Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, смета дека неговиот тим направил грешка откако повел против Аргентина, бидејќи прерано се повлекол и ѝ дозволил на противничката селекција да ја преземе иницијативата и да направи пресврт. Англија не успеа да го зачува стекнатото водство, а Аргентина во завршницата стигна до победа од 2:1 и обезбеди место во финалето на Светското првенство. Според Кејн, токму пристапот по ...
Објавувањето на документите поврзани со Џефри Епштајн минатата година станало сериозен политички проблем за администрацијата на Доналд Трамп, призна потпретседателот Џ. Д. Венс, кој оцени дека процесот бил лошо спроведен, особено во делот на комуникацијата со јавноста. Говорејќи во подкастот „The Joe Rogan Experience“, Венс презеде одговорност за начинот на кој администрацијата ја претставила целата постапка, оценувајќи дека токму недоволно ...
Полицијата приведе 61-годишен жител на Охрид, откако било пријавено дека во семејниот дом се заканувал кон членови на неговото семејство со остар предмет. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 15 јули 2026 година во Охрид лицето било лишено од слобода, по претходно добиена пријава за настанот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против 61-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата приведе ...
Триесет и двегодишен жител на Тетово е уапсен откако, според полицијата, со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во градот. При алкотестирањето било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници на 15 јули 2026 година го привеле К.В. (32) од Тетово, поради основи на сомнение дека истиот ден, околу 11:05 часот, се обидел да го изврши кривичното ...
Епидемиолошката состојба со сипаниците кај овците и козите во земјава се усложнува, откако од почетокот на јули се потврдени уште 10 нови жаришта во повеќе општини. Со тоа, вкупниот број регистрирани жаришта од крајот на јануари до денес достигна 17, а болеста опфати над 2.700 животни. Новите жаришта се потврдени на подрачјето на Македонска Каменица, Кочани, Делчево, Свети Николе и Куманово. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ...
Македонија првпат добива јасна законска рамка за изградба на дата-центри, со што се отвора можност за државни и приватни инвестиции во оваа област. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека земјава треба сериозно да размислува за сопствен државен дата-центар, преку кој институциите подобро би ги заштитувале своите податоци и информатички системи од сајбер напади. Со измените на законите за урбанистичко планирање и ...
Предлог-законот за правична и соодветна застапеност ја вжешти атмосферата во Собранието, иако на денешната 111-та седница воопшто не беше отворена расправа за законското решение. Обвинувањата за кршење на Деловникот, процедуралните забелешки, меѓусебните довикувања и паузите прераснаа и во навреди меѓу пратениците. На собраниска комисија, пратеничката Лидија Петкоска, обраќајќи ѝ се на пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, ја нарече ...
Знам дека несомнено има луѓе од израелската Владата кои се обидуваат, така да се каже, да нè одвлечат од оваа политика, бидејќи сакаат да продолжат со воената кампања – изјави Венс во гостување кај Џое Роган. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран. Венс оваа позиција ја изнесе ...
Осум земји-членки на Европската Унија побараа пристапниот процес за земјите-кандидати да стане поконкретен, попредвидлив и заснован на јасно утврдени правила и временска рамка за членство. Во заедничкиот нон-пејпер се нагласува дека напредокот мора да зависи од спроведените реформи, но и дека постојаното менување на условите ја нарушува довербата во процесот на проширување. Зад документот стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, ...
ладата за понеделник закажа средба со производителите и дистрибутерите откако контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека малопродажните цени на дел од основните производи растеле значително побрзо од набавните. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оцени дека дел од поскапувањето е последица на зголемените бруто-профитни маржи кај одредени трговци. Според податоците од контролите, кои опфатиле повеќе од 700 производи, ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги дозна противниците во групната фаза од ФИБА Европа Купот. Ждрепката се одржа денеска во седиштето на ФИБА Европа. „Штрковите“ се сместени во групата Е, во која ќе се борат за пласман во следната фаза. Нивни противници ќе бидат АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурцбург и естонски Тарту. Во групата се наоѓаат и грчки Ираклис и полска Варшава. МЗТ Скопје го очекуваат сериозни натпревари ...
Европската комисија им предложила на земјите-членки на Европската Унија и на државите од Западен Балкан да започнат разговори за склучување договори за издавање долгорочни визи за професионалните возачи. Предлогот има цел да ги надмине проблемите со кои тие се соочуваат поради Системот за влез/излез (ЕЕС), изјави денеска европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер. Во интервју за Европскиот весник (ENR), Брунер посочи ...
Новата Годишна програма за работа за 2026 година денеска беше официјално усвоена на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На средбата беа разгледани и предлог-законите поврзани со високото образование и обезбедувањето квалитет во науката, при што фокусот беше ставен на усогласување на образовниот систем со реалните потреби на бизнис секторот. Како што појасни министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со овој стратешки документ ...
Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата на генералот Бројер е уште една потврда за посветеноста на НАТО кон регионалната стабилност. Според неа, сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем. За генералот ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка. Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ...
Ослободителната пресуда во случајот „Талир 2“ е резултат на целосна партизација на судството и на смислено сценарио со кое се спречува конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се спасува поранешниот премиер Никола Груевски, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. На прес-конференција во партиското седиште, Кузеска изјави дека исходот од предметот ги потврдува досегашните предупредувања на СДСМ за постепено преземање на ...
Се породи ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија. На свет донела момче, а бременоста успешно ја криеала од јавноста девет месеци. Анастасија се породила во Шпанија, каде што веќе неколку години живее со својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудељ. Двајцата долго време сакаа да станат родители, а сега нивната најголема желба се оствари. Како што дознава српски „Телеграф“, мајката и синот се чувствуваат добро, а и ...
Украинските пратеници го потврдија Сергиј Корецки за нов премиер. Корецки, поранешен шеф на државната енергетска компанија „Нафтогас“, освои 289 гласа во парламентот, далеку над потребните 226, пишува „Киев пост“. Една од неговите најважни задачи ќе биде да ја подготви Украина за петтата зима во војна со Русија, откако нападите врз енергетската инфраструктура оставија милиони луѓе без греење и вода поради ниските температури претходно оваа ...
Саудиската армија би можела да добие нови оружени системи за прецизни удари, откако американскиот Стејт департмент даде одобрение за потенцијална продажба чија вредност достигнува 1,96 милијарда долари. За одлуката информираше американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка. Во соопштението се наведува дека планираната набавка вклучува системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems). Покрај самите ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денес се уредува зелен коридор долж улицата „Ѓорче Петров“, каде истовремено се реконструира пешачката патека во должина од околу четири километри, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. „Продолжуваме со изградба на зелени коридори низ целиот град, затоа што тие го намалуваат загадувањето, ја ублажуваат жештината, создаваат природна сенка и го претвораат урбаниот простор во ...
Најавените врнежи ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, што е особено важно за земјоделските култури во период на интензивен раст и формирање на приносот. Сепак, агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека влажното и потопло време создава поволни услови за појава и развој на растителни болести и штетници, па производителите треба редовно да ги следат посевите. Во овој период, поголемиот ...
Велика Британија го национализираше „Бритиш стил“ за да ја заштити иднината на домашното производство на челик, објави денеска владата, со што го заврши преземањето на компанијата која досега беше во кинеска сопственост. Национализацијата на „Бритиш стил“ беше неопходна за да се заштитат националните интереси на Велика Британија, нагласи владата во соопштение за медиумите. „Бритиш стил“ е дел од идентитетот на нашата нација и основа на ...
Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател е намалувањето на бројот на старите предмети (предмети постари од две години) за 53 проценти во период од една година. На 30 јуни 2025 година Судот евидентирал 873 стари ...
Силно невреме што го зафати северниот и централниот дел на Јадранското Море предизвика низа проблеми долж крајбрежјето, а во повеќе места беше регистрирана и ретката појава позната како метеоцунами. Наглите промени на нивото на морето ги изненадија туристите и локалното население, додека во одредени пристаништа водата толку брзо се повлече што дел од чамците останаа да лежат на морското дно. Невремето беше проследено со грмотевици и град, а ...
Лет на „Рајанер“ од Лондон до Тирана требало да трае околу три часа, но се претворил во речиси 12-часовно патување. Авионот имал две пренасочувања, долги задржувања на пистите, недостиг од храна и вода. Дури интервенирала и полиција по бунт на дел од патниците. Авионот полетал од лондонскиот аеродром „Станстед“ на 3 јуни, но не успеал да слета во албанскиот главен град поради силно невреме. Наместо во Тирана, леталото прво било пренасочено ...
Полицијата трага по лице кое измамило жител на Скопје за 28.700 евра, претставувајќи се како службеник во државна институција. Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје, а според пријавеното, измамата започнала кон крајот на минатата година. Оштетениот го запознал лицето во занаетчиски дуќан во Скопје. Измамникот му кажал дека преку свои пријатели во државните институции може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит. За ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица поради компјутерски измами и фалсификување исправи поврзани со брзи кредити. За уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог поради соучесништво во измамите. Според Обвинителството, обвинетите внесувале невистинити податоци во електронските системи на повеќе финансиски друштва. Тие креирале лажни профили и прикажувале невистинити податоци за вработување за да ...
Мобилен тим на Царинската управа спречил обид за криумчарење 2.000 вијали од медицинскиот раствор „Гадонанс“. Тие биле пронајдени на повеќе скриени места во кабината на товарно возило на граничниот премин Деве Баир. Камионот го управувал косовски државјанин вработен во транспортна компанија од Косово. При царинската контрола возачот изјавил дека нема друга стока за пријавување освен товарот наведен во документацијата. Поради сомневање, ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно шест лица за фалсификување, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама за злоупотреби на податоци и подигнување на брзи кредити од финансиски друштва во висина поголема од 30.000 евра. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама. Четворица од нив со вакви дејствија во периодот од февруари ...