Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ ќе настапи во престижни концертни сали во Њујорк, откако освои прво место со почесни заслуги на меѓународен натпревар во американската метропола. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со младите музичари, кои ги оцени како гордост за скопјани и вистински амбасадори на Македонија, македонската музика, култура и традиција. Оркестарот за кратко време забележал значајни ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 (18.22) ...
Францускиот селектор Дидие Дешан не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија (0-2) во синоќешното прво полуфинале на Светското фудбалско првенство. „Очигледно има многу разочарување. Играчите се скршени, имавме големи амбиции. Сепак, мораме да бидеме реални и да признаеме дека на овој натпревар технички бевме чекор подолу против тим кој знаеше што прави. Тоа е првенствено наша вина“, изјави Дешан по полуфиналето во Далас. Француските ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во осум часот. За денеска кога се најавуваат дневни максимални температури до 39 степени, во осум часот најсвежо е на Попова Шапка, Маврови Анови, во Берово и Крива Паланка со 19 степени. Најтопло е во Гевгелија и Кавадарци со 25 степени, по што следат Струмица и Крушево со 23. Во Скопје во осум часот се измерени 22 степени. Од УХМР за денеска најавуваат сончево и топло време со мала ...
Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана централна и меѓународна потерница. „На 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Потраги, од слобода е лишен ...
Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање. На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не приемот по повод 14 Јули, Националниот ден на Француската Република. – Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ! Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и нејзината длабока верба во „слободата, братството и еднаквоста“, на непресушната демократска инспирација на „Француската декларација за слободите и ...
Шпанија е првиот финалист на Светското првенство. Во полуфиналето во Далас, шпанската репрезентација ја совлада Франција со 2:0 и обезбеди второ финале во својата историја. Головите ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал и Педро Поро, додека Французите одиграа непрепознатливо слабо и речиси не создадоа вистинска можност пред противничкиот гол. Во финалето Шпанија ќе игра против победникот од полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија, ...
Црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Бајково беше спасена од огнената стихија откако голем шумски пожар попладнево се прошири во атарот на селото, во Општина Ново Село, и се закани да го зафати православниот храм. Огнот бил забележан околу 16:30 часот на падините на планината Огражден. Поради силниот ветер и сувата вегетација, пожарот брзо се ширел кон црковниот комплекс, поради што храмот и околниот простор биле ставени во сериозна ...
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Метју Лосон, на која се разговараше за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување, соопштија вечерва од локалната самоуправа. На средбата било истакнато значењето на партнерството изградено врз меѓусебна доверба, поддршката на демократските процеси, институционалниот развој и ...
Трамп вели дека повеќе земји понудиле милијарди долари инвестиции наместо да плаќаат надоместок за премин Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се откажал од идејата за воведување такса за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, откако добил предлог од повеќе земји наместо тоа да инвестираат во Соединетите Американски Држави. Одговарајќи на новинарско прашање, Трамп рече дека бил контактиран од, како што ги опиша, „силни ...
Кос оцени дека првпат по повеќе од две децении на ист ден се одржуваат пристапни конференции со четири земји кандидати Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска оцени дека денешниот ден претставува „супервторник“ за политиката на проширување на Европската Унија, бидејќи првпат по повеќе од 20 години на ист ден се одржуваат пристапни конференции со четири земји кандидати – Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. Во објава на ...
Вучиќ смета дека регионот треба заеднички да влезе во Унијата за да не се создадат нови поделби Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека Европската Унија треба да се откаже од сегашниот модел на проширување, според кој земјите кандидати напредуваат поединечно, и наместо тоа да го прими целиот Западен Балкан како единствена целина. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Вучиќ оцени дека таквиот пристап би спречил создавање нови поделби во ...
Американецот со мароканско потекло е избран за полуфиналето, а Британците потсетуваат на неговите претходни натпревари Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одреди Исмаил Елфат за главен судија на полуфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Англија. Мечот ќе се одигра утре од 21:00 часот во Атланта, а на Американецот со мароканско потекло ќе му помагаат неговите сонародници Кори Паркер и Кајл Аткинс. Изборот на ...
Во Собранието денеска се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата биле констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Гаши посебно ја издвоил соработката на ниво на претседатели на ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски утре, со почеток во 10:00 часот, ќе присуствува и ќе се обрати на церемонијата за затворање на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), која ќе се одржи во касарната „Боро Менков“ во Куманово. На свеченоста ќе присуствува и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) ја менува својата локација на ротациона ...
Големи колони од возила и застој во сообраќајот се формираа вечерва на автопатот Тетово–Скопје. Причината е сообраќајна несреќа во близина на наплатната станица на влезот во Скопје, објавија неколку портали повикувајќи се на неофицијални информации. Според првичните информации, сообраќајот на оваа делница се одвива значително отежнато. Кај патарината се создадени долги колони од автомобили. Засега нема официјални информации за причините за ...
Македонскиот првак ја надополни негативата од Скопје, но падна по продолженијата во Финска Вардар не успеа да го мине првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, иако славеше со 3-2 против КуПС на гостински терен. „Црвено-црните“ по продолженијата беа елиминирани со вкупен резултат 4-3, откако во првиот меч во Скопје загубија со 2-0. Македонскиот шампион одигра многу подобар натпревар во Финска и успеа да ја анулира негативата од ...
Организацијата бара дополнителни средства за борба со вирусот, додека бројот на заразени продолжува да расте Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вистинскиот обем на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде значително поголем од официјално регистрираните случаи. Според проценките на организацијата, бројот на заразени може да биде два до четири пати поголем од досега потврдените случаи. „Според ...
Софија се потпира на најголемата арена и инфраструктурата Бугарската национална телевизија (БНТ) ги објави градовите кои продолжуваат во последната фаза од изборот за домаќин на Евровизија 2027. Софија и Бургас обезбедија место во потесниот круг, додека Варна и Пловдив беа елиминирани од трката. Четирите кандидати беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои инфраструктурата на арените, транспортната поврзаност, достапноста на сместување ...
Укинати физичките контроли, Гибралтар ќе се поврзе поблиску со Шенген зоната Европската Унија и Велика Британија постигнаа договор со кој се укинуваат граничните проверки меѓу Шпанија и Гибралтар, британската територија на Пиринејскиот Полуостров. Документот беше парафиран во Брисел од еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доети, пренесува агенцијата АФП. Со договорот се отстрануваат сите физички ...
Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Драгана Бојковска, оцени дека блокадата на Изборниот законик претставува директна блокада на европската агенда на државата и на реформите што, според неа, треба да донесат подобри европски стандарди за граѓаните. Во гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Бојковска изјави дека Владата и парламентарното мнозинство покажале конструктивност и биле подготвени да ги ...
Во здравствениот систем во последните две години биле инвестирани девет милијарди денари повеќе. Платите во јавниот здравствен сектор, според новиот министер за здравство Сашо Клековски, се зголемени за околу 16 проценти над стапката на инфлација. Клековски, кој до денес ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување, информираше дека буџетот на Фондот достигнал 55,9 милијарди денари. Од оваа сума, 4,82 милијарди ...
Обвинителството постапува против 18-годишна, а за две малолетнички побара подготвителна постапка Видеоснимка од напад врз 13-годишно девојче објавена на социјалните мрежи го активираше постапувањето на Основното јавно обвинителство Куманово. По преземените дејствија, обвинителството отворило постапка против 18-годишна девојка, а до судијата за деца при Основниот суд во Куманово доставило барање за подготвителна постапка за две малолетнички ...
До 18 часот денеска биле евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор. Два од нив сѐ уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Едниот активен пожар е шумски и гори во атарот на селото Бајково, во општина Струмица. Вториот е на подрачјето на селото Гарани, во општина Кичево, каде што се зафатени ниска вегетација и стрништа. Под контрола е пожарот кај селото ...
Полуфиналните и финалниот натпревар се продаваат по цени недостижни за многу навивачи До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат уште четири натпревари, кои ќе го дадат новиот светски шампион или ќе покажат дали Аргентина ќе успее да го одбрани трофејот. Интересот за завршницата на турнирот е огромен, а тоа најдобро се гледа преку цените на влезниците за последните натпревари. За полуфиналните дуели и финалето, билетите ...
Техничкиот советник на семејството на повредениот патник вели дека дел од турбината предизвикал декомпресија во кабината Прозорецот на авионот на „Рајанер“, кој принудно се врати во Солун по инцидентот над македонското небо, не пукнал сам, туку бил погоден од дел што излетал од моторот, тврди техничкиот советник ангажиран од семејството на повредениот патник Љубиша Каровиќ. Експертот Христос Главопулос во интервју за грчката јавна телевизија ...
Цените на нафтата денеска значително пораснаа по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за блокада на иранските бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец. Брент нафтата скокна над 85 долари за барел и забележа неделен раст поголем од 10 отсто. Порасна и цената на американската WTI нафта, која се тргуваше меѓу 79 и 80 долари за барел. Новите мерки предизвикаа загриженост за снабдувањето преку еден од најважните светски поморски ...
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака во чест на македонските револуционери. Тој потсети дека тие ги положиле своите животи во една од најзначајните битки по Илинденското востание. „Денес се навршуваат 119 години од Битката на Ножот, еден од најсудбоносните и најкрвавите настани во македонската револуционерна борба по Илинденското востание“, посочи Проданоски. Тој потсети ...