
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со реми против домаќинот на квалификацискиот турнир Шкотска го почна денеска настапот во Б Лигата на УЕФА. Головите за Македонија ги постигнаа Маркоски (40) и Жаку (83), додека Бојд (52) и Хогарт (80) беа стрелци во шкотскиот тим. Во вториот натпревар во рамки на квалификациската група Б 1, Романија го совлада Лихтенштајн со 10-0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски во второто коло ...
Наполи има намера да ангажира осум нови фудбалери во текот на летниот преоден рок, објави денеска новинарот Никола Шира на социјалните мрежи. Според италијанскиот новинар, клубот од Неапол планира да се засили со нов голман, бек, двајца централни дефанзивци, играч од средниот ред, еден или двајца крилни играчи на местото на Хвича Кварацхелија, кој се пресели во ПСЖ, како и напаѓач на местото на Ромелу Лукаку. Наполи е второпласиран на табелата ...
Луис Томас Буфон, најстариот син на поранешниот голман на Јувентус и Италија, Џанлуиџи Буфон, изјави дека донел одлука на репрезентативен план да настапува за Чешка, родната земја на неговата мајка, манекенката Алена Середова. Седумнаесетгодишниот крилен напаѓач е роден во Торино, а на 9 март дебитираше во Серија Б во тимот на Пиза. Луис Буфон во средата пристигна во Прага на тренинг камп со репрезентацијата на Чешка до 18 години, која се ...
Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа,. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им ...
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во заминување, Томас Бах, со акламација беше избран за доживотен почесен претседател, на денешното заседание во грчкиот град Пилос. Бах (71), германски адвокат и поранешен олимписки првак во мечување, застана на чело на МОК во 2013 година, а официјално ќе ја напушти должноста на 23 јуни. Неговиот наследник ќе биде избран в четврток. За претседателското место во МОК има седуммина кандидати. ...
Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН. Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската дипломатка Розмари ди Карло. Порталот наведува дека делегацијата на БиХ во ОН, предводена од ...
Рускиот претседател Владимир Путин сака американскиот претседател Доналд Трамп формално да признае четири украински региони кои Москва ги анектираше од почетокот на инвазијата на Украина, како и Крим, пишува рускиот весник „Комерсант“. Повикувајќи се на неименувани извори кои присуствувале на приватен деловен настан со Путин вчера, „Комерсант“ објави дека Путин сака САД официјално да признаат четири региони, Луганск, Доњецк, Запорожје и ...
Македонските психолози имаат искуство во давањето помош и психолошка поддршка на лицата кои настрадале во различни несреќи, со оглед што досега имаше неколку поголеми трагедии како поплавата во Стајковци, големите пожари во источниот дел од државата, помагањето на настраданите во земјотресот во Турција и слично, истакнува претседателката на Комората на психолози на Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска во интервјуто за МИА. Сепак, ...
ДУИ го реафирмира својот принципиелен став за целосна, независна и непристрасна правда. Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени. За жал, гледаме како Власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на ...
Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град, јави МИА. Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни. Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Во моментов ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека за трагедијата во Кочани ќе одговара секој што го прекршил законот, независно дали е ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Македонец, Албанец, муслиман или христијанин. Така ќе биде, најави Мицкоски, и за останатите случаи, ќе бидат отворени „модуларната болница“ и „Ласкарци“, ќе се оди до крај „или ќе победи мафијата која трае со децении, или ќе победат народот и државата“. Во вечерашното гостување на ТВ ...
– Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит го прочита американското соопштение за денешниот телефонски разговор помеѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Во соопштението се наведува дека Зеленски посебно се заблагодарил на САД за ракетите „Џавелин“ (Javelin), првпат обезбедени од Трамп. – Лидерите исто така разговараа за ситуацијата во Курск и се договорија за размена на информации, се наведува во ...
Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти дека најмалку 436 луѓе се убиени во обновените израелските напади, што почнаа во понеделникот вечерта. Цивилната заштита транспортираше тела на најмалку 436 убиени лица откако окупаторот ја обнови агресијата и војната, изјави портпаролот на Службата, Махмуд Басал. Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа во понеделникот вечерта, прекршувајќи го прекинот на огнот што почна на 19 ...
– Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц. – САД би можеле да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со своето искуство во електроенергијата и ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршил контрола во 60 до 70 локали, дури и во оние со важечки лиценци, но повеќето од половината не ги исполнувале минимално-техничките услови за работа. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Сител. Тој рече дека повеќе од 80 отсто од тие локали ќе бидат затворени и дека се очекува инспекциските контроли да завршат за една до две недели по што точно ќе се знае кои локали се ...
Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од медицински центри во странство. Напоменуваме дека сите пациенти се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 ...
Во овие тешки денови, кога целата земја тагува поради трагедијата што ја погоди Кочани, упатуваме апел за разбирање и поддршка кон учениците кои минуваат низ тежок емоционален период, велат од Сојузот на средношколци. Од таму посочуваат дека многу млади чувствуваат потреба да ја изразат својата солидарност преку учество во собири и иницијативи за поддршка. „Во овој контекст, ги повикуваме образовните институции да покажат емпатија и разбирање ...
Како Кочани, некогашниот индустриски и културен мастодонт на Истокот, се претвори во подрачје на шверц, рекет, теретани, фирми за обезбедувања, барови и дискотеки на диво. Kочани некогаш беше познат како запад на истокот. Да ја објаснам оваа збунувачка метафора. Ако семејствата од периферниот Исток сакаа да отидат на шопинг со познати брендови, да ги прошетаат своите деца и да ги подучат како треба да се движат и однесуваат во голем град, одеа ...
Администрацијата на Доналд Трамп размислува да се откаже од командата на силите на НАТО во Европа, која речиси 75 години е исклучиво американска, објави „Ен-Би-Си нуз“ повикувајќи сè на неименувани извори. Во изминатите седум и пол децении Вашингтон имаше ексклузивно право да назначува генерал со четири ѕвездички на функцијата Врховен командант на здружените вооружени сили на Алијансата. Според телевизијата, откажувањето на САД од командата со ...
Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани, изјави вечерва портпаролката на Владата Марија Митева. Таа ...
Воените и цивилните медицински институции во Србија во моментов се грижат за 30 пациенти кои биле сериозно повредени во пожар во Кочани, Македонија, објави денес Министерството за одбрана на Србија. Анестезиологот од Воено-медицинската академија (ВМА), Горан Рондовиќ, изјавил дека има 12 пациенти во системот за воен третман на Воено-медицинската академија и во Воената болница во Ниш и дека нивната здравствена состојба е сериозна. “Сите пациенти ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека се проверени повеќе од 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци, но повеќето од половината не ги исполнувале минималните технички услови. Оваа информација, како што истакна, ја добил од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски напомена дека разговарал со претседателот на ЗЕЛС и од него побарал итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите објекти што се под ...
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј ...
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица о во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои: „Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во ...
Реализиран случај на примање поткуп. На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во ...
Владата попладнево објави протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од страотниот пожар во кочанската дискотека, што се случи на 16 март. Од Владата велат дека протоколот е направен во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „За претставниците на медиумите кои ќе ...
Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објкави американскиот претседател на неговата социјална мрежа Вистина, пренесе Би-Би-Си. Во објавата на „Вистина“, Трамп го опиша повикот како „многу добар“ и дека траел околу еден час. „Голем дел од дискусијата се темелеше на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби“, напиша ...
– Асоцијација „Салвиа“ што е единствената организација во Грција за изгореници и лица со изгореници, нуди помош и поддршка за повредените со изгореници во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во грчките болници, јави дописничката на МИА од Атина. Преку социјалните мрежи информираа дека веднаш штом дознале дека дел од повредените со изгореници ќе бидат транспортирани во Грција, стапиле во контакт со Министерството за здравство, како и со ...
Професор во штипската гимназија „Славчо Стоименски“ им ги искинал хамерите со транспатенти на децата кои оддадоа почит на жртвите во Кочани, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Професорот на Фејсбук ги негира овие обвинувања, меѓутоа граѓаните во коментари на неговата објава се гневни за неговата потапка. Во продолжение коментарите на објавата. Граѓани, пред се млади луѓе низ речиси цела Македонија вчера оддадоа почит за трагично ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Пинк изјавил дека нема да биде шеф на државата ако се утврди дека безбедносните сили користеле звучни топови на протестот одржан на 15 март “Тука да ви кажам сега – ако нашите сили користеа звук топ, Вител, како и да се вика… Јас повеќе не сум претседател. Вие мизерни лажливци, засрамете се”, рече тој. Потпретседателот на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепић, објави ...