забрани на трансродовите лица да играат во женските лиги. Одлуката ќе стапи на сила на 1 јуни. - Разбираме дека оваа одлука може да биде болна за оние кои едноставно сакаат да играат фудбал во согласност со својот родов идентитет. Ќе контактираме со регистрираните трансродови играчи за да ги објасниме промените и опциите за понатамошно учество во играта, се вели во соопштението на организацијата. ...

Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) продолжува со трендот на зголемување на бројот на патници, кои ги користат неговите услуги, но и на транспортот на стоки. Тоа го потврдуваат податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), според кои во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, наспроти над 1,9 милиони патници или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година. Освен албански, услугите на ...

На 10 дена до парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, гласачкото право до денеска го оствариле 117079 албански граѓани кои живеат и работат во странство. Според податоците што ЦИК ги објави денеска попладне пликови со гласачкото ливче примиле 218.638 лица, од вкупно испратените 245.935 пликови, кои секое лице треба лично да го прими. Најмногу вратени коверти во Тирана се од Италија или 53.416, а потоа следат Германија и ...

САД и Украина потпишаа договор за ретки минерали, а според Би-Би-Си, клучните точки на тој договор вклучуваат дека Киев нема да мора да враќа никаков долг кон Вашингтон, дека САД користат поостар тон кон Русија, а договорот вклучува и проекти поврзани со нафта и гас. Исто така, договорот не го спречува пристапувањето на Украина во Европската унија, американската воена помош е повторно на маса, додека САД можат да се повлечат во секое време, а ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс рече дека првите 100 дена од администрацијата на Трамп се однесуваа на „многу брзо“ внесување промени, но следните 100 дена ќе бараат од Конгресот и меѓународните партнери „да се заложат за тоа“. Венс зборуваше за можностите што ги гледа во иднина за „развивање на економијата“ и завршување на војната меѓу Украина и Русија за време на ексклузивното интервју за „Фокс њуз диџитал“ . „Првите 100 дена се - ...

Со концерт на националниот ансамбл „Танец“, симболот на македонската култура и традиција, Македонија го одбележа својот Национален ден на светската изложба „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија. Како што соопшти денеска Министерството за култура и туризам, со својот динамичен настап и автентична изведба на македонските народни ора и песни, „Танец“ оставил силен впечаток кај многубројната публика и уште еднаш ја потврдил улогата на културата како мост ...

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително ...

Формула 1 го продолжи договорот за домаќин на Големата награда на Мексико до 2028 година, објави официјалниот сајт на шампионатот. Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали е задоволен од продолжувањето на соработката со Мексико. -Многу сме задоволни што можеме да објавиме дека Големата награда на Мексико ќе остане во нашиот календар до 2028 година. Формула 1 е динамика, страст и емоции. Секоја година, уникатната атмосфера што ја ...

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, стана нов селектор на репрезентацијата на Катар, објави официјалната веб-страница на Катарската фудбалска асоцијација (QFA). Договорот со 58-годишниот шпански фудбалски стручњак е со важност до 2027 година. Тој го замени својот сонародник Луис Гарсија. Лопетеги ќе ја предводи репрезентацијата во преостанатите натпревари од квалификациите за Светското првенство. Катар сè уште има шанси да се ...

Српската полиција попладнево приведе две лица кои со автомобил се залетале кон колона студенти и граѓани во Нови Сад за време на протестна прошетка. Конвој граѓани и студенти што се движеше кон Мостот на слободата за момент застана, а џип со голема брзина помина покрај обезбедувачите и се залета кон граѓаните што ги блокираа двата правци на Булеварот на ослободувањето. Според првичните информации, никој не е повреден. На снимки на социјални ...

Граничните контроли меѓу Албанија и Косово ќе бидат укинати за нивните граѓани од денеска до 30 септември, според договорот меѓу двете земји. Врз основа на овој договор, граѓаните на двете земји ја преминуваат границата преку граничниот премин Морина-Вармица по забрзана постапка вкупно девет месеци во годината. Договорот, кој предвидува поедноставени процедури за преминување на границата за автомобили со косовски и албански регистарски таблички ...

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. Како што соопшти денеска ...

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека договорот за ретките минерали, што синоќа беше потпишан со САДе„значи важна пресвртница во украинско-американското стратешко партнерство насочено кон зајакнување на украинската економија и безбедност“. Гардијан пренесува дека Сибиха веќе разговарал со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, за агендата на Украина и ЕУ и договорот за ...

Врз основа на амнестијата на претседателот на Виетнам, Луонг Куонг, во текот на оваа година привремено се ослободени од издржување казни вкупно 8.056 затвореници, пренесува VNA. Вицепремиерот на Виетнам, Нгуен Хоа Бин, ги повика сите сектори, општествени организации, бизниси и семејства да ги пречекаат помилуваните лица со отворени раце и да ја поддржат нивната реинтеграција во општеството, без стигма и дискриминација. Бин го упати апелот ...

Манифестацијата Денови на Македонската култура во Белград - „Допир на Македонија“ - ќе биде отворена на 7 мај со изложба на слики од уметникот Тодор Јовановски во просториите на музејот „Жарково“ - Градски музеј Белград. Делата на македонскиот уметник претставуваат длабока емоционална и културна врска со Македонија, а како што е истакнато, изложбата има и хуманитарен карактер, наведуваат организаторите од Македониум, здружение на Македонците во ...

Приведен албански државјанин во полициската станица во струшкото село Франгово поради обид за нелегално пренесување добиток на албанска територија, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 9 часот, во полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, приведен е С.Д.(59) од селото Рајца, Република Албанија. - Тој, претходно од штала во селото Франгово, одзел добиток и за одреден паричен надомест, требало низ ...

Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот? Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија, тој од позиција на премиер даваше изјави кои немаа врска ниту со реалноста, ниту со фактите. Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од ...

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп за време на, како што ја нарече, „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја“. Харис изјавата ја даде во својот најголем говор откако ја напушти функцијата, што претставува еден вид политичко враќање за демократскиот претседателски кандидат откако Трамп ја победи на ...

Јужнокорејското обвинителство денеска објави дека поранешниот претседател Јун Сук-јеол е обвинет за злоупотреба на службена должност, што е најново обвинение против него, откако кој веќе се соочи со судење за обид за државен удар поради неговиот неуспешен обид за воведување воена состојба. Специјалниот истражен тим што се занимава со случајот соопшти дека Јун е обвинет без физичко апсење за злоупотреба на службена должност и попречување на ...

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека е невозможна евакуација на украинската армија што остана во Курскиот регион и дека се бара предавање од нејзините припадници кои се кријат. „Да, го протеравме непријателот од Курскиот регион но сè уште има луѓе што седат во некои подруми, слушаме што зборуваат, бараат евакуација, но сега нема да навлегувам во детали. Нема да има евакуација, бидејќи е невозможно“, рече Путин вчера во Москва, ...

„Европската унија подготвува план „Б“ за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон Москва, изјави за Фајненшл тајмс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. „Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите затоа ...

Во синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник’’ гостуваше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Градоначалникот говореше за тоа што наследил кога ја презел општината, но и за реализацијата. „Се соочивме со КОВИД кризата, немавме многу туристи во тој период, а општината е таква да зависи од туризам. Во поглед на долговите, наследивме околу 84,5 милиони денари, што за нас како мала општина и ...

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, во режија на Јован Ристовски, синоќа во Тирана заврши манифестацијата „Недела на македонската култура“. Претставата "8%?" која е работена според истражување и интервјуирање на лица кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди ја покажа суровата вистина на секојдневниот живот кој не опкружува. На животот на луѓето, чии гласови ...

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка ноќеска во 00.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил ...

Oдлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на Медресето „Иса Беу“ претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ. Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси. Денес вистината излезе на виделина - Медресето никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
49%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
57%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
85%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
55%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.46
42%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
91%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
34%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
57%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
56%
1016
Currency

61.525

Currency

52.2238

Currency

71.2961

Currency

34.256

Currency

38.4297

Currency

65.8212

Currency

7.29096

Currency

0.66212

Currency

0.36193

Currency

0.52523

Currency

1.31169

Currency

0.61183

Алуминиум

2.61

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15240.00

Рутениум

24048.76

Калај

33.98

Сребро

1184.46

Злато

107145.23

Бакар

10.06

Паладиум

36040.99

Платина

44470.11

Родиум

176829.11

Цинк

2.73