Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...
Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северно Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто стана најлош во светот во среда. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени предупредувања откако небото над најголемиот град во земјата стана жолто, а швајцарската технолошка компанија IQAir, која го следи глобалниот квалитет на воздухот, го прогласи воздухот во Торонто за најзагаден на планетата, пишува „The Guardian“. 🔥’ ...
Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и ...
Англичаните беа на чекор до победа, но Аргентина со доцен гол избори пласман во финалето Аргентина и Англија одиграа драматично полуфинале на Светското првенство на стадионот „Мерцедес-Бенз“ во Атланта, а победникот беше решен дури во самиот финиш. Иако Англија долго време беше поблиску до финалето, Аргентинците успеаа да се вратат и да обезбедат место во мечот за светската титула. Пред натпреварот, властите во Атланта воведоа засилени ...
Роберт Милошески е избран за вршител на должност градоначалник на Брвеница по прераната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, за локалната самоуправа да продолжи непречено да функционира до изборот на нов градоначалник. Советниците со мнозинство гласови одлучија функцијата привремено да ја преземе Милошески, кој досега беше претседател на Советот. Тој ќе ...
Седумдесет и четири улици во Тетово би можеле да добијат нови имиња, откако работната група ја утврди листата со предлози за промена на дел од уличната номенклатура. На списокот се личности од македонската, албанската и европската историја, како и имиња од културата, образованието и спортот. Предлозите биле утврдени на втората седница на работната група, одржана на 14 јули. Нејзиниот претседател Алби Ќамили најави дека меѓу новите називи се ...
Патничките возови меѓу Скопје и Битола повторно сообраќаат по речиси еден месец прекин. Железничката врска беше запрена на 22 јуни поради градежни работи на пругата, а од 15 јули во функција се вратени две од трите линии предвидени со годишниот возен ред. Од „МЖ Инфраструктура“ информираат дека работите се завршени на делницата од железничката станица Бакарно Гумно до товариштето „Никола Карев“, како дел од пругата Скопје – Битола – Жабени. ...
Аргентина се пласира во големото финале на Светското првенство 2026, откако на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта ја совлада Англија со 2-1. Англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон во 55. минута, но Енцо Фернандез израмни во 85. минута, а Лаутаро Мартинез во 92. минута го комплетираше пресвртот по нафрлување на Лионел Меси. Полуфиналниот дуел започна со внимателна и тврда игра, во која селекторите Томас Тухел и Лионел Скалони повеќе ...
Организаторите стравуваат од грмотевици пред големиот спектакл на отворениот стадион Финалето на Светското првенство во фудбал, кое е закажано за недела, 19 јули, во Њујорк, можно е да биде одложено поради најавени неповолни временски услови. Натпреварот треба да се одигра на стадионот во Њу Џерси, кој има капацитет од 82.500 гледачи, но објектот нема кровна конструкција што би ја заштитила публиката и играчите од временските услови. Неколку ...
Иранскиот политичар смета дека подготвеноста за долг конфликт може да ја спречи воената закана Познатиот ирански политичар Мохамед-Џавад Лариџани повика неговата земја да биде подготвена за можен повеќегодишен конфликт со САД, јавува ДПА од Техеран. Лариџани, брат на неодамна убиениот секретар на моќниот ирански Совет за национална безбедност Али Лариџани, изјави дека Иран мора да покаже целосна подготвеност за одбрана. „Она што ја држи ...
На 170 локации низ сливот на Вардар се вршат теренски мерења, земање примероци и лабораториски анализи на површинските и подземните води. Станува збор за досега најсеопфатната проверка на квалитетот и количеството на водните ресурси во дел од државата што опфаќа повеќе од 80 отсто од водните тела. Мониторингот го спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи според нова национална програма, со која се утврдени мерните ...
Светскиот шампион вечерва се соочува со селекцијата која играше две последователни европски финалиња Актуелниот светски првак Аргентина вечерва го очекува најтешкиот предизвик досега на Мундијалот – полуфиналниот дуел против Англија. Англичаните во последните две изданија на Европското првенство стигнаа до финалето, но во двата наврати останаа без трофејот. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, порача дека пласманот во полуфиналето на ...
Мерц смета дека Унијата мора да остане кредибилна во ветувањата за проширување Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека останува посветен на идејата за воведување придружни статуси за Украина и земјите од Западен Балкан како чекор кон нивно приближување до Европската Унија. Мерц оцени дека предлогот наишол на различни реакции во Украина, делумно поради внатрешни политички причини, но дека кај останатите лидери на ЕУ бил прифатен ...
Европската Унија мора да најде начин да ги приближи Украина и земјите од Западен Балкан пред нивното полноправно членство, смета германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој останува зад предлогот за воведување преодни модели на интеграција, со кои кандидатите постепено би добивале пристап до европските институции и единствениот пазар. Мерц изјави дека идејата наишла на различни реакции во Украина, главно поради внатрешнополитички причини, но дека ...
Одбраната на Александар Ѓорчевски остро реагира по одлуката на Апелациониот суд да ја укине ослободителната пресуда и предметот да го врати на повторно судење. Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ тврди дека ваквиот развој го очекувал уште по јавната седница и оценува дека неговиот клиент од самиот почеток бил поставен во позиција однапред да биде осуден. „Како адвокат сум еден од ретките што воопшто не е изненаден од ваквата одлука и очекував ...
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид треба да заврши во мај следната година, а во меѓувреме се подготвува отворање на нови градилишта на патните правци Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, уверува дека работите се одвиваат според утврдената динамика и дека најавените рокови ќе бидат испочитувани. На делницата Кичево – Охрид досега се пуштени околу 37 до 38 километри ...
Церемонијата ќе се одржи пред финалниот натпревар во Њујорк, со настапи на светски музички ѕвезди и холивудски гости ФИФА ги откри првите детали за церемонијата со која ќе биде затворено Светското првенство во 2026 година, најавувајќи голем спектакл пред финалниот натпревар. Завршната програма ќе се одржи во недела, 19 јули, на стадионот во Њујорк, непосредно пред мечот кој ќе го даде новиот светски шампион. Меѓу најавените изведувачи се ...
Европратеникот смета дека секоја земја треба да напредува кон членство според сопствените реформи и заслуги Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и член на Европскиот парламент, Сандро Гоци, оцени дека идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ Западен Балкан да влезе во Европската Унија како целина не е прифатлива. Гоци порача дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи според индивидуалниот напредок на секоја ...
Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси. – Европа денес има потреба од нас исто ...
Три момчиња биле извлечени живи од реката Треска откако попладнево ги повлекла нагло надојдената вода во близина на Скопје. Едно од нив има 18 години, а другите две се на возраст од 15 години. Според Центарот за управување со кризи, водостојот се зголемил поради испуст од браната „Матка“ за производство на електрична енергија. Едното момче било извлечено веднаш, додека другите две водата ги однела подалеку по течението. Тие биле пронајдени и ...
Од почетокот на следната година граѓаните би можеле да плаќаат пониска цена за електричната енергија, доколку Владата успее да го утврди моделот на кој веќе се работи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се бара формула со која струјата би поевтинила од јануари, нагласувајќи дека подобрувањето на животниот стандард останува владин приоритет. Одговарајќи на новинарско прашање за оценките дека граѓаните ги очекува тешка есен, ...
Шест автомобили и еден стан се ставени под привремена судска мерка во постапката против Александар Лазаров, познат како Цуната од Кочани. Имотот е одземен откако полицијата и Обвинителството обезбедиле докази што упатуваат на сомнение дека е стекнат со пари од криминални активности. Акцијата ја спровело Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Основното јавно обвинителство Кочани. По претходно преземени мерки, истражителите ...
Трамп верува дека конфликтот може да заврши до крајот на неговиот мандат Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на војната во Украина и оцени дека конфликтот би можел да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп беше прашан дали очекува војната во Украина да заврши додека тој е на функција. Тој ...
60-годишен хрватски државјанин е осомничен дека во германскиот град Келкхајм ја усмртил својата 58-годишна сопруга, исто така хрватска државјанка. Нападот се случил пред бројни сведоци, а осомничениот бил задржан од минувачи до пристигнувањето на полицијата. 60-годишен хрватски државјанин е осомничен дека ја убил својата 58-годишна сопруга среде улица во германскиот град Келкхајм, во покраината Хесен. Според германските медиуми, мажот бил ...
Вашингтон и Техеран ја прошируваат листата на потенцијални цели Конфликтот меѓу САД и Иран влегува во нова фаза, во која двете страни освен меѓусебни удари почнуваат да разгледуваат сè поширок спектар на цели. На списокот се најдоа воени бази, ракетни позиции, енергетски капацитети, комуникациски системи и нуклеарна инфраструктура. Американската војска изврши нов бран напади врз ирански крајбрежни одбранбени системи, складишта за ...
Последниот рок за договор меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик истече без резултат. Неуспехот да се усогласат ставовите значи дека Македонија остана без 4,2 милиони евра од европските фондови, бидејќи реформата беше дел од обврските поврзани со финансиската поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски во текот на денот ги повика партиите да направат уште еден обид за компромис, но истовремено изрази сомнеж ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, г. Мартин Памер. За време на средбата се разговараше за актуелните случувања, досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес. Беше истакната и континуираната поддршка на Австрија за реформските процеси и европската интеграција на државата. „Австрија ...
Продолжуваат жестоките судири околу Ормускиот теснец Американската воена команда соопшти дека започнала нова рунда напади врз Иран, насочени кон крајбрежни воени објекти кои, според Вашингтон, претставуваат закана за комерцијалниот поморски сообраќај. Во меѓувреме, иранските власти објавија дека во американските напади врз јужниот дел на земјата во последните неколку дена загинале повеќе од 30 цивили, а околу 260 лица биле повредени. САД и ...
Истражување покажува предност на студентите пред Српската напредна партија Студентската листа во овој момент би добила најголема поддршка меѓу граѓаните на Србија доколку се одржат парламентарни избори, покажува новото истражување на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА). Меѓу определените гласачи, кои сочинуваат 70 проценти од испитаниците, за Студентската листа би гласале 44,9 проценти. Српската напредна партија би ...