Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е на „слатки маки“ бидејќи има неколку опции за продолжување на кариерата. По три сезони минати во редовите на „граѓаните“ играчот од одбраната се подготвува за трансфер. Но, сепак и од неговиот клуб доби понуда односно нов договор со сума од 10,5 милиони фунти годишно. Хрватот сепак најверојатно се подготвува за заминување особено што клупата на Манчестер Сити ја напушти Пеп Гвардиола. Реал Мадрид го ...

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ истакна дека репрезентацијата на Босна и Херцеговина за да се пласира на Мундијалот го „копирала“ системот на неговата селекција. Воедно тој упати и поддршка за БиХ за настапот Светското првенство. „Работеа она што и ние го работевме. Направија добра атмосфера, добар спој на искуство и младост и поставија селектор, кој носи вистински одлуки. Тоа им донесе резултат“, истакна Далиќ. Претставниците на Босна и ...

Повеќе од две децении по последниот студиски албум, „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор е фронтменот Ристо Вртев, бендот ги најавува своето петто дискографско издание и големиот самостоен концерт „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни од 20 часот на стадионот на АРМ во Скопје. Ексклузивен гостин ќе биде Васил Хаџиманов. Видеоспотот за „Дни оловни“ беше премиерно прикажан денеска на ...

Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре изутрина“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре изутрина“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена ...

Македонско-украински форум, со претставници на украински и македонски компании, се реализираше денеска во Кавадарци. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека овој настан е повеќе од деловна средба, претставува можност за градење нови мостови на соработка, за размена на искуства, идеи и визии, како и за создавање нови партнерства кои ќе придонесат за економски развој и просперитет на двете земји. Тој истакна дека двете држави ги ...

Во Тетово се одржа промоција на публикацијата насловена „Османлиски документи за историјата на Македонија — Попис на христијанското население од Скопскиот санџак, Тетовска каза 1838/39 година“Том II, книга 3, издание на Државен Архив на Република Северна Македонија. Авторот, доц. д-р Аднан Шериф, направил превод на документи од Османлискот архив во Турција од пописот спроведен во 1838 и 1839 година при што се евидентирани населбите, ...

Преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје биле обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и ...

Во многу земји, бројот на родени деца се намалува. Истражувачите сè уште се обидуваат да ги откријат причините за тој пад, па во тој контекст, две неодамнешни научни истражувања од САД укажуваат на истиот можен виновник – паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции, се наведува, па затоа и помалку сексуални средби во вистинскиот живот. Според наводите, во САД од 2007 година стапката на плодност се ...

Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, забележа три блокади ноќеска на третиот натпревар од финалето против Њујорк никс. Сан Антонио го доби натпреварот на теренот на противникот со 115:111 и намали на 1:2 во серијата прв до четири победи. Вембањама, играјќи во својата прва плејоф сезона, го зголеми својот вкупен број на 70, надминувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо за најмногу блокади во дебито во плејофот. Во 1994 година, ...

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток. Во Мексико Сити ќе се соочат кодомаќинот на Мундијалот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендов времето ќе биде претежно ...

„Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк – театарот и општеството“ е насловот на првата од двете трибини на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржа синоќа Во Прилеп, а говори за состојбите во македонскиот театар. Според модераторот Христина Цветаноска Станковска, во рамките на Фестивалот и неговото мото „Храбриот нов театар“ дадена е можноста да се отворат низа важни прашања за улогата на театарот денес. – Кога ...

Во ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ е отворен нов Кабинет за менаџирање на дебелина, опремен со современ апарат за проценка и следење на телесниот состав, соопштија од оваа здравствена установа. Се посочува дека со новата услуга болницата овозможува стручен, сеопфатен и индивидуализиран пристап во превенцијата и третманот на дебелината, со цел подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентите. Кабинетот за менаџирање на дебелината во ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денеска присуствуваа на поставувањето камен-темелник за доградба на нови простории во подрачното основно училиште „Димитар Беровски“ во населбата Хром. Со овој проект, вреден приближно 31 милион денари, во училиштето ќе се изградат осум нови училници со што ќе се создадат услови за следење на ...

На плоштадот Македонија денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз, во изјава за МИА нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел, како што потенцира, ...

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, објасни зошто ја прекршил традицијата и се качил на подиумот на Големата награда на Канада за да го прими тимскиот трофеј за победата на трката. – Не сум се качил на подиумот десет години затоа што во вакви ситуации е тешко да се остане непристрасен кон двајцата возачи и да се задоволат двете страни од тимот. Сепак, овој пат не можев да го избегнам тоа затоа што еден од постарите членови на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја ...

Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу констатираните ...

Пејачката Аријана Гранде и актерот Итан Слејтер раскинале по три години врска. Според извори, двојката се разделила пред неколку месеци, но информацијата дури сега се појавила во јавност. – Аријана и Итан раскинаа пред неколку месеци, но од тогаш останаа пријатели и немаат ништо освен почит и восхит еден кон друг. Ова не е одлука што ја донесоа лесно, но сфатија дека се подобри како пријатели отколку во сериозна врска, изјавил извор за „Пејџ ...

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот во Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 проценти од европскиот континент, површина речиси шестпати поголема од онаа што моментно ја заземаат – се предвидува во студијата што ...

Водата претставува стратешки ресурс, чија заштита и одржливо управување се клучни за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше пораката од заедничката 7. сесија на работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) одржана во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република ...

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината. Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година. За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават: • ...

Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот. Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на мозокот. Експертите објаснуваат дека при секое ...

Во Русија се очекува во текот на оваа година да бидат одобрени за примена две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните мозочни тумори, соопшти директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова. Скворцова изјави дека наскоро се очекува одобрение за првата онколошка вакцина. „Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за примена на онколошката вакцина против глиобластом. Прво ќе биде ...

Францускиот пејач и актер Патрик Бруел е повикан на сослушување во рамките на истрага за наводно силување и сексуални напади врз најмалку 13 жени. Обвинителството соопшти дека Бруел ќе биде испрашуван во врска со три пријави кои се однесуваат на наводни силувања и сексуални напади извршени во периодот меѓу 1997 и 2003 година. Истото обвинителство го презеде и случајот за наводно силување за време на филмски фестивал во Динар во 2012 година, ...

Швајцарските нуркачи открија битен мост од древноримската ера, по којшто научниците и истражувачите трагаа со години. Се верува дека ова би можело да биде засега единствениот ваков пример за дрвен мост на столбови што постои. Додека беа во тек плановите за изградба на нов мост над реката Аре, швајцарските археолози ја открија градбата при рутинско истражување во областа, инаку близу Золотурн, Швајцарија. И претходно имаше сомнежи дека местото ...

Концертите често надминуваат 85 децибели, што може да доведе до долготрајно оштетување на слухот. Стручњаците, во таа смисла, предупредуваат дека комбинацијата од јачината на звукот и времето минато во бучава го зголемува ризикот од проблеми, како што се тинитус и губење на слухот. Можеби затоа, заради намалување на опасноста по слухот, сè повеќе посетители на концерти носат чепови за уши. Внатрешното уво содржи ситни, чувствителни влакнести ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови 72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро. Од ЈУНП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација, патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер. -На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско ...

Сан Антонио спарс ноќеска го победи Њујорк никс во третиот натпревар од финалето на НБА, со 115:111. Најдобри стрелци на натпреварот беа Џејлен Брансон од Њујорк и центарот Спарс, Виктор Вембањама, кои постигнаа по 32 поени. Доналд Трамп беше меѓу гледачите, станувајќи првиот актуелен претседател на САД кој присуствувал на натпревар од финалето на НБА. Њујорк го претрпе првиот пораз во серијата прв до четири победи и сега е 2:1. Четвртиот ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
17%
1012
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.78
20%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.33
21%
1012
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
28%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
6.71
36%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.46
18%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.03
23%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
3.58
36%
1013
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 39ᴼ
1.34
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.73
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25