Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Српскиот претседател планира парламентарни избори до почетокот на декември Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по претстојните вонредни избори има намера повторно да ја преземе функцијата премиер на Србија. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Вучиќ изјави дека парламентарните избори најверојатно ќе се одржат до почетокот на декември и дека планира по нивното завршување да се врати на премиерската позиција. „Имам намера да го ...
Извршен увид во работите за регулација на коритото на реката „Сува Река“ Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Сарај, каде што изврши увид во активностите за регулација на коритото на реката „Сува Река“. При посетата порача дека Владата останува посветена на исполнување на преземените обврски и реализација на проектите што им се важни на граѓаните. „Оваа Влада останува да биде посветена на реализирање на ...
Ирска од денеска претседава со Советот на Европската Унија, а проширувањето останува високо на агендата на Даблин. Новото европско претседателство носи дополнителна политичка поддршка за Македонија. Ирскиот амбасадор во Македонија, Брендан Вард, најави дека неговата земја активно ќе го поддржува продолжувањето на македонскиот евроинтегративен процес. Фокусот ќе биде ставен на соработката со институциите на ЕУ и со македонските власти, со цел ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за неусвојувањето на Изборниот законик во законскиот рок, оценувајќи дека со тоа државата ќе остане без 4,2 милиони евра од европските средства. Во објава на Фејсбук, Стојаноски посочи дека денеска, 15 јули, е последниот рок за усвојување на Изборниот законик, но дека веќе е извесно оти законските измени нема да бидат донесени. -Денеска е 15-ти јули, ...
Ослободителната пресуда за Никола Груевски и одлуката да не се конфискуваат „Белата палата“ и другите партиски објекти отворија сериозни прашања за начинот на кој заврши предметот „Талир 2“. Обвинителката Ленче Ристоска, која повеќе од седум години работеше на случајот, тврди дека предметот ѝ бил одземен со цел да се заштити имотот на ВМРО-ДПМНЕ и да се избегне негово одземање. Ристоска ја оспорува одлуката на Кривичниот суд, донесена од ...
ФИФА планира финалето на Светското првенство да го претвори во голем телевизиски спектакл по примерот на американскиот „Супер Боул“. Поради богатиот музички настап, паузата меѓу двете полувремиња би можела да трае од 25 до 30 минути, иако фудбалските правила предвидуваат одмор од најмногу 15 минути. Според информациите објавени од британски „Тајмс“, дополнителното време ќе биде потребно за поставување и отстранување на сцената на теренот. ...
Малта и официјално го потврди статусот на една од најпосетуваните островски дестинации во Европа. Според анализата на туристичката платформа „Букритритс“, засновано на податоци од Европската комисија, оваа медитеранска држава бележи најголем број туристички посети во однос на бројот на жители, оставајќи зад себе и некои од најпознатите европски островски дестинации, како Канарските и грчките острови. Според анализата, на секој жител на Малта ...
Трикатна станбена зграда во Бенетусер, во близина на Валенсија, се урнала за само неколку секунди. Благодарение на навремената евакуација, во инцидентот немало загинати ниту повредени лица. На социјалните мрежи беа објавени драматични снимки од моментот кога целиот објект се урива и зад себе остава облак од прашина и урнатини. Жителите слушнале необични звуци Лицата што живееле во зградата претходно забележале пукнатини и слушнале необични ...
Ќе се проширува производството на дронови Украина и Европската Унија потпишаа договор за беспилотни летала, со кој ќе се овозможи заедничка реализација на проекти и проширување на производството преку поврзување на украинската експертиза со индустриските капацитети на земјите членки на ЕУ. Договорот денеска во Киев го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во обраќањето по повод Денот на државноста на Украина. ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода 22-годишната А.С.Д. и 34-годишната М.В., двете од Куманово, поради сомнение дека со злоупотреба на лични податоци земале брзи потрошувачки кредити во име на 19 лица и се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека против А.С.Д. е поднесена кривична пријава за кривичните дела „измама“ и „злоупотреба на лични ...
Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски добива ново судско продолжение. Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, и наложи против него повторно да се води постапка. Во исто време, потврдени се доживотните затворски казни за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Одлуката била донесена на 10 јули, по јавната седница одржана во мај, на ...
Македонија ќе стане дел од Вертикалниот гасен коридор, европска енергетска мрежа што треба да обезбеди повеќе правци и извори за снабдување со природен гас. Формалното пристапување е предвидено за септември во Солун, каде што треба да биде потпишана декларацијата за приклучување. Вклучувањето во проектот отвора можност земјата посилно да се поврзе со европскиот гасен систем и да ја намали зависноста од ограничен број снабдувачки правци. Во ...
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и за ...
Нема да банкротираме, опозицијата ќе гледа како се реализираат капитални проекти, кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на Општина Сарај. Тој вели дека владата има за цел да го подобри животот на граѓаните и не може да се занимава со „растурање пердуви“. Додава дека цената на струјaта за граѓаните не само што не е поскапена, туку власта се обидува да најде формула како од јануари да поевтини. Во однос на цените на горивата, ...
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година. Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица. Увид во почетокот на активностите денеска извршија заменик-директорот на ЈП „Македонија Пат“, ...
Лицето кое минатиот петок побегна од полициските службеници во Кочани е пронајдено и уапсено во Скопје. По повеќедневната интензивна потрага, бегалецот синоќа повторно бил лишен од слобода, но од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека случајот сè уште не е целосно затворен. Лазаров пронајден и приведен во Скопје Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, по апсењето информираше дека лицето било детектирано, ...
Работно ангажирани осудени лица во следните седум дена ќе учествуваат во чистењето на магистралните и регионалните патни правци низ Македонија. Координираната акција ќе трае до 22 јули 2026 година и се реализира врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу надлежните државни институции, со цел подобрување на хигиената долж патиштата низ државата. Извршен увид во активностите на терен Заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“, ...
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевчо Јакимовски, доброволно заминал на издржување на затворската казна во траење од шест и пол месеци, соопштија од партијата. Од ГРОМ изразија длабоко разочарување од одлуката на Кривичниот суд, посочувајќи дека Јакимовски бил осуден поради поставување две времени градби, односно бараки, во кои Општината функционирала 13 години. ГРОМ: Општината заштедила милион и пол евра Од ...
Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по спроведена истрага, поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Иако во соопштението од Обвинителството не се споменува името на функционерот, познато е дека станува збор за Пеце Мирчевски, кој на оваа позиција беше во времето на претходната влада. Мирчевски се товари за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба ...
Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело. На 21.03.2024 година, ...
Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21,8 денар, а „смедеревка“ за 20 – новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска, ги соопшти откупните цени за грозјето во кавадаречкото село Сопот. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува производната цена на винското грозје за двете најзастапени сорти во согласност со Законот за виното и методологија за пресметка на трошоците за ...
Владата има цврст и стабилен мандат за реализација на ветените проекти до пролетта 2028 година, и тоа останува примарен фокус на владината коалиција. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат целосно исполнување на предизборните ветувања пред воопшто да се размислува за нови изборни соочувања. И покрај фокусот на редовниот термин, шефот на Владата испрати децидна порака до политичките ...
Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави ...
Четири дена по бегството на осомничениот наркодилер, Александар Лазаров – Цуната преку прозорецот на полициската станица во Кочани, тој синоќа е уапсен во Скопје. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата. Претходно, по 41-но годишникот беше распишана централна и меѓународна потерница, откако тој успеа да побегне од полициската станица, каде бил на распит за неовластено производство, преработка и продажба на дрога. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија за граѓаните не е зголемена и дека Владата работи на изнаоѓање формула со која струјата би поевтинила од јануари. Изјавата ја даде одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека земјата ја очекува тешка есен на енергетски план и можно зголемување на цената на струјата. Мицкоски ги отфрли предупредувањата од опозицијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. -Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека судската одлука за предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ ја донела долгоочекуваната правда за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, случаите биле измислени во период кога врз партијата се вршел агресивен политички прогон од страна на претходната власт. „Пресудата е во согласност со правдата“ Мицкоски оцени дека судската одлука во делот што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ е соодветна и во согласност со правдата, како и со ...
Бугарскиот премиер Румен Радев ја одбил поканата на францускиот претседател Емануел Макрон за учество на состанокот на Коалицијата на волните во Париз. Радев потврдил дека лично добил покана од Макрон, но оценил дека Бугарија не треба да биде дел од коалиција што се залага за продолжување на финансиската и воената помош за Украина. Радев: Бугарија не припаѓа во оваа коалиција Бугарскиот премиер ја соопштил својата одлука во изјава за ...
Тешко е да се опише чувството, но ова е чиста радост. Имаме уште еден чекор и ќе се обидеме да го изодиме“, изјави шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте по синоќешниот триумф над Франција од 2-0 и пласманот на Шпанија во финалето на Светското првенство. Шпанските фудбалери во целост ја надиграа Франција во полуфиналето во Далас, триумфирајќи го головите на Микел Ојарзабал во 22 минута од пенал и Педро Поро во 58 минута. „Да се биде во ...
Авион на „Бритиш ервејс“ со техничка грешка ја блокираше пистата на лондонскиот аеродром Гетвик, предизвикувајќи проблеми во раните утрински часови. Инцидентот доведе до прогласување вонредна состојба од страна на девет авиони и пренасочување на вкупно 14 летови кон други аеродроми, објавува „Мирор“. Проблемот се појави откако слета летот BA2673 на „Бритиш ервејс“ и, поради она што компанијата го потврди како „техничка грешка“, остана на ...