
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните. Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Скопје, Микалис Рокас. Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата. -Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и ...
Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. -Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, ...
Добро е што државата имала Стратегија за спречување на одливот на мозоци, но за жал, не го постигнала ефектот кој бил предвиден при креирањето. Нема да се навраќаме назад и да бараме виновници. Како нова Влада преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и активности со кои ќе го намалиме заминувањето на квалификуваниот и високообразован кадар. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на ...
Малолетниот убиец од белградското основно училиште, „Владислав Рибникар“, кој на 3 мај минатата година уби ученици и обезбедувач, за прв пат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград, пред кој има вооружени полицајци, пишува Блиц.рс. Момчето ќе биде специјален сведок на судењето на неговите родители. Како што јавија репортерите на „Блиц“ од местото на настанот, момчето убиец со возило на Брза помош бил донесен на задниот влез на ...
Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра, информираат од МОН. Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. ...
Неколку пати повторувам дека на господинот Ахмети, пред се, му треба адаптација во опозиција, а потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака ќе седнеме, истакна денеска министерот за здравство, Арбен Таравари на прашањето дали ќе одговори на повикот на лидерот на ДУИ, да излезат од Владата и да формираат заедничка коалиција. – Ќе седнеме, ама не знам што ќе правиме. Прво му треба на господинот, Ахмети реформи, адаптација и кауза, да ...
Уставниот суд, во среда ќе треба да донесе конечна одлука, по предлог постапката, за оценување на Уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување во државните институции, според националната припадност. Владата ќе ја чека конечната одлука на Уставниот суд за балансерот Уставниот суд на 18-ти септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата, којашто е потребна за пополнување, на секое работно ...
Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со ...
Владата планира земјава да ја направи раскрсница во патната, енергетската и железничката област и да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Географската положба на земјава е многу значајна за овој дел од Европа. Наша цел како Влада е да бидеме раскрсница во три области – патна, енергетска и железничка и на тој начин цениме дека ќе бидеме приоритет во зеницата на ...
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ...
Вкупната вредност на извозот на стоки во земјава, во периодот од јануари до август годинава, изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 ...
Со фонд од 10 милиони евра владата ќе обезбедува средства за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години, со следниот буџет. Вредноста ќе биде од илјада евра до 30 илјади евра за проект. А исто така ќе има и бесплатни електронски уреди за секој студент, порача премиерот и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на конвенцијата на младите на ВМРО ДПМНЕ. „Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им ...
Од ДУИ велат дека пратеничката група е компактна, но не посочуваат дали партијата на Мендух Тачи и Фатима Османовска се уште се дел од Европскиот фронт. Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги 100те дена од владата, зборуваше само во име на партијата, а не и на Европскиот фронт. Гласините дека двајца субјекти не се дел од коалицијата се се поголеми, имајќи во предвиде дека ниту Тачи ниту Османовска не ...
Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната инфраструктура е на граница. Становите се дефицитарни и стануваат се поскапи. И сите напори на владата да ја ограничи имиграцијата досега не вродија со плод. Сега економистот Рајнер Ајхенбергер (63) поставува контроверзно барање во „SonntagsZeitung“: Странците ќе треба да платат најмалку 50.000 франци ако сакаат да се преселат во Швајцарија. Имигрантите треба ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својот Фејсбук профил истакна дека е разочаран од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие 100 дена и сметам дека истите се само очаен обид да го свртат вниманието од седумгодишниот хаос и уништувањето на безбедносниот систем што тие го оставија зад себе. Тврдењето дека за време на моето раководење со МВР е расчистен ...
Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче вели Кузедска. Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена. Со ...
Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20.издание на Скопскиот маратон, упатувајќи честитки за сите учесници на маратонот за нивната издржливост и посветеност. Министерството за спорт е главен покровител на оваа најголема атлетска манифестација кај нас. -Скопскиот маратон и оваа година покажа дека Македонија е подготвена да организира спортски настани од светски размери. Горд сум што ...
Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии и да ги испланираме до крајот на годината, а сето она што го направвивме доби потврда и од Агенцијата за кредитен рејтинг Фич, која го потврди кредитниот рејтинг на земјата, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа најавува дека со буџетот за 2025 година буџетскиот дефицит ќе биде не повеќе од ...
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, објави дека пред три дена Царинската управа запленила 36.4 килограми опојна дрога марихуана на граничниот премин Блаце, додека вчера на Jажинце бил спречен шверц на голема количина лекови. „Од 1 јули до 30 септември годинава или за последното тримесечје, за 70 отсто е зголемен бројот на случаи на заплени, споредено со истиот период 2023 година, лани во тој период биле 54, со 73.631 запленето ...
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски најавува строги казни за трговците, кои не ја почитуваат одлуката за намалување на маржите. „Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи ...
Во неделата во Македонија ќе преволадува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат од 6 до 6, а највисоките дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 14 и 26 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот во делови од ...
Министерот за внатрешни работи Тошковски рече дека безбедносните камери во патниот сообраќај ќе бидат целосно функционални без можност за бришење на казните. Тошковски рече дека целта на поставените камери е да се намали бројот на прекршици на патиштата, а со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните. Тошковски: Полицајци добивале црни вреќи со сув леб и паштети како надоместок за хранарина Говорејќи за сработеното во изминатите ...
Продолжува сагата со водата за пиење во Струмица. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство наложија спроведување нови мерки на струмички “Комуналец”. Направен е увид на филтер станицата, но и вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која деновиве е со енормно загадена вода. Утврдено е дека целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во прес центарот на Влада пред медиумите и граѓаните го презентираше сето она што беше сработено во рамките на 100 дена нова Влада под мотото „100 Дена посветени на безбедноста на граѓаните“. Министерот Тошковски потенцираше дека со својот тим неуморно сиот овој период работат на подигнување на професионалниот капацитет на функционирање на министерството и полицијата. „Факт е дека затекнавме ...
„Морам да кажам дека сме исклучително задоволни од тоа што се случува во одредени маркети, не во сите, бидејќи во некои за жал имаме и шпекулативно однесување. Но, таму каде што се намалени цените, се намалени со оваа таканаречената есенска кошничка некаде и повеќе од 10 проценти. Посебно тоа се однесува на производите кои се од житарици“, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско ...
Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборие. Ние во такви замки нема да влегуваме. Имаме цел и интерес кон кои чекориме. Понудата од актуелниот претседател на Унгарија Виктор Орбан е дадена во име на претседателствувањето со Европската Унија. Сега чекаме кој какви сигнали ќе испрати од Бугарија. Нашиот сигнал е јасен, сакаме решение, но достинствено. Ултиматуми не прифаќаме. Ова е одговорот на премиерот Христијан ...
Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, ...
Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар. Детето кога било донесено во болница било без знаци на живот. „На 3 октомври во 20:22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот. Според ...