
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Добро е што на ДУИ му останува можноста само да зборува и да делува опозиција во рамки на институции и нашето ветување дека ДУИ ќе оди во опозиција по изборите го реализираме, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во „Анализа 24” на ТВ24. Таа продолжи и додаде: -Не ме изненадуваат ваквите зборови кои ги користи ДУИ. Ние изминативе години бевме сведоци на нивни изјави, но резултатот по изборите кажа дека тоа време завршува ...
Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции, е правото на слобода на изразување и говор. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната институционална комуникација, која што е дел од законите и Уставот, ќе биде почитувана се додека тие закони и Устав се во сила онакви какви што се, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски. Одговорот на хистеријата која, како ...
На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем. Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема трајно решение за оперативните сали. Каков ќе биде целиот систем на гасовод и на компресорските ...
Системско решавање на работите, а не пазар најавува актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски кој денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ, доколку ја добие довербата од партиското членство. -СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација, СДСМ има потреба од еден нов почеток. СДСМ ќе биде партија која ќе ги обединува сите, не само своите членови, ќе биде партија за сите граѓани, истакна Деспотовски. Тој посочи дека зад програмата ...
Денеска е убав ден за демократијата бидејќи СДСМ е единствената партија во која членовите непосредно избираат претседател, наспроти делегатскиот систем, и поради тоа што овој ден означува почеток на реформа во партијата, изјави Венко Филипче, кој денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Изборите во СДСМ се закажани за 30 јуни. Како што истакна, Филипче во трката за претседател влегува ...
Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Славјанка Петровска, денеска ја поднесе кандидатурата за претседателка на партијата. -Денеска после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест да ја поднесам кандидатурата за претседателка на СДСМ. Заедно со пријавата секако го поднесов и манифестот со социјалдемократијата. Тоа е ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Христијан Мицкоски поднесе закон со кој се формираат нови министерства, дел се реорганизираат, а дел преземаат надлежности од веќе постоечки. Според него, Законот ќе помогне за подобро функционирање на државната управа. Тој очекува во петок да се најде на седница на Собранието, а до 11-ти јуни да биде изгласан. „Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната ...
Македонија набрзо ќе добие нова Влада, СДСМ и ДУИ и официјално ќе заминат во опозиција. Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција се при крај. Христијан Мицкоски наредниве денови, можеби и пред осми јуни, кога е последниот рок, ќе го добие мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова и ќе може да го состави новиот владин кабинет. -Можно е и порано, јас чекам да дојдат кај мене. Значи, инаку ситуацијата е релативно јасна, ...
Заканите за вето од страна на грчкиот премиер не се во духот на развивање пријателски и добрососедски односи. Претседателката Силјановска Давкова одговори на Мицкотакис. Наместо со закани претседателката го повика Мицотакис да се однесуваат скандинавски и недоразбирањата да се решаваат преку културна дипломатија. – Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и ...
На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски. На вкупно 29 поранешни пратеници, до сега, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Тие испратиле барање до Собранието за да го искористат своето ...
Првиот чекор за законските измени за реорганизација на владините ресори направен. Формирани се Комисијата за политички систем како матична комисија каде измените се очекува наскоро да влезат во процедура и Законодавно правната комисија. Со политички систем ќе раководи пратеникот Љупчо Пренџов, а негов заменик е Јован Јаулески. На чело на законодавно-правната комисија пак, застанува Александар Велјановски, а негов заменик е Бобан Николовски од ...
Дарко Костадиновски е судијата кој во следните три години ќе биде првиот меѓу еднаквите, односно ќе биде претседател на Уставниот суд, потврдија попладнево од Судот. По три дена гласања, за исто толку кандидати во осум круга кои завршија без успех, во деветтиот обид денеска судијата Костадиновски го добил неопходното двотретинско мнозинство од вкупниот број судии и е избран за претседател. На функцијата тој ќе ја наследи својата колешка Добрила ...
Доаѓа време за одговорност за сите упади во закони во правниот и судскиот систем. Ова е одговорот што портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, го даде на денешната прес-конференција на прашањето кој е партискиот став за писмото што министерот за правда Кренар Лога го испратил до меѓународната заедница. „Почитувани, оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар ...
Министерот за правда Кренар Лога испрати писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје,Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје , до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале. По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот ...
На меѓународниот натпревар „Тартини”, кој од 31.05 до 02.06 по четврти пат беше реализиран во Пиран, Р. Словенија, во чест и слава на виртуозот по виолина и композитор Џузепе Тартини, младите и талентирани музичари од ООМУ „Методи Патче“ Антица Николоска V одд, Ана Кузманоска VII одд, Виктор Србиноски VII одд и Лина Николеска IX одд беа единствените натпреварувачи од Р. Македонија. Во силна конкуренција на учесници од 21 држава од светот, ...
Во среда, 5 јуни, со почеток во 19:00, на големата сцена во Македонскиот Народен Театар, репризно ќе се изведе Балетот Чиполино, во продукција на Bullfrogs Ballet. Премиерата на Чиполино се изведе во јуни минатата година, во полниот салон на МНТ. „Чиполино“, или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој ја раскажува приказната за граѓаните зеленчуци и моќните владетели овошки во кралството Градина. Главната ...
Здравствени причини или политички притисоци и влијание- зошто врховната судијка Цветанка Периќ се откажа од кандидатурата за член на Судскиот совет? – е клучното прашање по денешната седницата на највисокото судско тело. Дел од членовите разочарани зошто Периќ една недела пред гласањето се откажа да им стане колешка во Судски. Други пак ѝ ја почитуваат одлуката, иако сега нема можност да и се тргне името на Цветанка Периќ од глсачкото ливче. ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеникот од Коалицијата Вреди Халил Снопче очекуваат да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата. Тоа е предизборно ветување што го дадовме на граѓаните и со кое ги запознавме во предизборниот период. Во моментов, работиме на Законот за организација на работата на органите на државната управа, односно ...
Во Основниот суд Струга денеска започна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко заради набавката на патничко моторно возило марка „Ауди“ од страна на Општина Струга. Бранителот, пред почетокот на главната расправа, достави поднесок со листа од 68 вербални и материјални докази и побара да се одложи главната расправа а судот да ги обезбеди доказите по службена должност, зашто како што рече, тој направил обид, но без успех. -Со ...
Поранешниот министер за здравство и избран пратеник, Венко Филипче е третиот потврден кандидат за претседател на СДСМ. Одлуката, што ја соопшти преку социјалните мрежи, ја донел „по долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи“. Повикува да се отстранат грешките од минатото и СДСМ да стане посилен и пообединет. „По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на ...
Осум неуспешни круга Уставен суд да избере нов претседател. По судијките Ана Павловска – Данева и Татјана Васиќ – Бозаџиева, ниту судијата Осман Кадриу не го доби потребното двотретинско мнозинство од шест гласа за да застане на чело на судот. Утринава Данева се повлекла од трката но и покрај тоа противкандидатката Бозаџиева останала со 5 гласа односно без потребното мнозинство. По овој неуспешен обид како кандидат бил предложен судијата Осман ...
Немањето воз предизвика проблеми за патниците од Велес – ученици, студенти или вработени кои секојдневно патуваат до Скопје и кои имаат месечен или билет со попуст Утрово револт се создал на железничката станица во Велес затоа што голем број велешани, поради близината на Скопје, го користат возот што пристигнува во 6.25 часот за да одат на работа, а голем е и бројот на студенти кои секој ден со овој воз патуваат на факултет и попладне се ...
Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот. Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати бираа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од нив не го доби ...
Една недела пред изборот врховната судијка, Цветанка Периќ, ја повлекла својата кандидатура за член на Судскиот совет, за местото во телото резервирано за судија од Врховниот суд. Судскиот совет закажа итна седница за на пладне на која што ќе разгледува новонастанатата ситуција, со оглед дека изборот е закажан за 6 јуни. Од Судски за Телма потврдија дека Периќ писмено ги известила дека ја повлекува кандидатурата од здравствени причини. Со тоа, ...
Сé или ништо во партиските структури и државните фотељи, вака кратко може да се опише предлогот на Јован Деспотовски според кој кандидатите за нов претседател на СДСМ, кои ќе изгубат во битката за тронот на Бихаќа, во иднина сами би се откажале од било каква партиска или било каква државна функција. Со потпишување на такви изјави, кандидатите за претседател на партијата би се откажале од пазарења со кандидатскиот „капитал“ за друга пониска ...
Заменик-министерката за здравство Маја Манолева вели дека на средба со директорите на клиниките се договориле за спроведување алтернативни решенија за хируршките сали кои не работат две недели, поради проблеми со инсталацијата за кислород и во компресорската станица. Ќе се постават надворешни компресори и садови со компромиран воздух. Оператовниот план ќе се реализира со одлука на стручни колегиуми во рамки на секоја клиника, изјави Манолева во ...
ДУИ, кои по 16 години на власт треба да се преселат во опозиција, продолжуваат да се жалат кај меѓународната заедница. Овојпат со Меморандум, потпишан од сите партии од „Европскиот фронт“, повторно ќе се обидат да ги убедат странците дека со влегувањето на коалицијата Влен во новата Влада, легитимитетот на Албанците и помалите етнички заедници е компромитиран. Ја нарекоа „политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од ...
Собранискиот спикер Гаши за утре ја закажа првата официјална координација на пратеничките групи. На неа, како што информираат собраниските служби ќе се договара динамиката на формирање на собраниските комисии имајќи ја предвид намерата на новата власт веднаш да го смени Законот со кој ќе овозможи одредени министерства да се укинат но и да се отворат нови. Собранискиот спикер Гаши во интервју за Радио Слободна Европа потврдува дека овој закон ...
Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски победи на главната трка од 21 километар на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ што се одржа денеска на улиците во Охрид. Полумаратонот Дарио го истрча за еден час 10 минути и една секунда. Зад него на второто место со време од 1:14:00 заврши Михаил Валковски, трет беше Николај Николов, двајцата од Бугарија. „Почестен сум наградата за победата ја добив од претседателката на државата. Целокупно ...