„И покрај нашиот обид и четири месеци преговори, договори, состаноци на коишто аргументирано се дебатираше во врска со Изборниот законик, на крајот причините за недонесување на Изборниот законик се очигледната неспремност од страна на опозицијата да прифатат дека ќе направиме уште еден голем успех со носење на овој Изборен законик, со тоа што, така, ќе исполневме 10 од 10 од условите за Реформската агенда и ќе добиевме многу повеќе пари, што ...

Шведскиот моден гигант H&M најави затворање на 170 продавници ширум светот до крајот на годинава како дел од стратегијата за приспособување на работењето кон актуелните пазарни услови. Истовремено, компанијата планира да отвори околу 90 нови продажни места. Во полугодишниот извештај, H&M соопшти дека до 31 мај бројот на неговите продавници е намален од 4.166 на 4.038, односно за 128 малопродажни објекти, што претставува пад од три ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Полицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес. Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со ...

До 13 часот денеска во државата се евидентирани три пожари на отворен простор, а еден од нив сè уште е активен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, активен е пожарот во атарот на селото Врапчиште, каде што е зафатена ниска вегетација. Во меѓувреме, изгаснат е пожарот во струмичкото село Добрејци, каде што гореле ниска вегетација и ѓубре. Интервенција имало и на депонија во подрачјето на ...

Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 41-годишен британски државјанин, осомничен дека со камења нападнал даночни инспектори кои вршеле службена контрола на туристичкиот локалитет „Камени Кукли“ во селото Куклица, кај Кратово. Според Обвинителството, против осомничениот е поведена постапка за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво според член 382 став 3 од Кривичниот законик. ...

Во учебната 2025/2026 година во ученичките и студентските домови низ државата се сместени вкупно 5.232 ученици и студенти, што е за седум проценти повеќе во споредба со претходната учебна година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, во земјава функционирале девет студентски домови и 19 домови за ученици од основните, средните и средните верски училишта. Во домовите биле сместени 3.427 студенти, ...

Енди Бернам официјално беше именуван за лидер на владејачката британска Лабуристичка партија во петокот, со што ја отстрани последната пречка за да ја преземе функцијата премиер следната недела. Левичарската партија на центарот ги објави резултатите од дополнителните избори на својата партија за наследување на премиерот во заминување Кир Стармер, на кои Бернам беше единствен кандидат. Неговиот избор беше широко очекуван, бидејќи тој ја доби ...

Општина Карпош на 20 јули ќе го одбележи Меѓународниот ден на шахот со организирање на настанот „Шаховско утро“, кој ќе се одржи од 9:00 часот на платото „Млечен“. Настанот е отворен за сите љубители на шахот, без оглед на возраста и нивото на искуство. Целта на настанот е да се промовира шахот како интелектуална игра што придонесува за развој на логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух. Воедно, ...

Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп во изминатите два дена се случил вистински baby boom. Само во последните 10 часа на Одделението за гинекологија и акушерство на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња. Од болницата велат дека овој прекрасен бран на нов живот е потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Одлуката следува по вонреден инспекциски надзор спроведен во пречистителната станица во селото Вруток, по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи. Во контролата, ...

Околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми на повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност во изминатите 3-4 дена побарале медицинска помош во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Од гостиварската болница информираат дека поради зголемениот број пациенти се извршило зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има најголем притисок. Најголем број пациенти со овие симптоми се евидентирани на ...

Јавното обвинителство најпрво ќе ја анализира писмено изработената пресуда за предметот „Талир 2“, а дури потоа ќе одлучи дали ќе поднесе жалба на ослободителната судска одлука, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе ја обжали пресудата, Савески посочи дека и во овој, како и во сите други предмети, одлуката ќе биде донесена по разгледување на целосното писмено ...

Судирот меѓу САД и Иран продолжува да се шири, откако Техеран соопшти дека извршил нови напади врз американски воени цели на Блискиот Исток, вклучително и врз база во Сирија, што според иранските власти е прв ваков напад. Новите ирански дејствија следуваат по шестата ноќ по ред на американски воздушни напади врз ирански воени објекти. Американската Централна команда соопшти дека операциите биле насочени кон дополнително намалување на воените ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 ...

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...

Сончево и многу топло време ќе преовладува до понеделник, а во текот на викендот на места температурите ќе достигнат и до 40 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе има мала до умерена облачност, но времето ќе остане стабилно и топло. Највисоки температури се очекуваат за време на викендот, кога дневната температура локално ќе се искачи до 40 степени. Промена на временските ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. – Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...

Претседателот на САД ќе присуствува на финалето меѓу Аргентина и Шпанија на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Според Џани Инфантино, двајцата би можеле заедно да му го предадат пехарот на победникот. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Таа изјави дека претседателот со нетрпение го очекува натпреварот, кој ќе се ...

Србија официјално се приклучи кон договорите „Артемис“ и стана 69-та држава која ја потпишала оваа меѓународна иницијатива за истражување и соработка во вселената. Договорот во четврток во седиштето на НАСА го потпиша српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ. На церемонијата присуствувале заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот ...

Две скопјанки се уапсени во Црна Гора под сомнение дека од златарница во Игало украле четири златни ланчиња, откако, според полицијата, го одвлекле вниманието на вработената додека им покажувала накит. Црногорската полиција информираше дека станува збор за Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33), државјанки на Македонија, против кои ќе биде поведена постапка за кривично дело кражба. Според истрагата, двете жени на 15 јули околу 13:30 часот влегле во ...

По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена, соопштуваат од УЈП. Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања ...

Итна истрага во Вруток Полицијата, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, вчера околу 18:20 часот презеде итни мерки и активности во село Вруток поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. Случајот се истражува поради сомневање за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик. Вчера околу 18:20 часот, инспектори од ...

Победникот на Светското првенство 2026 година, покрај трофејот и златните медали, за првпат во историјата на Мундијалите ќе биде награден и со специјално изработени шампионски прстени, соопшти ФИФА. Станува збор за ново признание кое досега не било дел од церемонијата на доделување награди на најголемото фудбалско натпреварување. Со воведувањето на прстените, ФИФА воведува традиција која веќе долго време е присутна во северноамериканските ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја веќе реагирала на изјавите на српската министерка Снежана Пауновиќ преку Министерството за надворешни работи и порача дека нема да одговара на секоја спорна изјава од Србија со дополнителни политички реакции. Рама се огласи откако во Албанија се појавија критики од дел од јавноста и политичарите поради тоа што тој лично не реагираше на изјавата на Пауновиќ, која претходно кажа дека, ...

Од Царинската управа денеска информираа дека била поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако бил фатен во обид да криумчари дрога. „Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник ...

Зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток повторно ги придвижија цените на нафтата нагоре, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата што би можеле да влијаат врз глобалното снабдување со енергенси. Во исто време, азиските берзи денот го почнаа со негативни резултати. Фјучерсите на Brent се зголемија за 70 центи или 0,83 проценти и достигнаа 84,93 долари за барел. Американската сурова нафта WTI поскапе за 81 цент, односно ...

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75