„Археолозите при ископување во древниот египетски град Оксиринх открија фрагменти од копија на хомеровата епска поема „Илијада“ испишани на папирус. Копијата била пронајдена во внатрешноста на мумија од римскиот период. Според експертите, ова засега е прв случај старогрчки книжевен текст да биде дел од процесот на мумификација. Истражувачкиот тим од Универзитетот во Барселона наведува дека папирусот бил лоциран во пределот на абдоменот на ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики што доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос. Општата препорака донесена од КСЗД, како што ...

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн-трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели) – соопшти Асоцијацијата за е-трговија, која ги анализира објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Пржинската влада мора да остане во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од Работната група за Изборниот законик, изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче. Филипче, на прес-конференција во Собранието, нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на аклтуелната власт, Пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. – Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што ...

Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците. Платформите ќе бидат ...

Петар Арсовски Деновиве многу се зборува за тоа какво влијание ќе има изборот на нова, стабилна, влада во Бугарија врз нашиот спор, односно закочените ЕУ перспективи на Македонија. Дотаму, што изгледа дека тоа е неизбежна тема. Мислам дека вистинските евентуални позиции допрва ќе се откриваат во Софија, особено од Радев, Конзистентнита ставови на Радев По изборите, Румен Радев и неговиот политички блок освоија победа која ги надминува и ...

Прес-конференцијата на портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, се одржа во рамки на која партијата изнесе обвинувања поврзани со концесијата за рудник за антимон во Крива Паланка, се наведува во соопштението. СДСМ тврди дека зад компаниите кои се носители на концесијата за рудникот стојат донатори на ВМРО-ОКГ, оценувајќи дека станува збор за „бизнис интереси“ поврзани со владејачката структура, стои во ...

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската ...

Eден тендер за одржување на фонтани во Скопје е 500.000 евра, а буџетот за жртви од насилство ни се мизерни 20.000 евра, реагира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. – На седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, се осврна на годишниот извештај за работата на Комисијата за паричен надоместок за жртви од кривично дело со насилство за 2024 година, кој ...

Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...

Бројот комерцијални веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца се удвоил минатата година, соопшти Организацијата за мониторинг на интернетот „Internet Watch Foundation“ (IWF). Во денеска објавениот годишен извештај Организацијата наведува дека во 2025 година идентификувала 15.031 таква страница, споредено со 7.028 годината претходно. Организацијата исто така идентификувала и дигитално означила 317.101 такви ...

Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со чии законски измени почнува постапката за укинување на техничката влада, денеска е пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, во образложението вчера пред пратениците истакна дека преодната, односно техничката влада за ...

Проектот за отворање на новиот граничен премин „Струмјани – Берово“, познат како „Клепало“, влегува во сериозна фаза на реализација. Како што пренесува БНР, во Министерството за животна средина и водни ресурси на Бугарија се потпишани потребните еколошки процедури, со што се отвора патот за почеток на изградбата на инфраструктурата. Градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев, истакна дека изработката на извештаите за влијанието врз ...

Македонската книжевна наука доби ново дело што може и треба да се чита како мала историја и вовед во теоријата и поетиката на книжевноста за деца. Книгоиздавателството „Панили” ја објави книгата „Од ‘Црвенкапа’ до ‘Џинџуџе'” од истакнатата универзитетска професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Ставајќи акцент на поетика на книжевноста за деца, но и на културата за деца како една специфична супкултура, книгата се развива ...

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, со итна примена. Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок. СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на Законот за ...

Два воза се судрија во Данска во четврток наутро, при што беа повредени неколку лица, изјавија локалните служби за итни случаи за Ројтерс. Помеѓу пет и десет лица се повредени, соопштија службите за итни случаи. Медиумите објавија дека 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Инцидентот се случил во близина на Хилерод, северно од Копенхаген. „Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната ...

Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини кои, според американските проценки, ги поставила иранската војска, би можело да трае и до шест месеци, а таквата операција веројатно нема да биде спроведена додека не заврши војната меѓу САД и Иран, беше соопштено во извештај на Пентагон упатен до Конгресот. Проценката за време на затвореното излагање пред членовите на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом ја изнел висок функционер на ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само за финализирање на договорите за решавање на конфликтот. Путин е подготвен за средба со Зеленски, но разговорите треба да бидат продуктивни и да се одржат во фаза на „финализирање на договореното“, појасни Песков. „Клучно е која е целта на средбата. За што е средбата? Путин кажа дека е ...

Партијата на пензионери, во потполност го поддржува влегувањето во собраниска процедура на Предлог Законот со кој би се забранило да пратениците во македонското Собрание поседуваат двојно државјанство, што е едно од нашите залагања како партија одсекогаш. -Исто така бараме и ја подржуваме идејата да ова правило се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја. Со донесување на еден оваков Закон, би се ...

Скопското обвинителство потврди дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини. “Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба”, велат од Обвинителството. Тие ...

Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, со 24 часовно полициско обезбедување. Од Обвинителството за „Фокус“ велат дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а Кривичниот суд го прифати барањето. Груби по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо да биде ставен во притвор во „Шутка“, тој издејствува куќен притвор поради безбедносни закани. Груби е ...

Од ЈСП Скопје информираат дека автобусите во јавниот превоз сообраќаат по зимски возен ред, како што е наведено во соопштение. Поради изведување градежни работи на пат, од претпријатието посочуваат дека автобусите на линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, како што е наведено во соопштение. Од ЈСП Скопје информираат дека автобусите во јавниот превоз сообраќаат по зимски возен ред, како што ...

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство, карактеристичен за демократиите. – Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен Мекенти ...

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд се очекува денеска да потпише тригодишен договор вреден 662 милиони фунти (893 милиони долари) со Франција, со кој би можело да се создаде одред од 50 полицајци, обучени за „тактики за контрола на немири и толпи“, ангажирани за справување со насилството и „непријателските толпи“ на самиот брег, меѓу серијата мерки за запирање на мигрантите да се качуваат на чамци. Британското ...

Телото на либанската новинарка Амал Халил е извлечено вчера по израелски напад во јужниот дел на Либан, соопшти претставник на либанската војска. Либанската цивилна одбрана соопшти дека спасувачите го извлекле телото на новинарката Амал Халил, која беше убиена во воздушен напад врз куќа во градот Ал-Тири, пренесува Ал Џезира. Новинарката Амал Халил, вработена во весникот „Ал Акбар“, се засолнила со својата колешка во куќа по првиот напад, но ...

Со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ од денеска до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува 38. Саем на книга, чие отворање годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право. Во текот на седумте саемски денови организатприте од Скопски саем очекуваат 30 000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови и автори, како и присуство од над 60 издавачки куќи. Најавена е богата програма со специјални ...

Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират државите од кои зависи нивната иднина. Чилеанката Мишел Башеле, аргентинецот Рафаел Гроси, костариканката Ребека Гринспан и сенегалецот Маки Сал, кои се надеваат дека ќе го наследат Антонио Гутереш на 1 јануари 2027 година, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. ...

Вечерва, во рамки на одбележувањето на 35-годишниот јубилеј на СДСМ, преку документарниот филм „Заробена вистина“, подготвен од авторите Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, оддадовме почит и се потсетивме на ликот и делото на Крсте Црвенковски – човек кој е дел од темелите врз кои е изградена современата македонска држава. Крсте Црвенковски не е само историска личност, тој е народен херој, учесник во Востанието од 11 Октомври 1941 ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
32%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
8.23
36%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.6
26%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
7.2
29%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
10.21
36%
1014
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
35%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
5.66
41%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
23%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
57%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
46%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
62%
1016
Currency

61.6238

Currency

52.8489

Currency

71.0821

Currency

38.0195

Currency

38.2866

Currency

67.6082

Currency

7.81055

Currency

0.74281

Currency

0.33171

Currency

0.52504

Currency

1.15256

Currency

0.55635

Кобалт

45.39

Сребро

2430.92

Калај

55.15

Платина

61793.73

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.67

Злато

145477.09

Паладиум

43853.62

Родиум

282926.57

Бакар

12.85