Македонија првпат добива јасна законска рамка за изградба на дата-центри, со што се отвора можност за државни и приватни инвестиции во оваа област. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека земјава треба сериозно да размислува за сопствен државен дата-центар, преку кој институциите подобро би ги заштитувале своите податоци и информатички системи од сајбер напади. Со измените на законите за урбанистичко планирање и ...
Ниту една компанија досега официјално не пројавила интерес во Министерството за транспорт за изградба на дата-центри откако пратениците ги донесоа измените во Законите за урбанистичко планирање и за градба. Претходно годинава, пак, премиерот рече веќе имал средби со четири потенцијални инвеститори. Ниту вицепремиерот и министер за транспорт, кој ќе го има последниот збор при давањето на дозволи за изградба на дата-центри не открива од колкав ...

