Францускиот претседател Емануел Макрон ненадејно го распушти парламентот и распиша предвремени избори откако неговата партија беше тешко поразена на европските избори. Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули. Макрон им се обрати на француските граѓани преку видео порака објавена на социјалните мрежи, во која вели дека е невозможно да се преправаме дека ништо не се случило. Тој тврди дека резултатот од европските избори не е добар за неговата ...

Денешниот Конгрес на СДСМ се прекина и одложи откако раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на извештаите за парламентарните и претседателските избори. Ова барање на општинските организации било прифатено од страна на раководството на партијата. Според информациите на дел од медиумите, Конгресот е одложен, а телата и органите на партијата ќе информираат за датумот за негово продолжување. Ковачевски: По ...

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на општината Светлана Колариќ, оствари средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија. На овој работен состанок се дискутираше околу изнаоѓање на системско решение за надминување на проблемот со бездомните кучиња. Подготовка на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, прилагодени на локалните динамики за секоја ...

Бугарите гласаат на нивните шести парламентарни избори во последните три години, но аналитичарите велат дека е малку веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи. Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бореше со честите промени на владата по масовните антикорупциски протести во 2020 ...

Во Куманово веќе два дена се одржува познатиот Беарс Мото Рок Фестивал на спортски аеродром Аџитепе во Куманово. На првата фестивалска вечер имаше посетители од целиот регион. Денеска на настанот Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски беа на дегустација на коледарско гравче во рамки на фестивалските активности. Вечерва на ...

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор. И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе. Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале. Но се ќе излезе на видела. Македонија не ...

Ќазим Брахими, вработен како шофер во Министерството за надворешни работи, на 16 април од охридската полиција бил фатен со дрога, која се обидувал да ја пренесе во Скопје. Тојнаводно бил фатен со уште едно лице, а возилото рено (СК7632АС) e службено возило на МНР. Како што дознале МКД.МК и второто лице во возилото, Фламур Лога, бил вработен во МНР (во ИТ сектор) и покажал дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на ...

На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати. Поранешниот премиер и сè уште актуелен лидер, Димитар Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција во ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е должна да го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство. -Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право ...

Со тестовите на клупа, а телефоните во раце – повторно пробиени тестовите од државната матура.На две Вибер групи, матурантите ги споделиле тестовите по англиски јазик и математика потврдуваат од Државниот испитен центар. Од таму велат дека сите “Вибер препишувачи” кои биле фатени од тестаторите биле отстранети од полагањето, а следната шанса ќе ја имаат во август. “Значи празен тест кој што ученикот го сликал и бара од другите членови на ...

Во притворското одделение на Казнено поправната установа Куманово – затвор Кшање ноќеска се обесило лице осудено на доживотен затвор. Станува збор за Усеин Рашидов од Кочани, кој пред една година ја уби Танкица Младеновска од Кочани. Безживотното тело на затвореникот го пронашле неговите двајца цимери во притворската келија кога станале од спиење, по што пријавиле кај стражарската служба. Човекот бил врзан со чаршаф за креветот. „Во 6 часот до ...

Од ВРЕДИ (VLEN) со реакција по повод вчерашната поддршка на ДУИ за Законот за реорганизација на министерствата. „Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот ...

ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство. Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе ...

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ...

Со 88 гласа “за” пред 3 часот ноќеска беше изгласан Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата на владата се зголемува за 25% односно од 16 на 20. Во двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, им се приклучи Европскиот фронт на ДУИ и ги обезбеди клучните гласови за промена на составот на владата. Пресвртот се случи претходно кога пратенички делегации на ВМРО-ДПМНЕ и ...

На неколку дена пред заминување, власта зеде нов кредит. Се задолжи на домашниот пазар за 25,8 милиони евра, откако вчера издаде две државни обврзници. Првата на сума од 9,6 милиони евра е со камата од 4,2 отсто и треба да се врати за пет години. Втората во висина од 16,2 милиони евра ќе се враќа во следните деценија и пол, но со повисока камата од 5,6 отсто. За што ќе трошат овие пари, не успеавме да дознаеме. До затворањето на овие вести, од ...

Минимален раст на инфлацијата во мај во однос на претходниот месец. Според статистиката минатиот месец изнесува 4,5 проценти во однос на истиот месец претходната година. Поголем раст е забележан кај цените на мало. Тука зголемувањето е 5 отсто. За една година најголемо зголемување на цените има кај овошјето за 22 отсто, потоа шеќерот, чоколадите, медот, кај зеленчукот, млекото, сирењето, јајцата, лебот и житата. Скок на цената од 5,6 отсто има ...

Бројот на новороденчкиња во Македонија опаѓа во континуитет. Се помалку деца се раѓаат на територија на земјава, покажува и извештајот на Заводот за статистика според кој во 2023 година за 7,4% се намалил бројот на новороденчиња во споредба со 2022 година. Во Македонија минатата година имало живородени 16.737 бебиња, од кои нешто над 50% биле машки. Гледано според градови и општини, најмногу деца се родиле во Скопје, односно 5,665, а ...

Листите на чекање за операции се зголемуваат, хируршките клиники и натаму работат со намален интензитет, а во старата градска болница дуплиран е бројот на операции и речиси целосно се исполнети болничките капацитети. Колку што ќе трае проблемот со салите и одложувањето на операции, исто толку време ќе треба и да се стабилизира листата на чекање, велат дел од хирурзите. Додека притисокот врз оваа клиника расте, недостигаат медицински сестри за ...

74 пратеници напладне ја изгласаа потребата од законски измени, за реорганизација на министерствата и целата државна управа. За едните ова е во име на реформите, додека опозицијата критикува и бара одговори – зошто се брза со донесување на измените на Законот за организација и работа на државната управа по скратена постапка. Мандатарот Христијан Мицкоски доби поддршка за предлогот, иако материјалот доцна синоќа бил повлечен од процедура, а ...

Храната во Македонија е безбедна, тврди првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, и покрај тоа што признава дека немаат доволно кадар за да ги прват проверките – им фалат вкупно 40 инспектори. Хрватска во четири наврати врати македонски зеленчук поради прекумерно присуство на пестициди, но и ова, според надлежните не значело дека кај нас храната не била добра. „Посебно она што беше актуелно и вие како медиуми го покривте, одредени ...

Преводот не бил точен, а изјавата искревена од некои медиуми – вака Африм Гаши преку фејсбук статус напишан на македонски утрово се деообјаснуваше во врска со неговата изјава во која за Косово говореше како за татковина.. сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Македонија, порачува Гаши. „Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија земја, не исполни речиси ништо од преспанскиот договор, го потсети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го користи уставното име на државата, во сите негови говори, или во спротивно, ќе го покрене ова прашање, на самитот на НАТО. „Очекувам, кандидатот за премиер на Македонија, јавно, на јасен и категоричен начин, да изјави дека го почитува договорот од Преспа, и дека уставното име на неговата ...

Хируршките сали работат ама на “шкрги”.Секоја клиника посебно се бори да прими пациенти за операција. Во моментов функционираат само две сали, а директорите мораат да се снаоѓаат сами и да прават итни јавни набавки за надворешни компресори, за како-така да функционира хирушкиот блок. Надлежните и по 20 дена откако престанаат да работат кислородните пумпи на Клинички, проблемот не го решија. Дали и кој ќе понесе одговорност за овој колапс на ...

Единствениот повикувачки број 112 на Центарот за управување со кризи деновиве е вжештен од пријави за појави на змии од испаничени граѓани. Меѓу нив, завчера имало пријава за змија за територијата на Општина Гази Баба. – На таа што пријави веднаш ѝ беше пренесено дека нема служби за фаќање змии, но, сепак, ѝ беа дадени информации дека има и физички лица на повик, кои се справуваат и заловуваат змии – вели еден скопјанец. Повик за пронајдена ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Сиљановска Давкова се повика на уставните рокови и на уверувањето дека со изборот на Африм Гаши со 76 гласови ЗА за претседател на Собрането на Македонија, во парламентот е формирано мнозинство. Таа изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада. „Една од надлежностите на ...

Набргу од сега ќе биде составена новата влада, која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани, рече мандатарот Христијан Мицковски, кој има 20 дена за формирање на неговиот кабинет. Еве го неговиот говор во целост: Сакам да ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам на граѓаните, тие се најзаслужни што Македонија ...

Прашан како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши, кој во својата изјава вели дека неговата татковина е Косово, идниот мандатар и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одговори дека ја нема слушнато изјавата, но рече дека од Гаши лично чул дека нивна заедничка татковина е Македонија. Сепак, како што рече Мицкоски, доколку имало таква изјава, тогаш Гаши треба да се извини. „Мислам дека неговата татковина е ...

Денеска во седиштето на СДСМ кандидатура за претседател на партијата поднесе и Александар Бајдевски. Тој е петтиот кандидат за лидер на социјалдемократите, откако вчера кандидатури поднесоа Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски и Златко Ристовски. Бајдевски е заменик-министер за информатичко општество и администрација. Во минатото има извршувано повеќе јавни функции кои биле под ингеренции на Владата. Тој е роден во 977 година. ...

Љупчо Палевски – Палчо денеска на распит во Обвинителството негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, информираше вечерва адвокатот Марјан Витановски по повеќечасовниот распит на Палевски. Како причини поради кои е посочен како обвинет во постапката навел дека се работи за претходни непријателства, па дури и како што рече Витановски, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52