
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Едно од Илинденска, друго од опозициска партија – ДУИ не признаваат дека ја поддржале стратегијата за јавна администрација во која стои дека Балансерот е надминат и се злоупотребува. Кога се разгледувала стратегијата во Влада тие биле против, иако во Собрание стигнала на предлог од министерството за информатичко општество и администрација со кое тие раководеа . Според ДУИ Стратегијата е валидна оти не поминала во Собранието, а тие биле ...
На денешен ден со гордост и чест им оддаваме заслужена почит на македонските партизани кои во 1941 година се кренаа на востание и ја започнаа народноослободителната борба. 11 Октомври е меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи, со што ја избравме вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, цврсто ...
По фашистичката агресија од Германија и Бугарија и окупацијата на кралска Југославија во 1941 година, под чија окупација тогаш била Македонија, таа повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор. На 11 октомври 1941 година Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го нападнал бугарскиот полициски участок и затворот и ги прекинал телефонските врски и електричната инсталација. Вооружени дејства имало и во ...
“Со голема гордост денес ја продолжуваме традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на нашиот град Прилеп!” нашиша градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост: Оваа година, повторно 1200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме. Возобновувањето на оваа прекрасна традиција ја зацврстува ...
„Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари. Договорите со Грција и со Бугарија означуваат дека Македонија веќе денес е без минато, без сегашност и без иднина. Тие два договора го ништат, го искоренуваат колективниот македонски идентитет“, вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки ...
Зијадин Села, претседател на едното крило на Алијансата на Албанците денеска изјави дека Уставниот суд вчера не го укинал балансерот туку „правото на етничка припадност“, и ги повикува САД, ЕУ да реагираат како гарант за Охридскиот рамковен договор. -Уставниот суд не го укина балансерот, Уставниот суд ја укина етничката припадност. Балансерот е само најмалата последица од укинувањето на етничката припадност. Со гласање на таа одлука се удираат ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше домаќин на делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Двете делегации остварија билатерална средба во просториите на СВР Куманово. На средбата беше разговарано за модалитетите на понатамошно унапредување на досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства, координација за учество на делегација на Република Србија на ...
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ На прашањето што е неуставно со „Балансерот“, судијата Павловска-Данева одговори: Согласно „Балансерот“, на секој оглас што го распишува некоја институција, мора во заграда да биде ставена националната припадност на кандидатите, што значи дека кога во заградата се прецизира дека се бара Македонец, на пример, а на огласот се бара всушност ...
За нас како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата, порача претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски на денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет. Претседателот Мицкоски вели дека за да има стабилна економија мора да има владеење на правото, нешто кое ...
Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи. Притоа ...
„Добро е што се укина балансерот“, изјави поранешниот премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката за вработување на припадници на немнозинските заедници во јавната администрација. „Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните амандмани. Но, тој потоа се ...
Соведотавниот комитет на Советот на Европа во своето најново мислење заклучи дека Бугарија не остварила доволен напредок во обезбедувањето пристап до правата на малцинствата. Мислењето е објавено денеска со препораки до бугарските власти да ги усогласат активностите според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските ...
Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи. Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој ...
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше на панел-дискусијата „Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, Никола Пановски и Висар Ганиу. Ѓорѓиевски истакна дека имајќи го во предвид фактот дека се уште зборуваме за населени места каде треба да се градат фекални и ...
Продукти на компанија која произведува земјоделски производи во југоисточна Македонија, завршувале на рускиот пазар и покрај тоа што Македонија има воведено санкции за овој пазар, дознава Радио Лидер. Како што дознава порталот, веќе се води меѓународна истрага за овие дејствија, кои вределе милиони евра а во кои биле вмешани и канали од соседна Бугарија. -Во опсежното истражување кое го спроведува Радио Лидер, стигнавме до шокантни документи за ...
Пет вработени во Министерството за финансии се здружиле и на правно лице од Струмица му овозможиле со лажна банкарска гаранција да организира игри на среќа и да остварува ќар. Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривични пријави против нив, како и против управителот на правното лице за делата злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и несовесно работење во ...
Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада. Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип. „Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството одржа прес конференција по повод 100 дена нова Влада, на која информираше за преземените активности и проектите, кои се реализирани, кои се во фаза на реализација, како и за идните приоритети на Министерството за одбрана. Во продолжение интегрално обраќањето на министерот Мисајловски: Заложбата на Владата е да имаме стабилна, безбедна и просперитетна држава. Зголемен Буџет значи ...
Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на настанот ,, Судски совет-Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство. Во своето обраќање, Филков посочи дека е потребно да се насочиме кон решавањето на ситуациите, проблемите и да превенираме во иднина да немаме било каков сомнеж кој што може да ја доведат во прашање независноста и стручното постапување на Судскиот совет. Да не се залажуваме, нема реформа што не е болна, но нема ...
Очекувана и разумна одлука, велат од Владата за одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја отфрли тужбата за патувањето на синот на премиерот во САД. Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека она што сега се очекува е извинување за сите шпекулации изнесени во врска со овој случај. – Очекувана и разумна одлука со што уште еднаш се потврдува начинот на којшто функционира Владата, а тоа е почитување на Уставот и ...
Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по одлуката на ДСКС. -Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на Министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада. Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за ...
На денешната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Уште минатиот месец Уставниот суд реши да поведе постапка за неколку члена во два закони и правилници суспендирајќи ги истите додека трае постапката. Му се гледа ли крајот на балансерот? Уставните судии пред две недели ја почнаа постапката за преиспитување на уставноста на балансерот, со што донесоа времена ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски е задоволен од сработеното во првите 100 дена од новата Влада. – Македонија по 20 години доби Министерство за спорт. Конечно спорт го доби местото и вниманието што го заслужува. Овие 100 дена активно работевме на подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт, рече Ристовски на денешната ...
Државниот секретар, Дајанчо Ефтимов, на тркалезната маса организирана од Советот на Европа во Скопје ги истакна предизвиците со кои се соочуваат затворските установи и неопходноста од реформи за подобра ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица. Како што пренесуваат од Министерството за правда, во своето обраќање Ефтимов нагласил дека состојбата е сериозна и дека е потребен голем труд и посветеност за воспоставување правда и правна ...
Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован, сам си платил и за авионските карти и за хотелското сместување во САД во јули, односно неговото патување на НАТО самитот не било платено со владини пари, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која на денешната седница информираше дека го затвора овој предмет. Согласно добиената документација од Владата, во државната делегација за НАТО самитот имало 21 лице, ...
Уставните судии на денешната седница треба да донесат решение за алатката за вработување – балансер. Вкупно девет судии во судот ќе треба да се произнесат иако ставовите начелно се веќе познати од претходниот пат, 18 септември кога се изгласа суспензија на балансерот. Дебатата тогаш меѓу уставните судии беше тензична, бидејќи тројца од нив: Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се против оспорувањето на етничките вработувања, со ...
„Мојата голема турнеја почнува со концерт во Скопје, затоа што Македонија ми е среќен знак и многу ја сакам. Дојдов тука да покажам што знам после 30 години кариера, а не да заработам“ – Јелена Карлеуша изјави дека го сака нашиот народ и е возбудена што тука ќе започне турнејата. Јелена Карлеуша е во посета на Скопје по повод концертот кој ќе се одржи на 19.10 во Арена „Јане Сандански“, а таа најави дека токму тука почнува нејзината голема ...
ПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите, се сѐ почест избор бидејќи полесно се прилагодуваат и подобро ја одржуваат температурата во станот. Меѓутоа, за време на склопувањето, мајсторите забораваат да споменат две важни ставки, кои секако ќе ви бидат корисни оваа зима. Иако тоа е едноставна работа, многу луѓе не знаат или забораваат дека подмачкувањето е решение за чкрипењето на рачките или механизмите и слабата адхезија на прозорците. ...
На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, чијашто вредност на нелегалниот пазар на големо се проценува од близу 100 илјади евра, а на мало до три пати повеќе. Опојната дрога спакувана во 36 пакувања од по околу еден килограм, е пронајдена при контрола на возило управувано од македонски државјанин, каде била скриена во ...