
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Со намалување на приносите, земјоделците ќе го платат данокот од климатските промени. Допрва ќе се чувствуваат ефектите, посебно во делот на производство на храна, алармираат експертите. Глоболнато затоплување е причина за појава на многу болести и инсекти, посебно кај житните култури. „Почетокот на жетвата ќе биде порано од претходно. Ќе се намали периодот на вегетација и некаде може да се одрази на самиот принос, односно да се намали„ изјави ...
Македонскиот министер за надворешни работи во одбрана на Грција. Не ги исполнувале своите обврски од Преспанскиот договор, бидејќи Македонија се уште не го променила името на МАНУ и Македонската радио телевизија. Бујар Османи вели не било фер да се тврди дека Грција не ги исполнувала своите обврски од договорот во Нивици, а тие делови кои не ги исполниле биле од причина што Македонија се уште не исполнила се што треба. Не е коректна ...
Двајца од адвокатите во случајот која ја потресе јавноста- убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски поднеле приговори за обвинението, кое стигна на адресата на Кривичниот суд во петокот, велат за Телма од судот. Роковите за другите двајца адвокати течат, што значи дека не може да се очекува одобрение за обвинението оваа недела. Одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет дека помогнал во ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи. Во разговорот беше ...
Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои капиталот на градоначалникот на општина Струга, Рамис Мерко, сега ќе го има и Факултетот за медицински науки. Ваквата одлука ја одобри сопартиецот на Мерко во ДУИ, министерот за образование и наука во заминување, Јетон Шаќири, објави ИНА. Идните студенти ќе можат да студираат медицински науки во оваа приватна високообразовна институција, која има и неколку други гранки како што се Факултетот за ...
„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“. Ова е напишано на голем транспарент поставен пред општинската организација на СДСМ во Аеродром. Како што е познато, Филипче се кандидира за нов лидер на СДСМ, а тој важи за мошне близок до поранешниот лидер на партијата Зоран Заев. Партијата на 30 јуни ќе избира нов лидер на вонредни внатрепартиски избори. Се пријавија четворица кандидати кои веќе ја почнаа партиската камапња – Јован Деспотовски, Венко ...
100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика, ќе биде одбележана со концертот наречен „Седенка се збира“ кој ќе се одржи синоќа во Македонскиот народен театар. Во годината кога националниот ансамбл „Танец“ одбележува 75 години постоење, на својата публика кај нас и во светот, ѝ приредува бројни концерти за паметење. Еден од нив се случи вчеравечер во Македонскиот народен ...
„Новото раководство на Северна Македонија ги крши словото и духот на Преспа“, порачаа поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во заедничката статија што ја објавија во пресрет на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во коорганизација на Институтот „Алексис Ципрас“ и Фондацијата „Зоран Заев“, што е најавена за 17 и 18 јуни во Атина. Двајцата поранешни премиери на Македонија и Грција кои го постигнаа договорот, го потпишаа ...
Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски е врвен е експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано. Поранешниот вицепремиер и екс-министер за финансии, Зоран Ставрески нема да биде нов гувернер на Народната банка. Ова денеска го обелодени идниот премиер Христијан Мицкоски. -Моето ...
Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица, изјави мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на препораките од САД и Франција да се почитуваат меѓународните договори. -Договорот е договор помеѓу најмалку две страни, и треба и двете страни да го почитуваат. Ако конкретно мислите на Преспанскиот договор, и ние како идна влада ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија. На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија. Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека ...
Градоначалник на отворен јавен оглас унапредил својата сопруга од работно место соработник во советник со што го прекршил Законот за спречување на корупција. Овој случај за судир на интереси и непотизам бил пријавен во ДКСК анонимно и електронски по што институцијата постапила и побарала податоци и информации од општината. Од ДКСК на денешната 6 седница информираа дека градоначалникот ја доставил бараната документација за тоа дали неговата ...
Во препораките од МОН се вели дека наставниците треба да ги насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, а наспроти тоа да им се препорача на учениците да не конзумираат масна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден. Министерството за образование и наука (МОН), на неколку дена пред крајот на учебата година за основците, денеска преку соопштение даде препорака до ...
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски. -Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат ...
Стручни директори кои компетентно ќе ја издигнуваат и водат Клиниката, концептот за кој секогаш се залагав е дека мора да се вратиме на стариот систем пред Клинички центар да биде поделен на 32 единици, вели професор Беќаровски за актуелните состојби во здравството денес и можниот излез. „Дека економските директори донесоа економско лудило по клиникиве. Повеќе не се гледа квалитет, значи вие не може да побарате, неколку пати престојував во ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права ги објави клучните наоди од областите во кои дејствува: правосудство, следење и застапување во затворите и психијатриските установи, говор на омраза, криминал од омраза, родова еднаквост, проблеми и права на ЛГБТИ заедницата, заштита од дискриминација, како и овозможивање на бесплатна правна помош. Врз основа на наодите коишто произлегуваат од работaта на Хелсиншкиот комитет во 2023 година, може да се ...
Земјите од Западен Балкан постигнаа значителен напредок во енергетскиот сектор во насока на приклучување кон трендовите во Европа и светот. Регионот презеде важни реформи, се приклучи на Енергетската заедница, посветен е на зелената транзиција со постепено укинување на јагленот во корист на обновливите извори на енергија и зајакната регионална соработка и интеграција. Меѓутоа, во ера која се карактеризира со брзи технолошки напредок, итни ...
Кандидатите за претседател на СДСМ ги образложуваат своите програми во вантрепартиската кампања. Венко Филипче во својата програма предвидува во врвот на партијата да активира искусни политичари и експерти, поранешни високи функционери во СДСМ кои на дневна основа ќе ги следат политичките случувања и навремено ќе реагираат. Тој планира СДСМ да има совет за политика и стратегија, секретар за односи со општинските и месните комитети, комисија за ...
Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога се исклучува реалноста тогаш правиме грешки, за жал која е реалноста всушност нашата земја е сиромашна земја и вистинското прашање е тука дали Македонија може да си дозволи ваква енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали ...
Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар, порача денеска мандатарот Христијан Мицкоски од 7. Македонски енергетски форум (МЕФ). Мицкоски напомена дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата ...
Со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. – Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...
Се урна потпорниот ѕид и дел од оградата на Државната детска клиника. Пријавата е поднесена од страна на граѓани до Центарот за управување со кризи. Но ова не е првпат да биде пријавено, а дописи се испратени и до Министерството за здравство. Претходно за овој проблем неколкупати предупреди и алармираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој рече дека ѕидот е накосен и ќе падне, но никој не изреагира. Ангелов уште денеска се обрати за оваа ...
Минатата година во државава имало 58 правни субјекти кои се занимавале со обложување, или коцкање, а вкупниот приход што го направиле е 48.778.104.541 денар, или речиси 800 милиони евра! Толку пари, значи, оставиле граѓаните на оваа забава, која за некого, за жал, е тежок порок. Како и да е, ниту коцкањето, ниту спортското обложување не е забрането, има долга историја во светот, а на компаниите што работат во Македонија им донело чиста добивка ...
Министерот за здравство, Илир Демири незаконски ги разрешил директорот на кардиохиругија Марјан Шокаровски, како и медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровски. Антикорупционерите рекоа дека при разрешувањата, министерот прекршил два закона. Во случајот со Шокаровски, претседателката на Антикорупцика објасни дека Демири не го почитувал Законот за здравствена заштита според кој најпрвин управниот одбор на установата треба да утврди ...
Како претседател на Уставниот суд имам поставено еден врвен приоритет и неколку предизвици, а кои се неопходни за реализација на тој приоритет. Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност, довербата на граѓаните во институциите и правната држава е на историско најниско ниво – рече новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски на првиот брифинг со новинарите. Тој посочи дека токму тоа ќе биде неговиот приоритет, враќање на ...
Директорката на УЈП и пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска не смета дека вчера се случи „конгересен дебакл“, со оглед дека Конгресот на партијата се одложи за нареден датум. -Има обемен извештај и потребата од дополнителни анализи, се побара повеќе простор и прилика за да се дебатира за извештајот во рамки на општинските организации. По завршување на целиот процес, Конгресот ќе продолжи во своето заседание, кажа Лукаревска во емисијата „Студио ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши се навратил на изјавата дадена за „РТК“ дека „Косово е негова татковина“, изјава која предизвика многу реакции во јавноста. Гаши во поткастот на ТВ Сител, меѓу другото, објаснува дека во албанскиот јазик има три различни термини за татковина. „Тука е местото на раѓање, татковината, која на англиски е „Motherland“, што го нема на македонски и тука е и татковината која буквално покажува каде си роден. Така, ...
Најмалку тројца крадци во текот на ноќта извршиле огромна кражба во златарница во Рим. Тие влегле во златарницата преку дупка во подрумот, при што украле плен вреден околу 500 илјади евра. Голема кражба е извршена во златарницата „Булгари“ во самото срце на Рим. Алармот бил вклучен околу полноќ откако крадците, влегле во златарницата, минувајќи низ подрумот, преку дупка направена на подот преку која успеале да влезат во сервисната соба. Според ...
Над две третини од граѓаните сметаат дека Македонија има неквалитетно образование, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 69,7% од граѓаните сметаат дека образованието во Македонија е неквалитетно додека само 26,8% сметаат дека е квалитетно. Споредбата со анкетите кои Детектор ги спроведуваше во последните 5 години покажува дека годинава ...