Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Обединетите нации упатија остро предупредување поради ширењето на конфликтот меѓу САД и Иран, откако генералниот секретар Антонио Гутереш ги осуди нападите врз цивилни објекти низ Блискиот Исток и ги оцени како „неприфатливи“. Неговата реакција следува откако Иран ги обвини САД дека извршиле напади врз транспортната и телекомуникациската инфраструктура на земјата, најавувајќи преземање „одмазднички“ мерки. „Генералниот секретар останува ...
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница – Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...
Пред 59 години, на 18 јули 1967 година, во Охрид беше донесена одлуката за прогласување автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ) како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката беше усвоена на Третиот црковно-народен собор, а свечениот чин на прогласувањето беше извршен на 19 јули 1967 година во црквата „Св. Богородица Перивлепта“, тогаш позната и како „Св. Климент“. Одлуката ја соопшти новоизбраниот архиепископ ...
Пет лица истовремено извршуваат две функции, а 38 лица кои во месец март биле избрани и именувани не поднеле изјава за имотната состојба. Ова го утврдиле од Државната комисија за спречување на корупцијата при спроведената контрола. Антикорупциска во согласност со своите законски надлежности редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено ...
Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. „Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на Пиво фест во Прилеп. -По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, напиша синоќа Мицкоски на Фејсбук. Тој порача дека ваквите настани се уште ...
На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од таму. АМСМ ...
Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС, Левица и ДУИ одбиле можност за договор околу новиот реформски Изборен законик, иако, како што наведува партијата, од Владата добиле можност да ги предложат своите барања и решенија. „Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека СДС, Левица и ДУИ ја ...
Пеп Гвардиола стави крај на шпекулациите дека би можел да ја преземе италијанската фудбалска репрезентација, нагласувајќи дека во моментов нема намера да се врати на тренерската работа. Шпанскиот стратег вели дека сака да му се посвети на приватниот живот и дека засега не чувствува желба повторно да биде на клупата. „Не чувствувам дека нешто ми недостасува. Почнав да тренирам тимови кога имав 37 години и сè во мојот живот беше поврзано со ...
Илјадници граѓани втора вечер по ред протестираа во Киев поради одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров во рамки на владината реконструкција. Одлуката предизвика поделби во јавноста и невообичаени демонстрации во услови на војна. Демонстрантите се собраа во украинската престолнина со државни знамиња и транспаренти, јавува агенцијата Франс прес. „Вратете го Федоров!“, пишуваше ...
Два танкери за нафта експлодирале и се запалиле откако поминале низ минирана рута во Ормускиот Теснец, тврди Иранската револуционерна гарда (ИРГК). Според нив, теснецот во моментов е „екстремно небезбеден и целосно затворен“ поради, како што наведуваат, американската агресија. Информацијата ја објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на соопштение од Иранската револуционерна гарда. Во меѓувреме, Британската канцеларија за ...
Соединетите Држави ја завршија седмата ноќ по ред воздушни напади врз Иран, додека Техеран соопшти дека како одговор погодил американски воени цели во Кувајт и Јордан. Иранските власти повторно се заканија со „тотална офанзива“ доколку американските напади продолжат. Централната американска команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската војска продолжила со операциите против Иран, додека иранската војска на 18 јули објави дека извршила напади ...
Српската министерка за државна управа и локална самоуправа Снежана Пауновиќ изјави дека „седум секунди од нејзиното интервју за Курир биле злонамерно извлечени“ за да биде обвинета дека се залага за етничко чистење. Истовремено, таа ги повтори ставовите од спорното интервју, додавајќи дека можеби било подобро да го употреби изразот „депортација“, наместо „етничко чистење“, за да избегне, како што рече, „да биде распната“. Пауновиќ, ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција. Ова го соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Според АФАД, земјотресот го погодил округот Баталгази во провинцијата Малатија околу 6:20 часот наутро по локално време, а бил почувствуван и во провинциите Малатија, Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. „Во моментов нема извештаи за какви било ...
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладневните часови ќе донесат услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, тврди дека досегашните редовни анализи на ЈП „Комуналец“ покажале оти испитаните примероци од водата биле во рамките на законски дозволените вредности. Тој повика да се почекаат официјалните резултати од дополнителните лабораториски испитувања, откако голем број граѓани побараа медицинска помош, а дел од сомнежите се насочени кон можна контаминација на водата од градскиот водовод. Лимани на својот ...
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство. Назначувањето го соопшти Европската комисија, а информацијата ја пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е надлежен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата. ...
СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека изнесува невистини за измените на Изборниот законик и намерно го попречува спроведувањето на реформите и европската интеграција на државата. Од партијата тврдат дека зад обвинувањата за таканаречениот „празен лист“ се крие обид да се наметне модел што би овозможил контрола врз гласањето на дијаспората. Според СДСМ, документот што ВМРО-ДПМНЕ го претставува како празен лист веќе содржел заокружени броеви и имиња. ...
Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ги отфрли тврдењата дека пумпите поставени во корито со отпадни води се причина за епидемијата што досега погоди околу 1.200 жители на Гостивар. Таа тврди дека пумпите биле пуштени само кратко за проба, дека водата потоа била испуштена во Вардар и дека лабораториските анализи покажале оти водата била исправна. Од СВР Тетово претходно соопштија дека три пумпи биле ...
ВМРО-ДПМНЕ бара случајот со водата во Гостивар итно да биде расчистен и сите инволвирани да понесат одговорност, оценувајќи дека општинската власт целосно потфрлила во своето работење и не успеала да им го обезбеди на граѓаните основното право на чиста вода за пиење. Од партијата велат дека е недозволиво во 21 век, во време кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција, граѓаните да бидат изложени на опасност поради ...
Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“. Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...
Во центарот на Прилеп вечерва започнува 23. издание на Пиво фест, кој ќе трае до недела. Организаторите најавија три фестивалски вечери со музичка програма за различни вкусови, алтернативна сцена, детска зона, фан-зона за фотографирање, повеќе видови пиво и скара. На просторот од околу 3.000 квадратни метри ќе бидат поставени штандови на пивари со понуда од 20 видови пиво, како и угостителски содржини. Вечерашната програма почнува со диџеј, ...
Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди морскиот простор во близина на мексиканската сојузна држава Чијапас, по што беше издадено предупредување за цунами. Според Американскиот геолошки завод, опасни бранови се можни во радиус од околу 300 километри од епицентарот. Потресот бил почувствуван и во јужната сојузна држава Оахака, каде локалните власти соопштиле дека интензитетот во главниот град на државата бил умерен. Засега нема ...
Загрепската полиција привремено одзеде два електрични тротинети кои значително ги надминувале дозволените технички ограничувања, а еден од нив можел да развие брзина од 79 километри на час. Тротинетите биле откриени при засилен надзор на возачите на електрични тротинети, мопеди, мотоцикли и други лични превозни средства. Во рамките на контролата полицијата утврдила низа сообраќајни прекршоци. Биле издадени 13 известувања за сторен прекршок, ...
Вишиот суд во Белград го осуди Слободан Костовски на 20 години затвор како организатор на криминалната група позната како „Балкански картел“, која била обвинета за меѓународен транспорт на повеќе од два тона кокаин преку Атлантскиот Океан. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба. Покрај Костовски, Никола Стојадиновиќ е осуден на 18 години затвор, Небојша Субин на 14 години, а Бојан Копитовиќ на седум години. Судскиот совет ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 39-годишна скопјанка, поранешна претседателка на Комисијата за проверка на условите за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, поради сомнение дека со неизвршување на задолжителните контроли му овозможила на правно лице од Свети Николе да создаде вишок од 56 килограми канабис. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека НККР Свети Николе до Основното јавно ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова е и последниот ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (18 јули, сабота) со почеток во 13:00 часот ќе ја посети општина Дебарца. Во рамки на посетата, премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на локалниот пат од селото Мешеишта до селото Волино, како и во реконструкцијата на улица во селото Волино, на делницата кон манастирот „Св. Петка“. По увидот во градежните работи, предвидено е премиерот ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...